Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Симоне Филипини

амбасадорка на Холандија

Ја живеам мојата последна недела од службувањето во Македонија. Во овие неколку години тука стекнав многу пријатели и во текот на овие седум дена настојувам да се поздравам со колку што е можно повеќе луѓе. Заминувам од Македонија на 15 јули и иако кариерата ја продолжувам во Мајами, САД, Македонија претставува важен дел од мојот живот и верувам дека врските ќе продолжат и натаму.

Диме Илиев

актер

Во почетокот на јули веќе стивнаа ангажманите и се чувствува летното затишје. Конечно, можам да најдам време да им посветам на здравјето, на некои хронични проблеми, кои во деновите полни со обврски се правев дека не ги забележувам. Сега можам да одам на некои терапии, па да заминам на планина, која повеќе ја преферирам за летен одмор.

Лабина Митевска

дир. на ФФК „Браќа Манаки“

Како и секој ден, така и денешниов најмногу го трошам во подготовките за реализацијата на фестивалот „Браќа Манаки“. Покрај тоа, веќе размислувам и за музиката за двата филмски проекта што ми се веќе во постпродукција. На крајот на денот треба да се подготвам за учеството на настанот во сабота, во Мала станица што го организира новата женска иницијатива „Women unlimited Macedonia“.


#
Најди! во Утрински

"""