Изградбата на автопатиштата би требало да почне следното лето, најави вчера премиерот Никола Груевски. Ваквите прогнози ќе се реализираат доколку целиот процес на давање на двата пакета патишта под концесии се одвива непречено и според предвидената динамика.
„Првата фаза од постапката заврши успешно и во тек е евалуација на пријавените осум компании што се кредибилни и со искуство во таа област“, рече вчера Груевски и појасни дека евалуацијата ќе трае во наредните два месеца, по што ќе стартува втората фаза која, пак, би требало да заврши наесен. Потоа ќе следуваат изборот на концесионерот и потпишувањето на договорите.
На 20 мај беа отворени барањата за учество во постапката за доделување концесија за изградба, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Македонија. Иако првично беше потенцирано дека на повикот, кој два пати беше продолжуван, имало огромен број заинтересирани, се зборуваше за бројка од близу 50 компании, сепак, произлезе дека само осум компании сериозно размислуваат да се зафатат со изградба на македонските автопатишта. Колку од нив ќе останат во игра до крај се' уште е рано да се каже, со оглед на тоа дека допрва следува постапката за претквалификација во која ќе се утврдува колкава е финансиската и техничката способност на компаниите за спроведување концесија од ваков обем.
Премиерот се надева дека вредноста на инвестицијата, која е проектирана на над милијарда евра, ќе има силно влијание врз развојот на државата, бидејќи освен што ќе донесе прилив на финансии од надвор, се очекува да го раздвижи и градежниот сектор. Дали воопшто некоја домашна компанија ќе се јави на тендерот, допрва ќе се види, иако е многу поголема веројатноста тоа да биде во конзорциум со некоја странска фирма или, пак, што е можеби најреално, да учествува во изградбата како подизведувач на главниот носител на работата.
Ова ќе е карактеристика на премиерот ни.Ќе дојдат 8 милијарди, ќе одиме бргу во Европа, ќе...ќе...А патиштава требеше од лани да се поправаат и реконструираат, вакво нешто нема никаде.Дали им покажуваме на светот до кое дереџе сме дојдени па да ни помогнат?
Од: nekoj
Датум: 01.06.2010 10:01:13
Ha ha ha ha...misli deka ke vladee i slednoto leto? Ili misli deka ke mu ja kidne do togas? Boze sacuvaj, kade bese do sega da gi izgradi? Ili tamu ne mozese da ispere tolku pari kako so spomenicite? Lud narod, luda drzava....nemam sto da kazam veke. Totalno sum razocarana...od narodot..ne od vlasta. Ustvari sto zboruvam, znaev kakov narod zivee uste odamna i fativ magla na vreme, fala bogu!
Од: kole
Датум: 01.06.2010 12:52:07
He He he, slednoto leto?????? Zapametite, Grujo rece slednoto leto.............