Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Добро ќе си поминете на патувањето и ќе остварите интересни контакти со странски државјани. Со малку шарм и мудра игра, лесно ќе ја остварите својата цел. Некои од вас слободното време ќе мора да го посветат на домашниот миленик или на поправки во домот. Направете шопинг!



Бик

Дозволете им на чувствата да излезат од вас. Ако спротивната страна покаже дека многу и' значите, немојте да бидете воздржани и да се контролирате, зашто тоа ќе изгледа како одбивање на финансиски план можно е непромислено трошење, ако станува збор за техника, облекување и убавина.



Близнаци

Најпријатно ќе се чувствувате во друштво на весели луѓе, оние што уживаат во добрата храна и во одбрани пијалаци, како и личности што сакаат да истражуваат и да откриваат нешто ново. Поради вашата отсутност, блиска личност ќе мора да донесе одлука во ваше име. Вешто ќе решите еден проблем.



Рак

Енергијата ќе ви биде во опаѓање, а имунитетот ослабнат. Можни се проблеми со желудникот, вирози, воспаление на увото или на мочниот меур. Избегнувајте мрсна и тешка храна и пијте многу течности, најдобро вода и чај. Во емотивните односи не подлегнувајте на налети на љубомора и кавга.



Лав

За извонредното расположение можете да им се заблагодарите на љубовните случувања, а добар вентил за зголеменото ниво на енергија ќе бидат и домашните работи. Извонредно ќе се снаоѓате во контактите со другите, како и со роднините и со брачниот партнер. Очекувајте покана од личноста што ви се допаѓа.



Девица

Ако подготвувате испит, презентација или очекувате дека резултатот од патувањето ќе зависи од вашата информираност, ви претстои ден минат во работа. Ако зад вас е неодамнешен љубовен бродолом, ќе бидете опкружени со пријателите и со нивната безусловна љубов.



Терезија

Подгответе се на застои и на доцнења. Би можело да ви се случи да изгубите важни хартии и документи или да не можете да пронајдете нешто што ви е неопходно потребно. Ако тргнувате на пат, проверете дали се' сте понеле и сметајте дека малку подолго ќе патувате до целта.



Скорпија

Одбијте ја молбата врзана за преземање на една обврска, особено ако сте во љубовна врска, во чија иднина се сомневате. Нема да згрешите ако го задржите за себе своето мислење доколку се најдете во разговор со роднините. Приоритет нека ви бидат личните желби.



Стрелец

Поддршка за остварување на деловниот план ви дава брачниот или љубовниот партнер, но и роднините на партнерот, дури и ако не сте во брак. Помладите ќе уживаат во страсните изрази на наклоност на спротивниот пол. Очекувајте покана за патување, односно излегување во двојка.



Јарец

Јазикот ќе ви биде побрз од паметта, а провокациите претерани и по малку неумесни. Ако се најдете во големо и шаренолико друштво, ќе го свртите вниманието врз себе, но не нужно на позитивен начин. Негативната енергија потрошете ја на спортување или средување на животниот простор.



Водолија

Ќе ве преплави плима на нежност и љубов кон партнерот и децата, а љубовните случувања на оние кои не се во брак, ќе бидат проткаени со интересни случувања. Ќе слушнете убава вест од пријателите, а ќе добиете и покана за свадба, крштевка или прослава на свршувачка.



Риби

Избегнувајте контакт со роднините, особено со оние од спротивниот пол, зашто разговорот на тема на вашиот личен живот, би можел да заврши со кавга, во која ќе бидат изговорени тешки зборови. Ќе бидете склони да кажете што мислите, а притоа неподготвени за комуникација.

Најди! во Утрински






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU