Овен
Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, принова. Блиските ве поддржуваат и настојуваат да направат се' за да уживате. Моментно ви се туѓи проблемите кои до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно постапивте. Бидете среќни, здрави сте и имате одлична кондиција.
Бик
Вљубени сте, а тоа е вообичаено за вас. Но, внимавајте денес може да ја "изгубите " главата, а на тоа најмногу се надевате. Евидентни се зголемени емотивни реакции. Потрудете се вниманието да го насочите на позитивни работи, а не на расправии со околината.
Близнаци
Променете го предметот на интересирање, а потрудете се во практика да примените нешто од наученото. Бидејќи не сакате да експериментирате со ништо во животот, барем потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.
Рак
Со близнаците одлично соработувате, што не е така честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, и може тоа е причината за вашата површност. Вашите претпоставени бараат стручно да се усовршувате, исполнете им го барањето.
Лав
Среќни сте и задоволни. Во ова расположение повеќе уживаат машките припадници на знакот. Неочекувани случувања ви го враќаат оптимизмот, а една средба ви буди нова надеж. Со водолиите воспоставивте другарски контакт, продолжете така.
Девица
Вложувате голем напор за да завршите одреден број обврски, но не ви е тешко бидејќи сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните проблеми, не сакајќи никого да повредите. Сонувате за една средба, која целосно ќе ве исполни.
Терезија
Бурни реакции, расправии и нервози... Терезиите кои се обезбедени на емотивен план немаат вакви проблеми. Тие се мирни како бубачки, но оние другите сето свое незадоволство и' го префрлуваат на околината. Потрудете се да не ширите нервоза и смирете се.
Скорпија
Планирате нови професионални и друштвени контакти. Се трудите да организирате средба со личност, која долго не сте ја виделе, но не очекувајте многу од таа средба. На работното место се трудите да бидете интелектуално надмоќни.
Стрелец
Се' ви е наклонето, уметнички сте ориентирани и емотивно задоволни. Со партнерот остварувате добра врска, од која двајцата ќе профитирате. Тој мора повеќе да работи, а вие сте задолжени за "маркетингот". Излезете со друштво и забавувајте се.
Јарец
Пред вас има многу работа, а малку помош. Морате многу да работите ако сакате да успеете. Додека партнерот ужива, вие се грижите за празничните набавки. Како и да е, се чувствувате среќни и задоволни, ова е единствен период во годината кога навистина уживате.
Водолија
Уживате кога сте со друштво, но на крај ќе бидете разочарани, бидејќи сите ја користат вашата искреност. Но, конечно сте среќни на емотивен план, бидејќи сите недоразбирања со партнерот се разбистрија. Семејните случувања влијаат на наглата промена на оптимизмот.
Риби
Евидентна е ментална, емотивна и физичка криза. Одговор на многу прашања побарајте во недостатокот на виталноста, па настојувајте да се зајакнете. Ви одговара осаменоста, бидејќи никој не е во состојба да ве расположи. Смирете се, незадоволството е само моментна појава.
|