Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Португалија воведува строги мерки на штедење

Лисабон - Премиерот на Португалија Жозе Сократеш изјави дека владата на оваа земја ќе ги зголеми даноците и ќе ги намали платите во јавниот сектор, откако во средата слични вакви мерки воведе и соседна Шпанија. Португалија ќе воведе вонреден данок на приход до 1,5 отсто, ќе го зголеми данокот на додадена вредност за еден индексен процент, од 20 на 21 процент и за 2,5 отсто ќе го зголеми данокот на профит на големите компании и банки, пренесоа британските медиуми.

Владата, исто така, ќе ги намали платите на вработените на високи позиции во јавниот сектор и на политичарите за пет отсто, во напорите оваа година да го намали буџетскиот дефицит на 7,3 отсто од бруто домашниот производ, пониско од нивото од 8,3 отсто што го најави во март.

„Од своите сограѓани побарав да ги направат овие напори и да ја одбранат земјата, да ги одбранат еврото и Европа“, рече социјалистот Сократеш, по средбата на кабинетот на која овие мерки беа одобрени, што инаку се договорени и со опозициската партија ПСД, со цел да се обезбеди поддршка во парламентот.

Вчерашната одлука на Португалија дојде по драматичната недела за еврозоната, што почна со донесувањето на пакетот од повеќе стотици милијарди долари, што ги договорија ЕУ и ММФ за поддршка на послабите членки на еврозоната.

И Шпанија завчера обелодени пакет мерки за намалување на издатоците, во износ од 15 милијарди евра, вклучувајќи и намалување на платите за повеќето вработени во јавниот сектор за пет отсто и намалување од 15 отсто за вработените на подобро платените работни места. (МИА)


#
Статијата е прочитана 286 пати.

Испрати коментар

Од: SPOMENAR
Датум: 15.05.2010 10:37:45
Ma lesno im e na Portugalcite. da zategnat kajsot i stedat...tie spomenicite si gi izgradija uste vo renesansa...a nie doprva vo "renesansa" vleguvame...!!

Најди! во Утрински
Економија
Европа го стега ременот, опасност од нова рецесија
Македонија чека половина милијарда евра од ЕБОР
Живко Радевски сака да го рестартира „Сведмилк“
ЕЛЕМ и ЕВН ни на небо ни на земја
Млекото не се плаќало со кашкавал
АЦВ обезглавена - кој ќе биде новиот директор?
Блокиран влезот во Скопје