Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп



Овен

Носите брзи одлуки, лесно се возбудувате и нервирате. Храбро размислувате за новите потези. Просечноста и мрзливоста не ја сакате, па настојувате такви да не бидете. Избегнувајте кавга со партнерот. Со Девиците ќе излезете на крај.



Бик

Променливо расположение, пречувствителност, незадоволство, без видливи причини – така ќе ви тече денешниов ден. Бидејќи се' ви оди тешко, обидете се барем денес да ги одложите работите и почекајте поволен момент. Во друштво на пријателите се чувствувате како нови.



Близнаци

Потребата за успех, се чини, функционира во таа насока. Многу Близнаци ги очекува јавно признание. Со Лавовите го делите искуството. Од нив добивате поддршка и материјална помош. Затоа не е пожелно да ги лутите, туку треба да се однесувате спрема нив со почит.



Рак

Ви се нудат поволни можности кои, за жал, не знаете да ги препознаете. Сте се задлабочиле во животните проблеми кои со својот негативен став уште повеќе сте ги продлабочиле, така што ги пропуштате шансите. Морате да бидете свесни за своите квалитети ако сакате да ги забележат другите.



Лав

Активни сте, добро расположени и успешни. Во се' наоѓате задоволство, што ретко ви се случува. Уживајте во овој ден со полни гради. Не размислувајте за глупости, не оптоварувајте се со нагаѓање. Подгответе се за случувањата што бараат максимален ангажман.



Девица

Полека, но сигурно го градите својот свет во кој малкумина имаат пристап. Ако продолжите со ова темпо, ќе бидете осамени, а тоа не е идеално решение. Бидете отворени спрема околината. Размислете за тоа што треба да направите за да ги промените негативните особини.



Терезија

За многу работи создавате погрешна претстава, спуштете се на земја. На проблемите гледате практично. Во брачно-партнерските односи нешто не е како што треба. Вие ќе морате да ги исправате туѓите грешки. Никој не ви е крив, кога во врската сте посилни и поспособни.



Скорпија

Незадоволни сте. Физичките активности можат да ви го поправат расположението и да влијаат на наталожениот стрес. Не очекувајте од околината повеќе отколку што е можно и самите да ��адете. Ова се однесува на партнерот. Морате да ја признаете неговата доминација или да си заминете од него.



Стрелец

Склоноста кон инфекции е изразена, па ви се советува да бидете внимателни, избегнувајте места кои можат да бидат легла на зарази, посебно болници, јавни бањи итн. Опаднат ви е имунитетот, а и нервниот систем не е во можност да се справува со многуте животни проблеми.



Јарец

Доколку и' посветите повеќе внимание на исхраната и здравјето, ќе можете нормално да функционирате. Избегнувајте лекови, свртете се кон алтернативната медицина. Препарати како што се алое и природни витамини влијаат на расположението, а со тоа и на здравјето.



Водолија

Ќе бидете во ситуација да го дадете максимумот од себе. Бидејќи знаете дека тоа води до решавање на проблемите, запнете. Бидете внимателни, бидејќи во таква состојба можете да предизвикате непријатност. Ве нервира како се однесува партнерот, но и неговите постапки.



Риби

Свесни сте за своите вредности, но не задоволувајте се со постигнатото. Тежнеењето да се оди напред моментално е присутно, а и околностите ви одат од рака. Со Водолиите воспоставувате прекрасен пријателски однос. Обидете се да ја завршите работата која одамна ја влечете.






#
Најди! во Утрински