Број 2852  вторник, 02 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Силувани мајка и две малолетнички

Едно од трите силувања се случило во околината на Росоман каде жртва е 13-годишно девојче

Триесет и шестгодишниот Ѓ.Д. од селото Луке, Кривопаланечко, осомничен е дека силувал 24-годишна соселанка. Во исказот на жртвата се вели дека во неделата попладне, додека се враќала дома со своите две малолетни деца, била пресретната од Ѓ.Д., кој со нож се заканил дека ќе ја убие и ја силувал. Откако случајот бил пријавен во полиција, надлежните наредиле лекарски преглед врз оштетената и сторителот. Во медицинскиот наод е утврдено дека врз телото на 24-годишната жена постојат видни траги на насилство. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и изготвување кривична пријава против Ѓ.Д.

Изминатиот викенд полицијата евидентираше уште два случаја на сексуално насилство. СВР-Штип поднесе кривична пријава против И.Т. (20) од Козјак поради „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Тој во саботата дошол дома со 13-годишно девојче од Кочани со намера да склучат брак, а имал полов однос со девојчето. Истражен судија на И.Т. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

За истото дело е пријавен и С.С. (27) од Росоман, кој пресретнал 13-годишно девојче, насилно го внел во својот автомобил и го обесчестил. И нему му е одреден едномесечен притвор. (Х.Р.)


Статијата е прочитана 2339 пати.

Испрати коментар

Од: mk_devojche
Датум: 02.12.2008 00:55:33
mislam deka treba i policijata i vesnicite obvinetite za ovie zlodela da gi soopshtat so polno ime i prezime a i slika, da znae narodot za kogo stanuva zbor. ova se grozni zlodela ne treba da se shitat napagjachite tuku segashnite i potencijalnite novi zhrtvi.
Од: od majka
Датум: 02.12.2008 06:00:12
se slagam so mk_devojche i ne znam kolku pati sum go pustila istiot komentar, no mediumive ostanuvaat gluvi. i mene ne mi e jasno kogo treba da go zastitat: novite i potencijalni zrtvi ili napagjacite, ILI bas im e gajle koja ke bide slednata zrtva tie pak ke napisat najverojatno pak so inicijali.
Од: [email protected]
Датум: 02.12.2008 07:14:16
M.C. G.D. P.T U.V. drtara prtara dosta veke so ovie dvojno standardni odnesuvanja. Da e nekoj albanec ke go kazhete i so tatkovo ime i prezime. Ne sum protiv da se pişuva ime ali neka se pişuva za sekogo i plus toa neka se stavi i slika. Zoşto gi kriete ovie luge. Ili pak ne e vistina i vie kako novinar nemate şto da pişuvate pa izmisluvate samo. sramota....
Од: gora
Датум: 02.12.2008 07:55:46
se slozuvam so dolunavedenite deka i imeto i prezimeto i slika da se pokaze od monstrumite taka da bidat kamenuvani i progonuvani od selanite i od narodot i onaka nema nikakva kazna za 2 meseci ke gi pustat doma barem da bidat odstraneti od socijalnata sredina vo koja ziveat ah lele bre boze mili za ovie satarot ili kremiranje nema drugo care.
Од: majka
Датум: 02.12.2008 09:03:50
Mislam deka pedofilite se bolni luge i se navrakaat povtorno na zrtvata ili baraat novi zrtvi,zatoa se slagam so drugite....pokazete slika so ime i prezime. Da gi vidat lugeto(roditelite) za da imaat moznost da gi zastitat svoite deca.Ova e neverovatno sto ni se slucuva,nemozam da veruvam deka ima tolku bolni luge vo drzavata
Од: mene
Датум: 02.12.2008 09:39:19
mislite deka so krienje na iminja, ke ja socuvuvate privatnosta na storitelite, pa da se prasame dali tie se grizat za privatnosta na zrtvite? dali zasluzuvaat prikrivanje?? no ova i vie noinarite ne treba da go dozvolite, se razbira ako se smetate za objektivni
Од: zane
Датум: 02.12.2008 10:53:20
Jas ziveam vo Holandija i ovde se slucuvaat sekojdnevno takvi grozomorni dela.I sekogas imeto i prezimeto se kazuvaat celosno,i se stava slika od pedofilot ili siluvacot.Potpolno se soglasuvam so drugite komentari.Koga toj se osmelil da pluka vrz cesta na edno dete ili zena,zosto da ne moze da pluka cel narod vrz nego.Lugje se shtitat a ne takvi zverovi.
Од: ДимоАго
Датум: 02.12.2008 13:44:33
Ако постои вест која најтешко ја примам е силувањето жени и деца или собраќајни несреќи со човечки жртви.Ако понекогаш ова второво е судбина, првово е дефинитивно болест и тоа за жал неизлечлива.Минимум 20 години затвор(или уште подобро доживотен), и се согласувам со коментарите дека треба медиумите што поагресивно со големи слики(и насловни страни ако треба) и кратки биографии да ги претставуваат овие МОРОНИ на пошироката јавност.
Од: od Mile fr
Датум: 02.12.2008 18:56:53
koga doagame od stranstvo vo Makedonija ni kazuvate za nekoj lud zapad na pr pedofili ,krazbi siluvanja a vie vo Makedonija videte se vie najaki ste prvi nema podobri od vas Bolni

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Инкасантите од „Змиско око“ бараат да се вратат на работа
Сообраќајната култура е предуслов за безбедност на патиштата
Од Америка нарачал пожар во Ореше
Скопјанец ги претепал сопругата и бабата
Со пиштол изнудувал пари од деда си