Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Пријателска рака на солунскиот граданочалник

Јанис Бутарис сака да ги остави националистичките препукувања за името во минатото

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Новиот солунски градоначалник, Јанис Бутарис, во следните пет години ќе се обиде да влијае позитивно на отворање на хоризонтите на солунчани, особено на оние што потпаѓаат под националистички страсти.

„Треба да ги убедиме фанатиците дека туристите и посетителите од нашиот северен сосед не можат само да ни оставаат пари по супермаркетите и хотелите. Зошто толку да ни пречи двојната формула? Големиот предизвик за мене е да ги зближам двете срца на Солун, и она со либерални и тоа со понационалистички ставови. Ако успеам, тоа ќе биде крај на едно важно поглавје“, изјави Бутарис во интервју за весникот „Етнос“.

Во разговор за солунскиот весник „Македонија“, Бутарис тврди дека негова цел ќе биде да се обиде да направи промени во менталитетот на солунчани. „Треба да престане фанатизмот од типот ’Македонија е грчка‘. Кој има приговор дека Македонија е грчка? Особено јас бидејќи сум Влав!“, забележува новиот солунски градоначалник, објаснувајќи дека неговото семејство има потекло од Крушево и од Леринско.

Бутарис е првиот градоначалник од левицата по 24 години десничарски градоначалници во Солун. Важи за успешен бизнисмен и филантроп, но и личност со полиберални ставови во врска со голем број контроверзни прашања за дел од поконзервативните жители на Солун, како што е прашањето за името, несогласувањата со Турција околу самата историја на Солун, отвореноста за бракови меѓу хомосексуалците, религиозноста и неговиот спор со солунскиот митрополит Антимос.

Бутарис, во интервјуто за „Етнос“, забележува дека само националистите се сомневаат во неговиот патриотизам и љубов за државата. „За мене патриотизмот не значи дека треба цело време да мавтам со грчкото знаме“, истакнува новиот градоначалник.

За разлика од досегашните градоначалници, кои својата работа ја започнуваа со благослов од митрополитот Антимос, Бутарис поради поотворените ставови уште од изборната кампања е во лоши односи со митрополитот, кој дури и му испрати отворена закана дека никогаш нема да дозволи да стане градоначалник. Сепак, Бутарис не обрнува големо внимание на заканите и отворената контра од страна на митрополитот, забележувајќи дека не сака мешање на Црквата во неговата работа како градоначалник.


#
Статијата е прочитана 3915 пати.

Испрати коментар

Од: ne e bitno
Датум: 24.11.2010 12:11:50
Samo napred! Vreme e balkanot da se razbudi od glupaviot nacionalizam! Otvorete gi srcata da vi se otvori duhot, da vi se otvorat granicite, da bidete del od globalizacijata. Covestvoto ne poznava nikakvi nacionalni i rasni granici, site ste ziteli na planetata zemja, ne e bitno dali ste od Gevgelija ili Solun, dali zboruvate jazik X ili Y, pak ke bidete ona sto ste!. Evropa uspesno funkcionira na toj model, ajde, ajde, ajde veke ednas pocnete i site vie, grci, makedonci, srbi, albanci,,,,!
Од: jovan
Датум: 24.11.2010 12:19:10
So obzir na toa sto nikade ne ne narekuva Makedonci, nego Skopjani,severni sosedi, FYROM... jasno e kolku mu e prijatelska rakata.A sto se odnesuva do dvojnata formula,za toa se imame izjasneto.Neka ne vikaat oni kako sakaat.
Од: Vlav-(=avtohton Makedonec)-Germanec
Датум: 24.11.2010 13:08:32
Gosp.Butaris e najdobar primer deka Vlasite ot sekogas mislat i deluvat drzavnicki,t.e. vo drzaven i nacionalen interes.Najdobro bi bilo dvete Drzavi da imenuvaat od nivnite Vlasi,pa tie da razgovaraat okolu imeto na MK.Zosto?Doticniot gospodin e vsusnost MKec,bidejki Vlasite se edinstvenite naslednici na antickite MKci na Balkanot-ostananite narodi,osven Albanskiot,se doselenici na Balkanskiot poluostrov.Kako moze da bide poinaku,koga se znae deka sovremenite Grci poteknuvaat od mala Azija (=denesna TR).Za primer neka sluzat iminjata kako KARA(=crno)DZAFERis (=muslimansko ime),Konstantin KARAmanlis,BAKIRcidis(eden priatel moj vo Germanija).Mnozinskoto naselenie vo MK e pretezno od slavjansko poteklo,koe posle doseluvanjeto od severna-istocna Evropa se izmesa so latiniziranite naslednici na Trakiicite (anticki Makedonski narod),Vlasite.Proizleguva deka nitu denesnite Grci nitu Slavjanite vo MK imat (isklucivo) pravo na imeto Machidunia.S-baneadza Machidunia (Da zive Makedonija).Pozdrav
Од: fani
Датум: 24.11.2010 13:23:22
pa ova e samo kapka vo more!!!tocno e deka gradonacalnikot na vtor po golemina grad vo grcija moze mnogu da razdvizi na ova pole,no skeptik sum,oti ostanatite politicari mnogu brzo ke mu go isperat mozokot kako sto toa go napravija so recisi celiot grcki narod.i ponatamu ke se plasime da se izjasnime od kade sme ako nekoj grk ne zaprasa,znaci do tamu dojdovme da se plasime za nasiot identitet.ova e vaka,bidejki grcite uporno rabotat na naseto negiranje,a nie makedoncite,od vladata dignav veke race,si lezime na edno uvo,kako seto ova na nekoj drug da mu se slucuva!!!!
Од: Itar Pejo
Датум: 24.11.2010 13:41:38
Ovoj covek ce go proglasat za sorosoid i predavnik!
Од: kavadarci
Датум: 24.11.2010 14:11:49
Време е глас на разумот да се јави и од таму а богами од тука... Имаку не би имало решение за проблемот.
Од: avril
Датум: 24.11.2010 15:01:18
Zar ne gledate deka Papandreu zboruva preku nego
Од: коле
Датум: 24.11.2010 15:02:26
Ај, пак да кажам: Само еден ден да сум живеел на ова територија па пак имам право да се нарекувам МАКЕДОНЕЦ. Воопшто не е важно дали сме тука со векови. Второ: самите грци велат дека “таканаречените македонци“ од антиката се всушност грци гледано според модерна терминологија (како нација) според тоа ние никому не го “крадеме“ идентитетот. т.е. пред нас никој себе си не се нарекувал македонец (како нација) ниту пак зборувал на македонски јазик. Оттука, кој им дава на право да “штитат“ нешто што и не постоело пред нас? (според нив) Трето, кој како ќе ја толкува историјата е негово право. Не може некој да ми нареди какви книги да пишувам или читам, и за тоа да не можам да влезам во некое друштво. (т.е. може --> ама, такво друштво и не ни (ми) треба) Поздрав!
Од: Дарон
Датум: 24.11.2010 16:04:51
Ti bre "Vlav-(=avtohton Makedonec)-Germanec" Да не си бегал од часовите по историја а ??? Затоа ништо не си научил?!
Од: karokan "gambit"
Датум: 24.11.2010 16:49:17
Cekam,"prosvetleniot" g-din Felix da dade svoe viduvanje na ovoj "polzecko-simulacionen" nastap na noviot solunski gradonacalnik. Realno ocekuvam brzo i zestoko da reagiraat "grckite patrioti",barem od partijata na Karadzaferis, za vakvoto "vitkanje na kicmata" na gradonacalnikot na vtoriot po golemina grad vo Grcija.( Bi bilo ubavo da se fatat pod raka so g-dinot Zaev i taka dvajcata so" svitkani kicmi" da se potpiraat eden na drug.Belkim na toj i takov nacin i nie ce vidime nekoe fajde.). G-dine (g-gjo) Fani,cak i edna sosema minorna kapka vo moreto ce predizvika,neznacitelni,no sepak nekakvi vibracii.Potrebno e samo vo eden normalen kontinuitet da se pustaat takvi kapki. Taka i najzakoravenite nacionalisti eden den mora da priznaat deka vo" moreto" sepak nesto blago se branuva!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: koki
Датум: 24.11.2010 17:39:37
Od nekade treba da se pocne...... covekot mozda e so dobra namera ama sto pravime so ovie nasi neprokopsani i nedokvakani??????? A ovoj Vlavov treska gluposti..........
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.11.2010 18:57:17
Ништо не научи шаховскиот чирак како и неговиот камарад Феличита,дури и го копира во замената на тези.Имено реакција градоначалникот е за поздравување а која предизвикува бес кај опозицијата.Оти прво и јас сум за двојната формула како што напишав пред некој ден тука,а вам ви ја рушити тезата ерга омнес.Замислете да некој ви опонира на безрбетниот вазален однос кон соседот а доаѓа одтаму,за греота сте.
Од: nacional-patriot
Датум: 24.11.2010 18:59:16
Ovaa teritorija se vika Makedonija so vekovi nanazad poradi Makedoncite i samo makedonskiot etnos go nosi so pravo imeto Makedonija so vekovi,od antikata pa do denes i sekogas vo idnina.Drug narod ne moze da go nosi imeto Makedonija,bidejki drugite narodi si imaat nivni drugi iminja.Denesnite Vlasi ne se naslednici na antickite Makedonci i Vlasite ne se starosedelci na ovie prostori,tuku tie se naselile ovde od juzniot del na Romanija.
Од: Јустинијан
Датум: 24.11.2010 19:13:39
...Не им верувај на Данајците дури и кога дарови ти носат...
Од: JON
Датум: 24.11.2010 21:47:51
Ako beše Itar Pejo malku poitar, ke mu padneše na umo deka grcine ponekogaš daruvaat i konji. TROJANSKI. Ne e lošo i toa na um da se ima.
Од: Vangel
Датум: 24.11.2010 22:36:20
Аааа поздрав. Еве и јас сум Влав, за среќа, знам одлично грчки италијански и руски, па со таа среќа ги имам прочитано сите истории на соседните народи во оригинал. Би ги препорачал секој да ги прочита. Дури да плати превод за да ги прочита да видите колку сите се разликуваат и колку секоја од нив тврди дека е најточна. Најинтересна е македонската, нема да кажам зошто зашто нема да ми го објават коментаров. Најарно сами да си откриете. Единствено многу ми е жал што не успевам да го прочитам најважниот дел - турскиот или отоманскиот. Тука лежат сите зајци. Во тој период живеел оној што првиот рекол дека не е ни србин ни грк ни бугарин туку македонец. Јас не сум македонец-славјанин туку вистински македонец, (жалам ако не се согласувате). Моите предци не дошле од зад Карпатите во 6от век туку се директни потомци на римјаните. Арно ама, гледате и самите како пишувам точно и кирилица и лафам македонски. Тоа го умеат само господа со цврст корен. Со власите мајтап прават само неписмени.
Од: Mitko
Датум: 25.11.2010 08:09:58
pa i Grcija ima dvojna formula.. Greece i Hellas ... .. a za nas moze i Trojna formula, edna ime imame vo OOUN, neka go prifati i EU, nasheto ustavno ke go koristat tie sto ne priznale pod takvo ime, Grcija za lokalna upotreba neka ima treto ime.. ..Drug e problemot, identitetot i jazikot...

Најди! во Утрински
Насловна
Груевски го брифирал Камерон за името
Лустрацијата врие - полицијата апси, фрчат и германски досиеја
Тиквешански
Опасна престрелка меѓу двете Кореи
Предвремени избори - политичка нестабилност
Белград ја чека Цеца со обвинение, Скопје - со песна
Од бензинска пумпа украдени 40.000 денари
Хомосексуалци - политичари, полицајци, лекари, свештеници...
„ Го убив ’Ркулот оти им се закануваше на моите деца“
Свадбата, дефинитивно, на 29 април
Мангупи на лизинг
Германија донираше за „Мис Стон“ во Струмица
Инвестициска утопија
Бугарка лапнала пакетчиња со кокаин
Карикатура
Добила на лото, па ја прегазил автомобил
Стил
Нов одрон од камења на патот Маврово - Дебар
Русија бара ЕУ да и ги укине визите
Пинк Пантер доби осум години затвор во Црна Гора
Интер и Пандев продолжуваат и на пролет
 


Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia
Macedonia struggles to attract foreign investment