Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Мерко не ги послуша струшките вмровци

Назначувањето на новиот директор на „Нико Нестор“ од страна на градоначалникот го зовре партиското членство

Мики Трајковски

СТРУГА - Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, им ги помрси сметките на струшките вмровци. Не го прифати нивниот партиски предлог, поранешната директорка Маре Савеска повторно да седне во директорската фотелја на средното училиште „Нико Нестор“. Мерко назначи друга личност за директор. Тоа е Васил Максимовски, долгогодишен професор во училиштето, исто така, член на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото назначување од градоначалникот предизвика вриење меѓу партиското членство во Струга. Оттаму се бара ревидирање на коалицискиот договор на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ на локално ниво во Струга.

Обидот да дознаеме што се случува во струшкото ВМРО-ДПМНЕ по ваквиот неочекуван расплет во директорската смена, беше неуспешен. Претседателката на струшкиот разгранок, Надица Николова, во телефонски разговор кратко изјави дека нема што да објаснува. Извори на „Утрински весник“ од редовите на струшките вмровци, кои инсистираат на анонимност, тврдат дека се изненадени од одлуката на Рамиз Мерко да не го потпише решението за Маре Савеска. Неофицијално локалните власти имале консултации и со партиското раководство на ДУИ, но и со министерот за образование, Никола Тодоров, на кого му укажале дека Маре Савеска не е добар избор за директор. Од општината тврдат дека Мерко во понеделникот имал средба и со претседателката на струшкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Николовска, на која и' го кажал истото. Од друга страна, вмровците во Струга нагласуваат дека првпат слушаат за таква средба меѓу Мерко и Николовска.

Со одлуката за друга личност за директор само се смирени страстите кај професорите и кај родителите Албанци од каде што се најавуваше дека може да ја бојкотираат наставата ако Савеска застане на чело на училиштето. За заменик-директор во „Нико Нестор“ е избран Ресуљ Бектеши.

Новиот директор како вршител на должноста најавува дека приоитет ќе му биде безбедно одвивање на наставата и изнаоѓање начин за изградба на нова училишна зграда. Доколку не е можн�� тоа, Максимовски вели дека решението го гледа во реновирање на постојниот објект или надоградување со уште еден кат.

„Раководството на Општината сметаше дека јас сум најдобро решение за директор, бидејќи сум тука 35 години. Добро ги знам состојбите во училиштето. Ветувам дека наставата ќе се изведува во мешани смени“, нагласи Макисмовски.

Градските власти признаваат дека притисокот од медиумите го направи своето и оти сакал некој или не, ова е можеби и најдобриот избор за „Нико Нестор“.

„Јас го советував градоначалникот. Тој имаше ексклузивно право да именува директор. Консултациите беа добронамерни. Не навлегувам во партиските предлози. За кратко време ќе биде распишан конкурс каде што сите ќе може да се јават и други кандидати“, рече Џејми Хајредини, раководител на Секторот за образование во Општина Струга.

Што навистина ќе се случува во „Нико Нестор“, останува да се види. Факт е дека општинската и централната власт мора да изнајдат решение за најгорчливиот проблем, а тоа се просторните услови.


#
Статијата е прочитана 1556 пати.

Испрати коментар

Од: struzanec
Датум: 07.09.2010 00:53:04
Inaku,da go nadopolnam tekstov,da pridodadam deka vo Struga prodolzuvaat provokaciite od strana Albanskite ucenici vrz Makedonskite ucenici,koi bez pricina se zadevaat i baraat povod za da iskrsne nesto pogolemo.Taka da ne e mal brojot na ucenici Makedonci koi od tie pricini ne se zapisale vo srednoto uciliste vo Struga tuku se zapisani vo nekoi od srednite ucilista vo Ohrid,a i ne e mal brojot na tie ucenici koi vekje se zapisale vo Niko Nestor a planiraat da se prefrlat vo Ohrid. Zalno no vistinito! Ova se slucuva od koga dojde na vlast SERIFOT Merko,komu izgleda nikoj ne mu moze nisto! No kako velat......se si ima kraj! Barem se nadevam deka brzo ke mu dojde!

Најди! во Утрински
Македонија