|
|
|
|
|
|
Антипод
Пописен етноцид во Албанија
Димитар Чулев
„Допуштено е“ постоење неалбанци, но само како припадници на етнокултурна група, на одредена локација и со цврст доказ за потеклото
Во Албанија „е допуштено“ постоење неалбанци, но само како припадници на етнокултурна (група) зашто мултиетничките општества немале иднина...
На претстојниот попис ќе може да се изјаснат Македонци, но само на одредена географска локација: на пет километри надвор од Мала Преспа, на пример, се губи правото за изјаснување како Македонец.
Може да се биде и Грк или Влав, но само доколку за националната припадност лицето што се изјаснува како различен од мнозинскиот народ поседува сериозен доказ и валидна документација за етничкото потекло(?!)
Допуштено е и правото на неизјаснување што повлекува казна од 1.000 долари според новиот Закон за попис или еднаков износ како и за оние што ќе се изјаснат лажно дека се неалбанци.
На еден политичар со сериозен стаж на премиер и министерски функции во изминативе две децении му било чудно како како тоа две-три соседни држави барале признавање на малцинства во Албанија.
Медиумите предупредуваат дека „...малцинствата бараат од меѓународниот фактор во Тирана да се замеша во процесот за пописот“ и заплашуваат дека изјаснувањето за припадност на малцинство било директно поврзано со наводни територијални претензии на соседите.
Најгласниот противник на попис врз етничка основа - Алијансата „црвено и црно“ обвини дека Законот за попис донесен во почетокот на јули бил „подготвен по инструкции на Грција“. Од Алијансата уште и дополнително заплашуваат и најавуваат иницијатива за бришење на неалбанските топоними на територијата на целата држава. Како што го направиле тоа Грците...
Вистинска „демократска“ атмосфера пред најзначајната статистичка операција во една земја, пописот, која треба да даде квантитативните податоци за бројот и за составот на населението во Албанија. За да биде хаосот комплетен, има најави дека Законот за попис по кој на 1 октомври треба да стартува операцијата за пребројување на населението согласно со сите европски параметри, ќе биде оспорен пред Уставниот суд. Припадниците на македонското малцинство ќе бараат преиспитување на уставноста на членовите 20 и 21 според кој секој што ќе ја прикаже лажно етничката припадност се казнува со илјада долари. Законот ќе биде оспорен и од припадниците на другите малцински групи, но и од опозицијата, бидејќи има сериозни сомневања дека при неговото усвојување во парламентот на 7 јули годинава бил донесен со лажни гласови на двајца пратеници кои во моментот на гласањето биле - во странство. Доколку Уставниот суд уважи една од двете иницијативи многу е извесно дека пописот може одново да се одложи. Тоа го посакуваат претставниците на малцинствата во Албанија, меѓу нив и македонското, кои пред десетина дена потпишаа заедничка Декларација против актуелниот Закон за попис, оценувајќи го како дискриминаторски и бараат слободно изјаснување на нивната етничка припадност.
Значи, малку или речиси ништо не се измени во изминативе шест месеци откако поради неподготвеност и силно противење на припадниците на малцинствата пропадна беше одложен пописот на населението во Албанија што требаше да се одржи во април. Клучните прашање дали и како да се изјаснуваат припадниците на малцинствата не е решен позитивно. Уште минатата година се бараше во пописните формулари таксативно да бидат наведени и припадниците на другите малцински групи што живеат во Албанија. Но, тоа не само што не е сторено, туку се отвори широка дебата дали и воопшто споменувањето на малцинства е добро за албанската држава. Се предлага образец со графа „Албанец“ и графа „други“ резервирана за сите кои ќе се охрабрат да се изјаснат како такви сега откако се води вистинска антималцинска кампања. Истовремено, едно од клучните човекови права – правото и чинот на слободно изјаснување на етничката и верска припадност се криминализираат, стануваат предмет на кривична или прекршочна одговорност, која повлекува парична казна за прекршителите на Законот.
Луѓето кои во времето на најизопачената форма на социјализам добивале имиња, не такви што се својствени на народот и на религијата на кои припаѓале и не по избор на родителите, туку извлечени од „Именикот“ подготвен од Тирана, сега треба да достават доказ за етничкото потекло. Имено, во времето на Енвер Хоџа, локалните матични служби на секои две години добивале список на имиња што им ги наметнуваа на родителите на новороденчињата. Без разлика од која вера, нација или етникум се, децата добивале име кое го избирале во Тирана. Тешко е да се верува дека мнозинството луѓе во тоа време можеле да бара сертификат за својата национална свест и чувство доколку не биле припадници на мнозинскиот народ.
Причина за ова е стравот дека во Албанија се случува процес на „погрчување“ на дел од населението кое за моментална или трајна материјална корист, наводно, се подготвени да го сменат националниот идентитет. „Погрчувањето“ на југот на Албанија каде што живее многубројно грчко население, како што пренесуваат некои извори, обезбедува месечн�� пензија од 400 евра. Наводно, илјадници лица веќе ја смениле својата албанска (!?) националност... Колку има вистина во тоа, а колку се „податоците“ дел од кампањата да се оневозможи нормално изјаснување на пописот, може да се нагаѓа.
За да се спречело тоа, Партијата за правда, интеграција и единство (попозната како партија на Чамите-Албанци протерани од Грција) го предложи спорниот член во Законот што предвидува казна од 1.000 долари за лажните неалбанци. Членот бил внесен со цел да биде „безбедносен вентил“ за да се спречи злоупотреба и декларирање на етничката припадност заради моментална корист. Малку небулозно, но во согласност со платформата на партијата, која смета дека изјаснувањето за етничката припадност и мајчиниот јазик при попис на населението се правело само во мултиетнички држави.
„Овие елементи се за мултиетнички држави, како што се Босна и Македонија. Унитарните држави, како што е Албанија, не се опфатени во тоа. Овој процес на самоизјаснување не само што е во спротивност со албанскиот Устав туку тој не се спроведува во ниту една држава во светот“, изјави во една прилика лидерот на партијата, Шпетим Идризи.
Коментар за ова не е потребен. |
#
|
Статијата е прочитана 2162 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dejan od tugjina |
Датум: 29.08.2011 09:28:29 |
|
Nema shto da se komentira, se e jasno: neofashizmot izrazen vo forma na negiranje na postoenje na malcinstva, etniccki zaednici i sl. e "hit na denot" vo sovremena Evropa! Pa kako occekuvate da bide poinaku vo Albanija, Bugarija, Grcija i poshiroko koga vo edna Francija etnocentrizmot e drzavna politika pa!? Tamu, na primer, nitu 2,5 milioni germanci vo Alzas ne izucuvaat majcin germanski jazik, nitu mozzat da se iskazzat kako g e r m a n c i! Zzalno - no vistinito! |
|
|
|
|
|
|
Од: cigan vlada u senka od avganistan |
Датум: 29.08.2011 10:06:05 |
|
IMAME LI NIE VLADA MINISTERSTVO ZA NADVORESNI RABOTI OVA SO GODINI SE SLUCUVA VO GRCIJA BUGARIJA ALBANIE NEPRIZNAVANJE NA MAKEDONSKOTO MALCINSTVO , KOGA VLADAKE STANE I KE RECE PA DOSTA E SAMO VO MAKODONIJA MALCINSTVATA IMAAAT POVEKE OD MAKEDONCITE PRAVA OVA SITE GO ZNAAAT PA DA STANE GRUJO I DA RECE KOGA MAKEDONSKITE MALCINSTVA KE GI IMAAAT ISTITE PRAVA KAKO MALCINSTVATA U MAKEDONIJA TOGAS MOZE DA SE RAZGOVARA MA PRAVATA TUKA , VLADATA TREBA DA SE ANGAZIRA KAMPANJA ZA MAKEDONSKOTO MALCINSTVO VO SOSEDNITE DRZAVI , A NE DA KUTIME SAMO MISLAM VLADATA DA KUTI , AJDE na rabota sum treba da se raboti i pazete se od policajci izdavaat tajni preku sms |
|
|
|
|
|
|
Од: XXL |
Датум: 29.08.2011 11:38:34 |
|
Interesno ..a DPA kaj nas uste posebni zahtevi ima....e ajde da napravime reciprocitet ..pa da vidam cija majka crna volna prede...Ako gi naterame da si go verificiraat potekloto so dokumentote ke bide 70% se so dvojno drzavjanstvo od Kosovo i Albanija a najgolem broj doseleni od Kosovo i Bosna...onaka bez obzirno ni se naselija pa da kazez kaj suto pa bode.....ama podobro kazano nie si gi izgubivme rogovite poradi nekoja si demokratija koja ni udri vo glava... |
|
|
|
|
|
|
Од: амбасадор да бидам, мале! |
Датум: 29.08.2011 11:59:22 |
|
Ако е вака, тогаш, што ни кажуваше „амбасадорот“ на телевизија? Или, дечкото „није оданде“, па кога зборуваше, кажуваше што слушнал во кафиќ?!
Има ли пилот во авионов? |
|
|
|
|
|
|
Од: bgMakedonce |
Датум: 29.08.2011 14:39:03 |
|
Za postoeneto na "Makedonska nacjia " se znae samo vo Makedonija i nikade drugade vo svetot ! Za toa takva "nacija",nikoj nema da ja priznae ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 29.08.2011 15:18:05 |
|
Zastani da vidam dali te razbrav tocno.
Samo vo mala Prespa ziveat Makedonci? A tie mazeni za Albanec, ne se Makedonki? Ili ako ziveat vo glavniot grad, ne se Makedonci. Aha, Mmm.
Ako istiot zakon imame nie ke znaci li vaka, da Albancite ne se Albanci ako ziveat vo Skopje ili na nekoj si drugo mesto vonka od Tetovo?
Na mene toa mi zvuci vaka. Ako dojde do rat, site Albanci mora da se vo Tetovo, a Makedonci vo mala Prespa, pa po taa logika,ke dojde da se odvojat vie naciji i da se zdruzat so svoite nadvor od segasnite drzavi. Mala Prespa ke ni ja dadat a tie ke go sakat Tetovo. Znaci da naselenieto ke ustanovi na koj im pripaga taa zemja? Nikogas ne sum mislela da Albancite se itri ljuge, oti se sto ke napravat ke se svrti i ke im dade kloca. Sepak nie ne go davame Tetovo, bez obzir kolku ima Albanci. Prasanje.
Treba i nie taka da napravime so Albancite koji ziveat vonka od dezigniranoto Albansko naselenije?
Neli e smesno? Ova e nova taktika na razdor. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bossko |
Датум: 29.08.2011 15:57:25 |
|
За овој геноциден потег на Тирана, неопходно е, не владата, туку Собранието на македонија да дебатира. Не треба да се повикува на евентуален реципроцитет во однос на третманот на етносите, што ги сочинуваат припадниците на малцинските групи, туку на европските и светските стандарди за почитување на правата на човекот. Ние немаме лидери кои би се зафатиле со заштита на припадниците на македонскиот народ во соседдствата. Преокупирани се со себепромовирање во улога на циркуски кловнови или панаѓурски џамбази, кои на народот му продаваат шарени лаги и магли за да не се види колку длабоко пропаѓа во балканската жабокречина, ограбен, беспомошен, безнадежен. На волците од соседството, треба да им се покажат заби... Треба жестоко да се реагира. А во тоа би требало да предничат, во случајов, нашите собраќа -Албанци. Госпошата Теута, пред се, како вицепремиер, универзитетски професор и хуманист, над се. |
|
|
|
|
|
|
Од: drini |
Датум: 29.08.2011 20:56:18 |
|
...gospodine novinar...
potpisot vo albanija e protivmerka za grcite...
vie bi trebaloo toa dobro da go znaete
nema vrska so makedoncite...
albanija ne saka i nema da dozvoli grcija da gi manipulira nejzinite gragjani...a za grcite...
pa vie kako makedonci gi poznavate neli???? |
|
|
|
|
|
|
Од: vistina |
Датум: 30.08.2011 11:27:53 |
|
Kade se sega tie silni zapadni emisari kako O.B,S,E, E ,U. N.A.T.O i neznam koj da prezemat nechto za ovaj popis da recam ne normalen.Zochto amo od Makedonija se bara da gi pocituva megunarodnite prava na malcinstvata.Zochto Albanija se plachi da gi popiche malcinstvata toa chto se Makedonci Srbi,Grci, |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Zapad |
Датум: 30.08.2011 12:27:21 |
|
Ako.... neka e taka. I da ne ne popisat, vazno e sto poveke hristijansko naselenie da ima vo AL. Kako sto tie znaat da popisuvaat muslimansko naselenie da go poalbancuvaat taka i nim neka im pravat. Mnogu torbesi, cigani postanaa shkiptari. A sega gi boli a? |
|
|
|
|
|
|
|
|