Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Мислења

Мислења

Сомнителни политички компромиси

Назми Малиќи

На коалициските партнери во Владата би требало да им биде совршено јасно дека времето за одржување парламентарни избори се приближува

За лошата социјална состојба, повикувајќи се резултати од истражувања, граѓаните постепено се приближуваат кон негативно произнесување за власта за да не ги нарушуваат и понатаму нивните разумни однесувања кои се и дел од културната и национална вредност. Да бидеме на јасно, на мнозинство од граѓаните им совршено јасно дека приближувањето и зачленувањето на Република Македонија во НАТО е темелен општествен консензуален процес, со своја значајна политичка, економска, социјална и безбедносна содржина. Исто така им е јасно дека би требало да се движиме во рамките на политичко, правно, економско и целосна спроведување на Охридскиот рамковен договор, безбедносните стандарди итн., кои треба да ги исполни Владата на Република Македонија. Сега, Владата, треба да биде само потранспарентна, појасна, со појасна политичка комуникација и да им објасни граѓаните - што се згреши, односно што се глуми во владината дипломатија како инструмент на надворешната политика, во доменот на билатерални односи и со ЕУ и НАТО-интеграциските политики, кога се во прашање меѓусоседските односи согласно со Привремената спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија (документ 95-27866, составен во Њуjорк на 13 септември 1995). Да објасни зошто се кочи интеграциониот процес.

Потоа, партиските коалициски партнери во Владата на Република Македонија не би требало да ги убедуваат граѓаните и нивните партиски опоненти колку им е добра власта и каква стабилна коалициска политика имаат. И за нив би требало да биде совршено јасно дека времето за одржување парламентарни избори се приближува. Редовни или предвремени парламентарни избори ќе имаат законска смисла и граѓанска доверба за регуларноста само тогаш кога оваа Влада ќе пристапи во рамките на законот да го ажурира Избирачкиот список од 1.800.082 избирачи, кои беа евидентирани на последните претседателски избори. Со години на сите им е јасно дека невозможно е две третини од граѓаните, или повеќе од тоа, да имаат право на глас. Ваквата препорака од избори на избори се повторува. Од преставниците на ОБСЕ и на ЕУ по минатите изборни циклуси се бараше зацврстување на капацитетите на администрацијата надлежна за организирање на изборите. Да не се повторуваат лошите претстави за нерегуларни избори. Досега, по секои избори, имаше партиски и владини убедувања дека намерните грешки нема да се повторуваат. Надлежните од ДИК и самите цврсто ветуваа „прочистен Избирачки список, како клучен фактор за фер и регуларни избори“.

Веќе е цементирана дефиницијата дека граѓаните повеќе се согласуваат да бидат управувани со демократски принципи, со својот глас да придонесуваат за нив, да живеат и да зависат од законски норми отколку од правила што се повикуваат на периодични политички компромиси и сомнително програмирани партиски коалиции. Да бидеме на јасно, по нерегуларните избори се провлекуваа штетни последици и нарушувања на политичкиот систем на државата - од матичарот во месната канцеларија до премиерот на влада и претседателот на државата. Можеби и затоа дел од луѓето кои се во владините структури граѓаните ги препознаваат како несоодветни за функциите на кои се инсталирани.

Освен изборите и маршот на опозицијата, овие денови беа актуелни и повеќе други теми - за слободата на медиумите, за интеграциите, за буџетот и за загреаната меѓупартиска комуникација. Во продолжение повеќе би сакал да се фокусирам на една категорија граѓани, кои се таргет предизборна група речиси на сите политички партии. Таквата реалност, таквата политичка претстава успешно ја глумат или успешно ја злоупотребуваат. Бидејќи бројот на социјално загрозени семејства е значајно голем, како и невработеноста, јасно е дека ќе има голем број граѓани што се незадоволни од својот социјално-економски статус. Тие на го посакуваат таквиот статус, затоа што веќе се во безнадежна состојба, па како да не раз��ислуваат за други алтернативи.

На повеќе граѓани им е отежнато или воопшто им е невозможно легално вработување. Веќе не е можно вработување без партиска книшка и без корупција. Од друга страна, вреди да се анализира и состојбата дека на дел од вработените во владината администрација или во приватниот сектор како да не им значи многу нивното вработување. Имено, тие тешко ги користат своите права како вработени. Дел од нив како да се доведени во состојба да ги помешаат, односно да не им бидат веќе јасни и историските временски периоди. Можеби се и во дилема дали нивните права како вработени се на ниво својствено на периодот на феудализмот или на денешното време. Поточно, дали за нив важат законските норми што би требало да бидат унифицирани и да се базираат врз меѓународните стандарди. За ваквите состојби со кои се засегнати дел од граѓаните како да затаила професионалната грижа на владините компетентни органи, на синдикатот и на невладиниот сектор, кои повеќе се програмски ориентирани на заштита на човековите права и слободи.

Во овој контекст, моето размислување ќе го заокружам со муабетот со еден мој пријател, со кого деведесеттите години имавме печалбарски живот во Австрија. Овие денови во Скопје тој ми зборуваше за некои појави и за сомнителните бизнис-мрежи, кои наводно ги следи од музејскиот град Виена. Разменивме мислења за некои политичари и за нивната логистика, за партиските криминалци кои се влијателни, за богаташите кои се личности и авторитет, но и за богаташите кои се бедници. Правевме споредби, отворавме и други теми. Тој ми раскажуваше за една омилена тема, за еден наш пријател, кој среде Виена живее и работи како еснаф, чесен мајстор, и како фамилијарно го гради и го унапредува својот бизнис. Ми зборуваше како со него ги споредувале, ги селекционирале богаташите - на домаќини-богаташи и на бедници-богаташи. За оние домаќините се' е јасно, додека она „ем богаташ ем бедник“ некако не ми е сосема јасно. Пријателот сакаше да ми биде појасен и ми објасни дека богаташ-бедник е посебна категорија, додека богаташ-господин е по правилата на лозата. И тоа во денешно време како да се промени. Но, со некои споредби и спомнувања на некои луѓе кои се во сферата на бизнисот, со аргументациите дека тие поминувале повеќе време да се вратат на свое некако како да ме убеди.

На крајот на нашата прошетка по старата Скопска чаршија, муабетот сакаше да го заокружи со сомнителните спонзорства. Пријателот ми зборуваше за сомнителните спонзорства на споменици, притоа сакаше да ме убеди дека тој знае повеќе од мене и дека проектот „Скопје 2014“ повеќе е дело на грчките и на српските лобисти. Како да сакаше да ме убеди дека споменикот на Александер Македонски во центарот на Скопје, што ќе се постави за некое време, повеќе им значи на Грците и на нивната историја и култура отколку на Македонците. Такви раскажувања и објаснувања следуваа и за културниот интерес на Србите за градење центар на главниот град Скопје, каков што се гради. И така, јас не му реплицирав, се разбира, нашиот муабет повеќе носталгично ме потсетуваше на моите печалбарски денови пред деведесеттите години.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 1054 пати.

Испрати коментар

Од: Toma Gule
Датум: 16.12.2010 18:15:55
Aферим и ашколсун! Коментарите на г. Назми Малиќи редовно ги следам и ги ценам како мошне објективни, ослободени од национал-патриотизам. Со задоволство би сакал да бидам негов бизнис-пријател од Австрија на темата за името на нашата заедничка држава која тогаш се викаше СРМ, а Грците ја викаа Скопиа (Југославија). Што мислите, почитуван, за предлогот за спорот: Северна Република Македонија - за меѓународна употреба, без менување на пасош, македонски идентитет во ОН, а Грците нека не` ословуваат со Скопиа во нивната комуникација. И за сугестијата: нашта држава да направи анкета за добрососедските односи на примерок од 1100 посетители од Грција во Гевгелија, на пример, за време на пазарите, и резултатите да и` ги достави на ЕУ?
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 17.12.2010 04:56:32
Gos. Profesore! Zosto, ednas ne izberete eden Subjekt ,veruvam mnogu poarno ce ja prestavite Vasata Misla. A , vaka mnogu izreceno,a nisto ne definisano.Pa i najosnovnoto pisuvane,-raskazuvane ne ucese; Uvod,Obrazlozenie i Zakljucok.Pocnavte od Ohridskiot Ramkoven i stignavme na Bit Pazar-Stara Carsija vo Skopje..Se ova me pdsetuva na sekoj Americki Senator;Mnogu Zbori,a Nisto ne Kazuva,ili po nasinski; Melje ,Melje,a Brasno Nema!

Најди! во Утрински
Мислења
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census