25.09.2011, 14:38 Мислења
Новинари - клонови на Груевски
Ивор Мицковски
Не се газат само луѓето, туку се перат нивните мозоци, се гази нивниот дух, нивните идеи и разбирања, вредности и принципи, без кои една вистинска демократија е невозможна
Историчарите нека забележат, деновиве добивме и дефинитивна потврда за мизерната состојба во која се наоѓа Македонија! Скандалот што смислено го приредија режимските новина��и во Брисел ни кажува нешто повеќе од тоа дека Македонија одамна веќе не е демократска земја или дека е во отворена војна со европските вредности. Тоа ни кажува зошто Македонија не може да биде демократска земја.
Овој скандал ни отсликува до кој степен режимот изградил паралелни институции, параструктури, еден систем на врски меѓу партиско-политичките интереси (кои лажно се идентификуваат со националните) и се' останато во општеството. Застрашувачки е до кој степен е разработена политичко-медиумската машина на Груевски, којашто треба да извојува конечна победа и да ги уништи сите неистомисленици, од опозицијата, онаа политичката и онаа социјалната, преку малкуте независни новинари и интелектуалци, до секоја индивидуа која критички размислува. И тоа што е најстрашно е што при тоа уништување не се газат само луѓето, туку се перат нивните мозоци, се гази нивниот дух, нивните идеи и разбирања, вредности и принципи, без кои е невозможна една вистинска демократија.
Испадот на новинарите на режимот само по себе е неверојатно штетен за угледот и за интересите на Македонија, но тоа што е пострашно е што на него не треба да гледаме како на нешто изолирано, како реакција на неколку будалетинки. Овој смислен инцидент на неколку недели пред европскиот извештај има повеќе цели. Некои се краткорочни како, на пример, дека власта знае за критиките што ќе ги добие на полето на слободата на медиуми и демократски процеси, па со ваквиот инцидент се обиде да превенира, да дефокусира, да најде други виновници за лошиот извештај. Потоа, тука е и целта што е еден вид константа, а тоа е да се создаваат поделби на секое можно ниво, особено на полето патриоти - предавници, нешто што беше премногу провидно.
Мислам, која будала паѓа на оваа финта, отидовме да ја спасуваме демократијата во Македонија, со тоа што ќе ја рушиме демократијата во Брисел, пред очите на истите што не' оценуваат. Е тука доаѓа и следниот долгорочен спин, а тоа е зошто се направи скандалот. Демек, кои се пак тие да не' оценуваат нас? Груевски и компанија до тој степен се контрадикторни, што колку повеќе пати декларативно ги споменуваат нашите евроатлантски аспирации и вредности толку повеќе на дело го билдаат евроскептицизмот, па дури и еден вид ксенофобија кон Европа и кон европските вредности.
Во основа, власта и нејзините мегафони се смешни. Не знам дали се свесни дека се прочитани или само се надеваат дека ваквото однесување Европа и светот ќе го толерираат бескрајно? Груевски, како и неговиот политички брат близнак, Виктор Орбан, сакаат да глумат Европејци, да леат крокодилски солзи за правдата и за демократијата кога станува збор за популистички национални интереси како, на пример, Груевски за Македонците во Грција, Орбан за Унгарците во Словачка и во Романија. А, кога станува збор за вистинско аплицирање на европските вредности, кога добиваат некој добронамерен совет, тие веднаш ја облекуваат кожата на национал–патриоти кои со мака ја одбраниле државата од превртливата Европа.
Така, овој инцидент е само одржување на таа антидемократска иницијатива која се' повеќе и повеќе еволуира во Македонија. Се' се сведува на еден заклучок: Груевски и неговите структури отворено работат на поткопување на европската идеја за демократија и за слобода. Токму и затоа демократијата е невозможна во Македонија, а ваква Македонија е некомпатибилна со Европа. За ваква Македонија се недостојни, всушност, се непријатели сите за кои структурата ќе одлучи дека се предавници и антимакедонци, болшевици или црвени комесари.
Како да ја наречеме оваа структура на Груевски, бидејќи не е доволно моќно да се вика – структурата „Груевски“. Можеме да го цитираме Џозеф Конрад и да ја наречеме структурата „Делта“, или „Алфа и Омега“, како во старите трилери. Ете, кога веќе добивме на драматичност, да соопштиме што прави оваа структура. Таа претпоставува блиски односи меѓу политичари и новинари, во исто време, на исти места, со иста цел – да се влијае врз мислењето на народот, да се прават притисоци или да се оцрнуваат избрани индивидуи или организации, да се дерогираат државата, институциите и здравиот разум, преку егзалтирање на стравот, говорот на омраза, злоупотребата на моќта, поделбите и невиденото перење мозоци.
Во исто време, оваа структура е задолжена вниманието постојано да го пренасочува онаму кадешто сака, да создава конфузија, да биде чувар, да има монопол над сите малверзациски акти, а во исто време да ги загадува и да ги заташкува сите неоспорни факти. Ова�� структура нормално би можела да постои без тоталитарните аспирации на Груевски и неговата генијална интуиција дека ако сакаш да правиш режим, треба да контролираш се', особено на полето на информации. Прво, тој систем или таа машина се искористи на мек начин, ако така можеме да се изразиме. Целта и' беше да создава консензус, да продава евтини приказни за реформи и за напредок. Тогаш се' уште постоеше селекција. Кога власта ги уредуваше весниците и телевизиите внимаваше што е штетно и е некомотно за неа, а што треба да се нагласи за пропагандистички цели. Но, брзо сфатија дека тоа не е доволно, дека овде не треба машина за консензус, туку е потребна машина за оцрнување на се' што е поинакво или критичко.
Денес, таа структура е заокружена, од менаџери, пари за реклами, новинари, бизнисмени, сопственици на телевизии, уредници, денес нема што повеќе да се избира, се' е избрано и подмачкано и функционира и без власта прва да се избламира, односно, да не' избламира. Најдобар пример за функционалноста на таа структура е таа способност на режимските новинари, да не се ограничат само на манипулирање или искривување на информацијата, туку да учествуваат во создавање на истата. Да се потсетиме, Груевски едно време мораше да пишува писма за конечна пресметка со опозицијата, Ѓорчев мораше да се бламира и да ги напаѓа европските претставници и институции пред Европскиот парламент. Погледнете денес, новинарите ги прават тие нешта на нивно место, ги користат истите тези, едноставно, новинарите станаа клонови на политичарите.
Дека новинарите станаа замена за политичарите е видливо и од соопштенијата на ЗНМ. Ова здружение стана пример за едно ниско и срамно политичко балансирање, кое ни најочајниот политичар не би си го дозволил. Мешаат баби и жаби, не прават разлика меѓу причина и последица, глумат наивни, кога, всушност, се злонамерни. Ќе им стане ли еднаш јасно дека тие самите ги делат новинарите, додека суштината е слободата на зборот и на изразување, правото на критичка мисла, потребата од дебата, потрагата по дијалог?
Тоа е целта на лудачката кошула што сака да ни ја облече власта. Што преку структури, што преку перење мозоци, сите да станеме дел од истото лудило, да го изгубиме чувството за мерка и здравиот разум. За на крај, сите да станеме замена за нивната политика, да нема ни потреба од нивно работење на тоа поле, бидејќи ние за нив ќе сработиме.
Почитувани вмровци, или тоа што остана од вас, освестете се и вие! Ова ВМРО повеќе не е партија, ова е само едно криминално здружение, еден аномален тинк – тенк кој единствено се грижи да ја опустошува земјата додека секојдневно елаборира политички офанзиви и спроведува медиумски напади. Вашата сакана партија е само филтер за наводната волја на избезумениот народ, обична идеолошка маска, практична потструктура за награди и за казни кои ги одлучува потесната структура. ВМРО-ДПМНЕ е само сурогат на структурата „Делта“, потчинета маса на една тесна „Алфа и Омега“ која има само една цел, да ја потчини секоја вистина, да ја уништи секоја одговорност, да го згази сечие достоинство.
(Авторот е аналитичар)
|
|
Статијата е прочитана 5052 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 26.09.2011 00:12:28 | Vo ovaa cirkuska predstava koja ja igraat grupa cirkuzanti,nie site stanavme klovnovi. Za zal nema publika. Ne sme interesni, nikoj ne saka ni za bezpari da ne gleda. Ednostavno,nikoj nesaka vremeto da si go gubi so nas. |
| Turcin, 26.09.2011 00:48:41 | Sikoja cest za tekstot.... Ima li ovde nesto poveke da se dodade!?! |
| USA, 26.09.2011 01:22:39 | Znaci Gruevski e diktator i kriminalec, a Sacimarkakis e......srcka!!!!!
Logika?? |
| Atanas Kostovski, 26.09.2011 01:55:29 | Драги гледачи, игра повторно влегува Нострадамус со број Б.Б.Б. што фрапантно точно и хируршки прецизно ги предвиде резултатите на изборите. Убав дриблинг, напредува по левата страна, шут и...
Автогол право во Фабриката! |
| КОЛЕ, 26.09.2011 03:18:12 | Новинари - клонови на Груевски
Не сум новинар...
Но, горниот наслов треба да навреди некого?
Инаку, чиј клон сте вие?
И, кој вам ви даде овластување на некого да му “забраните“ да биде било чиј “клон“? Во демократијата е дозволено да бидете и мудар/паметен но и глупав, без ограничување! Тоа е проблемот на демократијата (за некои предност) кој вие некако се уште не го капирате!
Секое добро! |
| ak47, 26.09.2011 03:45:38 | Batka, shtipni se da se razbudish, oti ova shto go pishuvash ama apla nema nikakva vrska so realnosta.
Ushte podobro, poshto sudejkji spored tvoite tekstovi imash prilichno tvrd son, podobro nekoj da te mavne so stap po glava. Pa onda ushte ednash. Kje ti napravi usluga. |
| respekt, 26.09.2011 05:00:55 | Браво мајсторе. Да сум на местото на Груевски ке ги соберам сите новинари ,,патриоти,,(а ги има еден куп) и ке им кажам дека џабе плата земаат и дека сите заедно не вредат како Ивор Величковски. Голем дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ке ја разберат твојата порака поради тоа што се идентификуваат со историското ВМРО(синоним на македонизмот)--без разлика која структура е на чело.(беше Љубчо, сега Никола)Отпосле разбираат --што бил всушност ВОЈВОДАТА. П:С. Во ,,непровладиниот,, весник ,,Дневник,,никако да излезе мој коментар по текстови на новинари-полтрони.Едвам го дочекав во ,,Утрински,,Тодор Пендаров за да се објави мојот коментар. Па ете еден тест за сите што плукаат по Утрински и новинарите, истите плуканици нека ги употребат за Дневник и нивните новинари и --се ке им биде појасно. |
| Tome Stojanovski,dipl.el.ing., 26.09.2011 09:03:16 | Malakas Ivor!! |
| Hari, 26.09.2011 09:04:19 | Ivore me ostavi bez tekst, no edna zabeleska, koga pisuvas da mze da te razberat ovcite na Grujo recnikot malku da go uprostis, vo smisla PU PU PU . Brilijntno samo vnimavaj bidejki moze klovnovite da te proglasat za predavnik. |
| ФЕЛИКС, 26.09.2011 10:55:44 | Овие се клонови а другите се грешка на новинарско медиумска природа. Токму овие грешки авторот знае да одработуваа своевремено за ,,угнетувачот,, медиумски,тоа е околу релевантноста.Инаку пак авторот знае ама не умее да образложи или несака да ваков антидржавен истап на неговите партиски камаради не случило во ниедна земја-кандидат за ЕУ што доволно говори за бедниот и никаков поим на за практицирање новинарство.Инаку не повикувам на партиско освестување оти тоа е залудна работа а и ваквото партиско битисување е ептен корисно за власта. |
| maXXX, 26.09.2011 11:00:03 | Браво,
Докажа дека си уште едно исперено мозоче во кое освен една грутка малициозност не останало место за ништо.
Народот (кој за таквите како тебе е глуп и туп) избра: диктатура , апашана, мизерија , а не благосостојба , демократија , поштеност, трезвеност кај комуњарите!!
И ти стварно веруваш дека народот е глуп ? |
| Petar, 26.09.2011 11:18:45 | Ивор да кажеше нешто ново, аман веќе од твоиве анализи.Наликуваат само на штуро прераскажување на она што сме го виделе во Вестите на сите ТВ. Дај не го троши просторот во Утрински, пуштете некој друг од СДСМ кој знае нешто да каже. |
| perica, 26.09.2011 12:36:15 | Sve e na mesto, ali porukata od posledniot pasus nikogas nema da dopre do prozvanata publika Ubavo mislis ali dzabe decko dzabe. |
| ПеРО_МКД, 26.09.2011 13:03:29 | Г-дине Мицковски, вашите констатации се исправни, само што констатирајќи вака, незнам дали не забележувате дека и вие го чините истото, како и тие, и вие сте дел од нечија „делта структура“...па не може така бе г-да новинари,барате подршка од јавноста, а се однесувате на истиот начин како тие што ги плукате.За да добиете поддршка и симпатии од јавноста, треба да ја уверите истата дека ја правите вистинската работа. Плукањето не е доволно, понудете алтернатива...и не ми зборувајте за професионално новинарство во Македонија, овде е евидентно дека новинарите се во 2 табора и не прават ништо повеќе отколку што се трудат што подобро да го исплукаат противникот.Секоја чест на исклучоците ! |
| mene, 26.09.2011 13:15:37 | Pozdrav do toj sto se pretstavuva kako Atanas Kostovski nesto kako invencija sakase da pokazes?! Kako toa so napreduvanje od levata strana kon protivnickiot gol ke se dade avtogol?! Ajde neka e po tvoe... nie sepak napreduvame po levata strana, a golovite se brojat na kraj na utakmica, ama dali gubam samo jas?....
A sega za AK47. Tvrd sto? Son?! Stap?!! Usluga?!!! Kolku naplacas ti G-dine AK47 za kurvanje vo imeto na Grujo?!!
A da se javese uste nekoj nedokvakan da go udrev od zemja... Feliks mi fali...Ama mislam deka leka poleka sto bi rekol nas Kolozov (bog da go prosti), ke pocnete da svakjate site sto se ni se slucuva, a posebno vie koi toa go pomagate.
Ivore, bravo, pozdrav |
| gragjanin opredelen, 26.09.2011 13:36:52 | Bravo Ivore.Ako moze edna sugestija!?Vo idnina koga ce pisuvas nekako da naznacis deka tekstot ne e za onie kako ak47.Tie se tolku mnogu aknati sto nikakov stap ne im pomaga!? |
| Ајван Доктор®, 26.09.2011 14:49:26 | Што друго да се каже за текстов,освен тоа,дека е хируршки перфектна анализа на состојбите во РМ!Прецизно искажан пат за „порастот“на рејтингот на Шерифот,кој безмилосно нè вовлекува во општонародната инсенија,оставајќи пустош од франкенштајн грдотии зад себе! |
| Marija, 26.09.2011 15:46:01 | Bravo Ivor, a velat nemalo demokratija i sloboda na mediumite ... |
| deko, 26.09.2011 16:55:19 | Decko ti si zabegal mlad a se uste komunist. Tolku ja mrzis MK so se gleda vo sekoja tvoja kolumna, ne te razbiram ostavine nas Makedoncite da si zivee me kako miluvame.Ako ne ja sakas ovaa vlast ok, no nie makedoncite prv pat pocustvuvavme deka konecno vo MK e na vlast vlada koja e Makedonska.Zatoa kolku i da gi trues graganite so svoite idei deka vo BC e spasot veruvaj mi nikoj ne ti veruva, za nas sdsm e partija antinarodna i antimakedonska od toa treba se da ti e jasno. |
| Komunist, 26.09.2011 18:46:50 | Bravo Ivore!
A do onoj neznaenko Deko, komunistite ja stvorija ovaa drzava so krv i solzi i ja gradea i izgradija so neviden elan i bezgranicna ljubov. Ednostavno, taa e nivno cedo, a cedoto se sekogas saka, bez ogled kakvo e. Tokmu zatoa sum gord sto bev komunist i sto se seuste osecam taka. Da zivee deloto na komunistite - Republika Makedonija!!! |
| zdravko, 26.09.2011 19:42:54 | malaga . alo tie ne ti priznavaat ni ime ni narod a ti pak evropski verednosti. koj se tie vrednosti koj mene ke me izbrisat od zemjata a se demokratski. mnogu mi ste cudni em ste malcinstvo em sakate da komanduvate e i so toa ne zastanuvate tuku sega gi vregate tie sto razlicno glasale od vas.i da e taka kako sto mislite dali ste se zaprasale koja e razlikata sto e toa sto narodot koj go podrzuva e pobroen od ovaj vasiot koj saka da zivee bogato i da dava pari vo nato i evropska politikaa za vozvrat da mu go smenat imeto e. e malaga malaga ima sol nema leb svati pod tursko izdrzale i ne se poturcile a ti malaga sakas za 20 godini da ne progrcis ili da ne napravis evropski demokrati koj tvojot tekst koj e napisan vo nedemokracki ambijent i pod prisila na vlasta nas ke ni bide zabranet za citane.e pa momce vremee da razmislis ili si demokrat ili sakas site da go delat tvoeto mislene e za toa ima eden drug zbor koj gi navreduva evreite. |
| Agent 007, 26.09.2011 20:35:13 | Dusmani Makedonski ,kakva majka ve rodela , takvi gluposti da pisuvate za ova parce mila zemja a be kakvi nivinari imame vo taa zemja ,i me interasira za koga rabotat . Ajde nadvor od Makedonija i nikogas vrajkene vo Makedonija. |
| протугер, 26.09.2011 21:02:16 | Ивор!?чудно име. Ок, ти кажа тоа што сите го знаеме, и сеа шо?Треба да чекаме да се множат овие што ќутеа?Не ме заебавај!Ја само ќе те цитирам Застрашувачки е до кој степен е разработена политичко-медиумската машина на Груевски..... Да, да , мали, и не биди наивен, имплементирана е во 95% од општественото битисување, капиш?Едно примерче, го гледаш ли овој Феликс, што може да го натера некој, 24/7 да ја шиба тастатурата,те Дневник, те Утрински, те Вечер, те Сител, те Плусинфо, те Курир,Нова Македонија,Теа,Огласник,Хубо, Здравје и тн. секој божји ден.А, бе му текнува ли да влезе у спална, да си ја зирне г-жата, да не се превртува немирно,поти, не може да заспие.А, ги има како н��го еден куп.Капираш, тоа бедно примерче, ти е доказ до каде сме инфицирани (поделени) сите ние.Шо викаш?Како и да е алал да ти е, мали! |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 10°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|