Број 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Македонскиот мед не оди во Пекинг

Членовите не ја добиле финансиската поддршка која им била ветена од Министерството за земјоделство

Нема да се реализира планираниот извоз на македонски мед за Летните олимписки игри во Пекинг, објави граѓанското здружение „Еснафи“.

Причина за тоа е неопходната финансиска поддршка која членовите не ја добиле, иако им била ветена од Министерството за земјоделство.

„Требаше да извеземе 300 тони мед во Кина, за што добивме поддршка од вицепремиерот Зоран Ставрески, од министерствата за економија, за земјоделство и за надворешни работи. Но, кога тоа требаше да се реализира, Министерството за земјоделство, иако вети, не ги плати трошоците за петчлената делегација во висина од 11.500 евра“, објасни претседателот на здружението, Љубомир Ракиџиев.

Според Ракиџиев, откако пропаднало патувањето за Пекинг, здружението добило објаснување од Министерството за земјоделство дека средствата треба да ги одобри комисија што ќе се формира кон крајот на мај годинава. Министерството за економија, пак, платило патување за двајца од делегацијата, но било договорено никој да не замине.

Тој на прес-конференцијата најави дека на 8 и 9 август, истовремено со Летните олимписки игри, во Битола и во Велес ќе се одржи бизнис-форум за дегустирање македонски мед.

Овие тврдења ги демантираа откај министерот за земјоделство, според кои не им било ветено пари на медарите од „Еснафи“

„Никој од Министерството за земјоделство, ниту министерот ветил дека ќе ги покрие трошоците за патување на делегација од здружението во Кина. Министерството нема обезбедено финансиски средства за покривање такви трошоци и тоа му беше кажано на здружението“, изјави портпаролката Соња Трајкова.

Според неа, министерот Спасеноски јавно кажал дека ги поддржува сите иницијативи на македонските производители во рамки на можностите, а ако некој има сериозен бизнис, тогаш и ќе се обезбедат пари за трошоците во Кина. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1444 пати.

Испрати коментар

Од: Angel
Датум: 09.07.2008 01:47:27
Kako sega naednas ne im vetile pa ubavo e kazano"Ako nekoj ima seriozen biznis ke mu se dade finansiska pomos" a sto da bide poveke ,od tolkavo dobieno kolicestvo med.Dali e toa neseriozno?
Од: Пинг
Датум: 09.07.2008 07:24:50
Не знам каква форма има тоа Здружение Еснафи-кого го застапува, има ли овластувања некого да застапува исл....Ама, да се вадат на ваква глупост, демек, Владата не ни плати пат во износ од 11.500,оо евра, ептен е наивно. Од друга страна се спомнуваше некоја милионска (во евра) сума за овој бизнис. И ако за многу работи Владава не ми е по ќеиф, овој пат БИЗМИСМЕНИВЕ нека бараат друг виновник.А бре луѓе, ако немате или не можете да најдете пари за пат да платите, ај не се чаталете. Лично, ова повеќе ми личи како можност некој да си направи екскурзија. Очигледно и си доби, ЕКСКУРЗИЈА СО ПАМЕТОТ. Ееднаш за вечност некој од новинариве нека напише ШТО е ДРЖАВАТА, дали таа треба да дава, или ние граѓаните. Само без социјалистичко-комунистички пароли. Уште долго нема да не биде за држава...Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: Медарски
Датум: 09.07.2008 08:29:37
Македонскиот мед неоди во Пекинг, но затоа директорот на Држаниот архив ќе оди во Малезија. Наздравје.
Од: Скопско
Датум: 09.07.2008 12:20:33
Доколку стварно има толкава количина на мед за извоз и доколку стварно тоа го произвеле 2000 пчелари, зашто било проблем да секој пчелар одвои по ни 6 евра за да „делегацијава“ отиде во Кина? За заработка од (така пишуваат во другите весници) 5.000.000 евра, срамота е да се пишува дека Владата го „уништила“ бизнисот.
Од: prilepcanec
Датум: 09.07.2008 13:00:02
dali mora da cekaa nekoj da im go plati patot do kiina 11 500 evra , a se raboti za 300 toni med da go prodadat , pa neka si platat sami i posle neka mu zadrzat nas tie so ke go prodadat medot.l makeodnksa rabota da cekeame od nekoj i da kukame se nema.
Од: Petre
Датум: 09.07.2008 13:42:28
ima li logika da izvezuvame vo Kina i drugi dalecni drzavi relativno eftini proizvodi ?? pa koj ke go plati transportot ?; od druga strana kaj nas se uvezuva med od Grcija i drugi okolni drzavi.. ..rabotata e im propadna setanjeto
Од: kristian
Датум: 09.07.2008 14:06:54
del od makedonskite pcelari se edna bagra profiteri koi eden vek se slepat na grbot na pcelite i drzavata .Na 300 tona med po 2 denari e 10 000 evra so koi ke se pokrie trosokot koj go barat od drzavata.A kolku se lakomi podobro i e da cuvat kravi oti tie poveke kakat od pcelite. pozdrav

Најди! во Утрински
Економија
Паѓаат откупните цени на доматите
Владата ќе прави нафтени резерви, ќе ги плаќаат фирмите
„Мајкрософт“ сака да ги обнови преговорите за купување на „Јаху“
Буш приврзаник на политиката на „силен долар“
МБИ 10 со скромен пораст
Текстилни брендови не се прават со скапи кредити
Нафтата вчера под 140 долари
Британија е на работ од рецесија
ЕВН-ЕСМ пак исклучува
Сите дозволи за извоз и увоз на еден шалтер

"""