Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Олег Кондратенко

виолинист

Денеска работам со студентката Софија Никовска, која се подготвува за солистичкиот настап на концертот по повод јубилејот на ФМУ што ќе се одржи на 6 декември во Домот на АРМ. Вечерта, пак, имам снимање на филмска музика за еден американски композитор, со филмскиот оркестар во студиото М1 на МТВ.

Васка Леонтиќ

ген. менаџерка на Академија и студио „Леонтиќ“

Пред мене е убав, но како и секогаш долг работен ден. Од 9 до 16 часот сум на предавањето за бизнис-стратегии на Колин Тарнер во хотелот „Александар палас��. Попладне, неизбежно ме очекуваат обврските во студиото и академијата „Леонтиќ“, а за крај на денот - убаво расположение за роденденот на другарка ми Илина.

Нелко Нелковски

сек. за меѓународна соработка на МНТ

Во периодов работам на мојот магистерски труд и тоа ми е моментално најголемата преокупација. Секако, тука е и тековната работа, т.е. подготовката на стратегијата за меѓународна соработка на МНТ. Останатото време е за вообичаени семејни активности - транспорт на деца в училиште, жена ми на работа и слично.


#
Најди! во Утрински
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice