26.09.2011, 20:55 Рускиот вицепремиер Кудрин поднесе оставка
Рускиот вицепремиер и министер за финансии Алексеј Кудрин денеска поднесе оставка.
Оставката на Кудрин уследи откако рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска побара тој да ја напушти функцијата по неговата вчерашна изјава нема да прифати да биде дел од идната Влада на Русија, поради, како што рече, ненадминливи разлики со шефот на државата, кој се очекува да биде иден премиер по смената на сегашните раководни местата со Владимир Путин.
- Медведев потпиша указ со кој ја прифати оставката на Курдин“, изјави Наталија Тимакова, прес-секретар на претседателот на државата.
Руски медиуми јавуваат дека во согласност со практиката во државата сите назначувања и оставки во владата се по предлог на премиерот. Запрашана за таквата одлука, Тимакова одговори дека Медведев причините ги посочил во соопштението дадено денеска.
- Такви изјави се неумесни и на никој начин не можат да бидат оправдани... Ако вие, Алексеј Леонидович не се согласувате со курсот на претседателот има само еден пат на дејствување и вие го знаете - да поднесете оставка. Тоа ви предлагам“, истакна Медведев.
Кудрин ј е руски министер за финансии од мај 2000 година, меѓу останатото стана познат и по спроведената строга даночна политика во Русија и создавањето „црн фонд“ од вишкот од приходите од продажбата на нафта.
|