Ова се само некои од насоките за надминување на хаосот што ги предлагаат експерти за сообраќај
БИТОЛА - Сообраќајниот хаос станува неподносливо секојдневје за битолчани. Застарените технички решенија во сообраќајот воведени уште во минатиот век ги кинат нервите и на возачите и на пешаците. Возачите реагираат на тесните улици и на несоодветно поставените семафори. Пешаците се револтирани, бидејќи возилата ги истераа од тротоарите, а движењето по коловоз е опасно за нивната безбедност.
Поголемиот дел од централното јадро на Битола да стане пешачка зона, по улиците да се вози во една насока, да се изгради обиколница, се само некои од насоките што ги даваат експертите за сообраќај.
Во градот се движат 30.000 возила, но по улици каде што разминувањето е речиси невозможно, а нема хоризонтална и вертикална сигнализација. Згора на тоа, и инфраструктурата е проблематична, а нема и доволно паркинг-простор. Ваквата алармантна состојба го вклучи црвеното светло во локалната самоуправа. Преку Техничкиот факултет во Битола, општината реши да прави нова сообраќајна студија од која се очекува да го стави под контрола движењето на возила и пешаци. Битолската мрежа е мала, со само неколку главни улици. Засега хаосот низ сообраќајниците единствено успева да го расчисти пајак-службата на ЈП „Комуналец“ и казните за возачите од 1.600 денари.
На кого и да му поставите прашање од возачите каква е состојбата со сообраќајот во градот, многу ќе го изнервирате. Нема возач што е задоволен од сообраќајните решенија. Лошите примери веднаш ги редат како на филмска лента.
„Несфатливо е на најфреквентната раскрсница во центарот, кај Домот за народно здравје, на само десет чекори по семафорите, да има пешачки премин. По тргнувањето со возило, мора да се застане и да се пропуштат пешаците. Сите автомобили потоа што дочекале зелено светло одново ги фаќа црвено. Нервозата носи многу пцовки“, коментира битолчанец. Друг забележува дека на новоизградената обиколница Железничка две години немало ни хоризонтална ни вертикална сигнализација, а се' уште пристапот од ОУ „Коле Канински“ кон оваа обиколница е отворен.
„На улица широка само три метри се вози во две насоки, а на тротоарите покрај куќите редовно има паркирани возила. И кој ќе може да се размине со друго возило?“, прашува возач.
Сообраќајните решенија за Битола последен пат се направени во 1986 година кога имало двојно помалку автомобили. Сега во градот циркулираат 25.000 регистрирани возила и уште неколку илјади нерегистрирани.
„Од новата студија очекуваме големи промени и решенија на подолг рок. Во светот проблемот со тесни улици се надминува со еднонасочен сообраќај“, вели Александар Нечовски, началник на сообраќајната полиција во Битола.
Тендерот за студија во сообраќајот го доби Техничкиот факултет од Битолскиот универзитет. Проектот треба да биде готов до јули 2011 година.
„Очекуваме решенија за управување и контрола на сообраќајот, но и за паркирање. Потоа решенија за јавниот градски превоз, таксистите, велосипедскиот сообраќај“, најавува професор Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола, координатор на студијата. Проектантите почнаа со целодневно снимање на сообраќајот, а во акцијата се вклучени околу 300 студенти.
„Битола ќе мора да направи источна обиколница, која би претставувала транзитен пат, дел од магистралата Велес - Грција. Дел од сегашните раскрсници со светлосна сигнализација ќе бидат кружни, а ќе има и еднонасочни улици“, додава Крстановски.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека последниот збор за новиот сообраќаен режим ќе го имаат урбанистите.
„Нормално е градовите со стари јадра да имаат проблеми во сообраќајот. Се надеваме дека со оваа студија максимално ќе одговориме на потребите на градот“, рече Талески. (А.Б.)
Se sredija, pa sega i toa ke go sredat!Ne umri magare pred ....kako velat starite!Kolku e tesko toa da se postavat oznaki po patistata barem kade se naogja taa Bitola? Od Skopje za Bitola neka kaze nekoj kolku pati zalutal za Gevgelija?Kade e Prilep? Heraklea?Ohrid?Znaci sostojbata e mizerna!Sme imale nie avtopatista,sramno e da se kaze toa.Imame samo 50km avtopat Skopje-Tetovo,se drugo e poloso od uzasno. A pak patnata infrastruktura vo Bitola e zakocena vo Otomanskata imperija.Samo za pajton i ceza!Aj 4 godini sto se gradi vlezot vo gradot,ama barem da gi osvetleja tie vlezovi vo gradot, temnicilo, kako covek da vleguva vo nekoj tezok horor film.Posebno vlezot od strana na Prilep, kako po prometen,a tek sprema Ohrid i Grcija...prikazna sama za sebe!Podzemni parkinzi,centralno greenje za cel grad,zicarite za Pelister.....koga ke go napravi nekoj toa? 2088 godina? Ili posle 3000-ta?Tuku zaboraviv,Pelister nitu funkcionira vo zima izminatite 2 ili 3 godini!Turizam 1 klasa imame neli?
Од: bitola
Датум: 24.11.2010 16:31:48
Vo bitola e se katastrofa dupka do dupka po ulicite, ke gi raskopat i taka ke gi ostavat rezil e aj da vidime dali pak ke dobie ovoj gradonacalnik toj se trudi da bidi poubavo ama ne e sposoben...