26.09.2011, 13:25 Аџиев останува прв лустратор
Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 10-тата седница не ја изгласа Предлог одлуката Агим Мехмети да биде избран за нов претседател, а Томе Аџиев за заменик-претседател на Комисијата за верификација на фактите.
Предлог одлуката не го доби потребното двотретинско мнозинство. За гласаа 61 пратеник, 25 беа против, а еден воздржан.
Мехмети за прв човек на Комисијата за лустрација беше предложен од ДПА. Со неговото неизбирање, функцијата претседател на Комисијата и натаму ќе ја врши Томе Аџиев.
|