26.09.2011, 10:03 Момче од Делчево го прегази воз во Минхен
Михаил Митевски (23 години) од Делчево го загуби животот во несреќен случај на метро станицата „Вест парк“ во Минхен.
Според информациите добиени преку Интерпол, момчето паднало од платформа директно на пругата, каде останало да лежи. Според снимките од безбедносните камери, момчето се обидело да стане и да се фати за платформата, но не успеало, ниту пак имало кој да му помогне. Во меѓувреме наишол воз, машиновозчаот го забележал момчето, но било предоцна за да запре.
Во моментот кога се случила несреќата бил сам. Веднаш бил пренесен во клиничкиот центар „Грошадем“ во Минхен. Лекарите се обиделе да му го спасат животот, но не успеале поради тешките повреди со кои се здобил.
Според информациите од штипската полиција, македонското МВР добило известување од Интерпол дека несреќата се случила во сабота, 24 септември во 23:55 часот.
Камерите на железничката станица го снимиле несреќниот случај. Откако била прегледана видео снимката, било утврдено дека момчето паднало од платформата број 2.
„Нашето претставништво во Минхен е известено за несреќата и веќе е во тек процедурата за префрлање на телото во земјава. Се очекува денеска да биде извршена обдукција, по што чќе биде издадена спроовдница, за да се врати телото на Михаил во Македонија“, велат од кан��еларијата за информирање на МНР.
Телото на 23-годишниот студент се наоѓа во клиниката во Минхен, каде треба да биде извршена обдукција. Студентот бил идентификуван врз основа на личната карта и пасошот кои ги поседувал.
Според сознанијата на МНР, престојот на Михауил Митевски не бил пријавен во Германија. (Д.Т.)
|