Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Бранковци облекоа жолто, Груевци ја соблекоа портокаловата

Дали „преобојувањето“ ќе им помогне на социјалдемократите да ја урнат власта

Александра М. Митевска


Жолтата боја ќе биде заштитен знак за македонските опозиционери во овој политички циклус се' додека не издејствуваат парламентарни избори. Облекувајќи жолти маици, пратениците социјалдемократи и нивните партнери неделава го задржаа фокусот на јавноста свртен кон себе откако предизвикаа внимание со маршот низ скопските улици. Од раководството на СДСМ велат дека само уште неколку дена нивните пратеници ќе се појавуваат во Собранието со жолти маици, но дека и натаму ќе го носат беџот со порака „Доста е - избори“.

„Не е толку важна бојата колку што е важна пораката што сакаме да ја испратиме до власта и до граѓаните“, објаснува функционер од СДСМ. Тој, сепак, вели дека не случајно се определиле за жолтата, бидејќи тоа е боја што ја има на македонското знаме и што предизвикува внимание.

Политиколози и експерти за комуникации објаснуваат дека боите имаат важна улога во политичкиот маркетинг, но дека не е толку важно која боја ќе се користи во одредена фаза, колку што е битно тоа да се прави што помасовно и перманентно во подолг временски период.

„Левичарските партии обично ја користат црвената боја, додека за десничарските карактеристични се потемни бои, како што се темносина, виолетова, па и црна. Кај нас малку се измешани работите, бидејќи социјалдемократите се препознаваат по сината боја, а вмровците по црвената“, објаснува аналитичарот Петар Арсовски. Конкретно за жолтата боја, тој вели дека асоцира на топлина и на поблизок однос кон оној кому му е наменета - во случајов гласачите. Жолтата, додава тој, е една од боите што најмногу паѓаат в очи, така што се советува таа да се користи на поголеми површини. „Не е најважно која боја ќе ја одбере една партија во одреден политички циклус. Поважно е избраната боја да се користи конзистентно“, нагласува Арсовски.

Социјалдемократите пред некоја година најавија дека ќе се ребрендираат и дека повеќе ќе ја користат црвената боја на европската левица. Сепак, сино-жолтата и натаму е комбинација со која се идентификуваат домашните левичари. Жолтата доминира во иконографијата на НСДП, а таа боја се' почесто ја користат и Обединети за Македонија.

Портокаловата, пак, стана симбол за ВМРО-ДПМНЕ пред изборите во 2006 кога партиските активисти носеа маици, а партиските функционери вратоврски во таа боја. „Преобојувањето“ можеби беше и една од причините зошто т.н. портокалова преродба ги доби изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш тврдеа дека не се одлучиле за оваа боја поради Портокаловата револуција во Украина, туку затоа што таа боја симболизира младост, енергија, солидарност... „Тоа е бојата на ЦДУ во Германија и таа боја како симбол ја имаат повеќе десничарски партии во Европа. Имаме цел концепт зошто ја одбравме токму портокаловата“, појаснуваа тогашните опозиционери.

Но, во последно време очигледно е дека вмровците се' помалку ја користат портокаловата и дека и' се враќаат на традиционалната црвено-црна комбинација. Првпат тоа падна во очи на јунскиот митинг во Скопје, а потоа и при отчетот на премиерот Никола Груевски за сработеното во четирите години владеење. Од партијата нема понкретно објаснување зошто е тоа така, иако „злобниците“ имаат свои толкувања дека владејачката партија, конечно, се сетила оти ги напуштила принципите на историското ВМРО или дека на вмровците веќе не им личи бојата, бидејќи им пропаднала преродбата.

Германската канцеларка Меркел своевремено на изборите ја користеше портокаловата боја за да покаже дека ги прифаќа новите трендови, дека останува на десничарската идеологија, но дека се отвора и кон другите групи во општеството. Според експерти, боите имаат и психолошко влијание, а во политиката треба да му влезат во глава на избирачот. Во политичкиот маркетинг се внимава бојата да предизвика силен визуелен впечаток, што во некои ситуации може да се постигне дури и со црна боја. „Ако се сака нешто да се постигнете, не е сеедно каква боја ќе се користи. Секоја боја предизвикува емоции и ��ма своја симболика. Преку боите, граѓаните ги препознаваат партиите. Затоа партиските бои се агресивни за да бидат позабележливи“.


#
Статијата е прочитана 2629 пати.

Испрати коментар

Од: Рамко Велијовски
Датум: 09.12.2010 12:08:59
Додека се договорите за боите, ние ќе испоцркаме. Програми, идеи и добри кандидати ги добиваат изборите, а не бојата.
Од: Збогум СДСМ
Датум: 09.12.2010 12:14:33
Не е работата во бојата - „канаринците“ ќе треба и да понудат нешто, а пред се да го тргнат Бранко ако сакаат да победат во некоја иднина.
Од: nekoj
Датум: 09.12.2010 12:18:15
Mislam deka e vreme site ovie da se isteraat od prlament i neka si ja probaat srekata kako i stie nas ostanati vo nesto drugo-pa da gi vidime koku ke uspeat togas! Ova ne e pralament. Nemam namera da glasam nikogo dodeka ne se pojavat novi faci.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 09.12.2010 12:48:56
Граѓани на Македонија. Во иднина внимавајте на бојата на облеката. Внимавајте и на бојата на косата. Секој плав или плава ќе биде представник за СДСМ. Секој со потемна боја нели за десничарите. Што ли ќе очекувате од ваквите морони, уште какви ли не глупости невидени.
Од: Стојанова мајка
Датум: 09.12.2010 13:15:09
Стојанова мајка плаче,Бежанова не плаче! После онаа маса народ на протестот,кај смеат портокалчињата да излезат на избори?Дали нивната следна боја ќе биде кафеафа?
Од: Trpce
Датум: 09.12.2010 13:46:59
dobro e , ne samo crni i belo, sega imame 4 vrsti ptici, crni Orli, beli Orli, portokalovi Papagali i zoltoklunesti kanarinci...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2010 16:17:23
Овие жолтоклунестиве неим личи да се нарекуваат Бранкови оти него него видовме пожолтен нивниот лидер,мислам гардероберски,пожолтен е од друго но мајца краткоракавска а жолта невидоме да облекува.И тука имаше ,,злобници,,па жолтото го споредија со канаринци.Интересантно е како тоа секогаш бихаќкиот лидер него прави тоа што им го наредил на своите.Така беше и со А1 нив ги прати тој не се појави,овие маички тој кожна винтијага.
Од: R.R.
Датум: 09.12.2010 16:34:29
Opozicijata e zalosna so nivnite obidi da privleci vnimanie.Ne zolti,neznam kakvi ne maici da oblecat narodot niv mnogu dobro gi znae.Narodot go saka VMRO i neka razberat ednas !!!
Од: neutralna
Датум: 09.12.2010 16:44:15
vo idnina predviduvam deka na poveketo VMR-OVCI a osobeno na nivniot drugar SINGO najmnogu ke im odgovaraat prugasti crno beli maici(ama ne pizami,tuku onie sto se nosat vo gruga ustanova)
Од: zdravko
Датум: 09.12.2010 16:55:21
vie dobro znaete od kogoe portokalovata boja i za da ja simnat vmro taa boja treba da zapri evropskata podrska na ovaa vlada .
Од: XXL
Датум: 09.12.2010 17:07:18
Ova Nospal..pak pravi improvizacii...!!
Од: ilija
Датум: 09.12.2010 17:22:39
Veke ni e dosta od ovie dve partii,sdsm i dpmne,simni se murto kaci se kurto,gi vidovme ovie dvaeset godini do kade ne dovedoa.....beda i siromastija-da se zabranat so zakon i dvete parti.....za da proziveeme...
Од: od nikoj
Датум: 09.12.2010 19:37:26
Na DPMNE mu lici crnata boja, bidejki celata nivna istorija e crnila.Osven nekolku godini od formiranjeto, pa se do mislam 1901 koga arhivite se predadeni na probugarski , nisto dobro ne donele za Makedonija.Celata istorija im e crnila,ubistva,ubistva,intrigi podmetnuvanja,pa pak ubistva.So eden zbor im odgovara crnata boja. No , i ovie od SDSM preteraa, stvarno se karikatura.Vednas da se vratat na svoite boi.No, vo parlamentot ne e mesto za prezentiranje na farbi.
Од: Трпе
Датум: 09.12.2010 20:14:17
Сигурен сум дека дпмне-овците сега ке ги облечат црните кошули.а следното познато е.
Од: mene
Датум: 09.12.2010 20:44:25
Само мењаат бои ова сдсм-ОВЦИТЕ мислат ќе го збунат народот.Сакаат на избори за да влезе бранче у парламент оти е без работа,ако ке изгубат само он да влезе у парламент...
Од: Чегране
Датум: 09.12.2010 21:13:25
Возрасни луѓе,а се однесуваат како деца!?Јас очекував да ги симнат маските,а тие уште повеќе се маскираат!
Од: Портоколада Бозаџиска
Датум: 09.12.2010 23:30:34
Не грижете се!Следниот пат ние ќе си ги облечеме портокаловите сукњички!А зошто да не?
Од: blagica
Датум: 10.12.2010 00:44:40
Isto kako kanarinci , sto bi rekol Pavle Trajanov.ZALOSNO
Од: Мене до Вас
Датум: 10.12.2010 05:22:44
Нема да победите додека ве води БЦ и сте за промена на име и за крадење!

Најди! во Утрински
На прво место
Можни ли се избори во февруари?
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency