Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Урната џамија ги разбранува духовите во Тетово

ИВЗ тврди дека џамијата „Гам-Гам“ не е постара
од 300 години, а според истражувачите, датира од 15 век

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО – Уривањето на старата џамија „Гам-Гам“ во Тетово, на чие место Исламската верска заедница сака да гради нов верски објект, ги разбранува духовите во градот под Шара. Дел од истражувачите на древното богатство во Полошкиот регион изразуваат загриженост што се уништуваат објекти со богата историја, тврдејќи дека станува збор за објект што датира уште од 15 век. Претставниците на ИВЗ, како и потомците на семејството што ја подигнало џамијата имаат сосема поинакви сознанија. Според нив, џамијата „Гам-Гам“ не е постара од 300 години и досега во пет наврати била обновувана. Објектот го нема во евиденцијата на Музејот на тетовскиот крај ниту, пак, бил ставен под заштита на државата.

Старата џамија беше урната неодамна. На аголот на улиците „Радован Цониќ“ и „Борче Кочовски“ во централното градско подрачје сега интензивно се работи на изградбата на новата џамија. Во џамискиот одбор сметаат дека кон средината на наредната година таа ќе биде ставена во функција.

„Џамијата беше со мали димензии и за време на поголеми молитви не можеше да ги собере сите верници. Капацитетот и' беше околу 140 луѓе. Освен тоа, беше руинирана и во многу лоша состојба. Објектот што сега го градиме ќе има 450 квадратни метри и ќе може да прифати околу 700 луѓе“, вели Неџати Јакупи, претседател на џамискиот одбор. Според пресметките, новата џамија ќе чини околу 500.000 евра.

Старата џамија не фигурира во евиденцијата на Музејот на тетовскиот крај, бидејќи, како што велат оттаму, не била ставена под заштита на државата. Ја нема ниту во Националниот конзерваторски центар.

„Кај нас нема никакви траги за оваа џамија. Не сме имале никакви истражувања оти тоа од нас никој не го барал. Не сме известени за уривањето ниту, пак, за тоа дека сега на истото место се подигнува нова џамија“, вели Среќко Јовановски, директор на Музејот на тетовскиот крај.

Зошто е урната старата џамија „Гам-Гам“ во Тетово, од кој век потекнува, има ли историска и културна вредност? Ова се само дел од дилемите што се појавија во тетовската јавност. Интересот кулминираше особено откако на Интернет-страницата за Тетово, тетовецот Дарко Гавровски наведе дека спаѓала во редот на најстарите култни објекти градена во 1463 година, со што се наметнува прашање дали требало да се урива и на нејзино место да се гради нова џамија.

Дарко Гавровски е автор на книгата „Тетовски древности“, во која, како што тврди, опфатил период од 6.100 години, навраќајќи се на Полог од праисторијата до 7 век од нашата ера. Трагајќи по минатото дошол до сознание за староста и на џамијата „Гам-Гам“ во Тетово.

„Извор на податоци ми беа старите турски ќитапи во кои најдов дека оваа џамија била градена 1463 година. Меѓутоа, пред неа била џамијата ’Ески‘ (стара), која во Тетово е позната како ’Исабегова‘, градена во 1410/11 година и неколку пати уривана. Шарена џамија или уште како се нарекува Пашина џамија или Алаџа џамија е градена во 1495 година како трета џамија во Тетово“, вели Гавровски.

По повод почетокот на градбата на новата џамија на истата локација, „Шчип медија“ наведува дека џамијата била градена 1455 година или осум години порано од тврдењето на Гавровски. Според овој извор, џамијата во неколкувековното постоење два пати била целосно реконструирана. Тетовскиот муфтија Алифекри Есати, пак, има поинакви сознанија. Според него, најстара џамија градена во Тетово била џамијата „Селчубек“ што се наоѓала кај сегашниот објект на општината. Есати вели дека џамијата „Ески“ (стара) треба да е втора.

„Но, и двете се понови од Шарена џамија. Нашите сознанија се дека токму Пашина џамија има најстари корени, а се' друго е градено во следните векови. Немаме точни податоци, но од она што досега го знаеме е дека џамијата ’Гам-Гам’ не е постара од 300 години“, вели првиот човек на тетовското муфтиство на ИВЗ.

Есати вели дека според начинот на градба и другите елементи што се показател за староста на објектите, џамијата „Ески“, Саат-џамија и Горна чарши џамија имаат многу сличности, особено по дебелината на камените ѕидови што биле ��о еден метар и оти сите се постари од џамијата „Гам-Гам“. Меѓутоа, Шарена џамија, сепак, била најстара.

Муса Аљуши, потомок на семејството што ја подигнало џамијата, објаснува дека повеќето негови предци што го граделе објектот се иселиле во Турција. Некои од нивните потомци живеат во Истанбул, а други во Ески Шеир. „Семејните истражувања потврдуваат дека џамијата ’Гам-Гам‘ има околу 300 години и во овој период пет пати била обновувана“, вели Аљуши. Тој додава дека неговите подалечни роднини од Турција планираат да учествуваат и во сегашната темелна обнова на џамијата, која шести пат треба да добие нов лик.

Во центарот на Тетово има 10 џамии

Во потесното градско подрачје на Тетово има 10 џамии и уште по една во приградските населби Теќе и Дреновец. Најнова е онаа што е изградена во Блок 82, наречена џамија на младите. Освен во Гам-Гам Маалото, во овој момент во изградба има уште една - во населбата Деребој под железничката пруга, во близина на расадникот. Во муфтиството на ИВЗ-Тетово велат дека сите поправки, преправки, нови градби, проширување и слично се вршат исклучиво со доброволни прилози на граѓаните. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 2846 пати.

Испрати коментар

Од: Sarena Dzamija-Tetovo/potsetnik
Датум: 06.11.2010 17:00:27
Nasledstvoto od Otomanskiot period sto se odnesuva na Islamot vo posledno vreme se albanizira intenzivno. Ednostavno e poveke od ocigledno deka se pravat sekakvi mozni napori da se prikaze deka se sto e Islam e albansko! Sramota i za IVZ i za pripadnicite na albanskite zaednici koi vo tek na vremeto se preselile na ovie prostori i opstojuvaat vrza temelite na turskiot Islam! Etnickoto cistenje sto go pravat ne e samo protiv Makedoncite, tuke eve i protiv Turcite! Apatijata i anemicniot odnos na drxzavata kon se sto e "otode Grupcin" povikuva na energicna akcija na site gragjani na Makedonija za da se spreci toj proces! T.n. megjunaroden faktor treba da se javi so svoj preveden komentar a ne samo da bide "Trojanski konj" za unistuvanje na ovoj del od Balkanot!
Од: sazmo
Датум: 06.11.2010 21:51:55
Akolku ziteli ima Tetovo!
Од: Nikola Belchevski
Датум: 07.11.2010 17:48:40
Pod site stari dzamii ima ostanati zidovi,freski,i grobovi od hristijanstvoto, Grev e na dusata ako se gradat mesta za molitva ,a se politicki nastroeni. Pocituvanje za muslimanskata vera,da,zosto Gospod e eden i za nas i za vas.. Koga Turcite gi gradea dzamiite,gi gradea so asli ljubov kon Boga Vnimavajte,site ce bideme sudeni na toj vek Da se pocituvame. Pozdrav/Nikola

Најди! во Утрински
Хроника
Сведок се плаши да дојде на суд за убиството пред Универзална
Стружани продавале „калашникови“
Му се превртел тракторот и го прегазил






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status