26.09.2011, 15:59 Почувствуван земјотрес во Скопје
Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала - 1998, попладенво во 15:04 часот беше почуствуван во Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во скопското епицентрално подрачје.
Земјотрес со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала - 1998, беше почувствуван и во саботата во Велешко и во Скопско. Епицентарот беше 50 километри југоисточно од Скопје.
|