24.09.2011, 14:41 Груевски: Се зголемува поддршката за „Скопје 2014"
Од нашиот известувач од Њујорк Соња Крамарска
Премиерот Никола Груевски дури и во Њујорк доби прашање за проектот "Скопје 2014".
Прашањето дојде од еден од гостите - потенцијали инвеститори, кои македонската Влада ги покани на собирот наречен "Македонија - најконкурентната европска бизнис дестинација". Што се случува со проектот "Скопје 2014", праша гостинот. Одговорот на премиерот гласеше дека е тоа еден од најдискутирните проекти во последните неколку месеци. "Многу луѓе беа против овој проект но како што неговата реализација привршува поддршката се зголемува. Овој проект ќе и помогне на земјата да не троши во иднина пари за изградба на институции. Парите за изградбата на проектот ги дадовме на приватни компании во Македонија. Дури и сега кога проектот е на средина на целосното завршување, веќе е зголемен бројот на туристи што доаѓаат во Македонија. Проектот почна пред настапувањето на глобалната криза гога голем дел од градежната оператива ги загуби договорите но преживеа благодарение на ангажманот во овој проект. Скопје 2014 е корисен и позитивен проект", одговори Груевски.
Груевски доби и прашање за спорот околу името односно влезот на Македоника во НАТО и ЕУ, на што одговори дека Македонија во 2008 според наодите на речиси сите членки на НАТО ги исполнила сите услови за членство во Алијансата, но дека не влегла заради противењето на Грција. За ЕУ пак кажа дека во 2009 година сме добиле препорака од Европската комисија за добивање датум за почеток на преговори но дека заради истата причина процесот застанал.
Деведесетина американски бизнисмени се собраа во престижниот Харвард клуб во Њујорк на презентацијата на Владата за бизниз можностите во Македонија. Премиерот Груевски им рече дека Македнија е атрактивна бизнис дестинација сега откако е достигната долгопосакуваната макроекономска стабилност. Тој рече и дека целосно е ревидирана законската регулатива за постигнување на т.н. бизнис френдли услови. Ги наброја и странските компании кои, како што рече, работат успешнп во Македонија и рече дек оваа и следната година ќе има 11 индустриски зони во Македонија.
На собирот, на кој презентации одржаа и вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот за странски инвестиции Виктор Мизо, беше кажано и дека Македонија е една од петте држави во Европа во поглед на лесната процедура за плаќање на данок и дека нуди најдобар фискален пакет во Европа.
|
|
Статијата е прочитана 1940 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 24.09.2011 14:56:27 | Македонија - најконкурентната европска бизнис дестинација !!! Zatoa li Makedonija e evropska zemja kadesto najmnogu se investira? |
| todor kumanovec, 24.09.2011 16:46:04 | BRAVO cela makedonija e svesna i radosna za proektot 2014 normalno deka ima poedinci ami toa se mnogu malku.Koga ke srdi 2014 treba da ima i poekt cela makedonija 2020 site spomenici i novi spomenici i zgradi da se obnovat niz cela MK |
| koki, 24.09.2011 16:51:56 | DAL DA PLACAM IL SE SMEAM......od Bis Bes vo sedumdesettite.....aktuelno i denes........ |
| Od fakelaki, 24.09.2011 18:50:35 | Bravo grujo koj raboti i ima.............. |
| Adem, 24.09.2011 20:38:10 | KOj ne vlegol tamu neznae nisto. Koj vlegol svo bilo kakov biznis sto pobrzo saka da izbega. |
| Danilo, 25.09.2011 09:32:31 | Што тропа овој ,како тоа се зголемува подршката? Или мисли на оние што го делат ПРОФИТОТ, уште како проект беше кич, а како што привршува заличува на уште поголем КИЧ !!! Како забавен парк за деца, а не центар на главен град на една држава!!!
|
|
|
|
|
|
Испробајте го електронското издание
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 13°C
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|