Број 3497  четврток, 03 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
3497

Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација

Конкурираа: Љупка Арсениевска, Милка Стефкова, Лилјана Ивановска-Шопова, Блаже Трповски и Лидија Неделковска

Петмина кандидати претендираат за престижната претседателска фотелја во скопска Апелација. Кој ќе биде наследникот на судијата Јордан Митриновски, кој си даде оставка на функцијата во средината на декември минатата година, ќе биде познато в понеделник, за кога е закажана седница на Судскиот совет на која една од точките е избор на претседател во овој суд.

За местото прв човек на најголемиот второстепен суд во државата, во кој по жалба доаѓаат најголемите корупциски судски процеси, конкурираа в.д. претседателката Љупка Арсениевска, судиите Милка Стефкова, Лилјана Ивановска Шопова, Блаже Трповски и актуелната претседателка на Основниот суд Скопје - 1, Лидија Неделковска. Во судските кругови како најсериозен кандидат се споменува името на шефицата на скопска „единица“, која како што тврди, кандидатурата ја поднела во последен миг и има силна поддршка од власта. Интересот за тоа кој ќе го пополни испразнетото место е голем, бидејќи наскоро по жалба тука треба да се одлучува во предметите со поранешни високи функционери, како што се експремиерот Владо Бучковски и некогашниот вицепремиер Васил Тупурковски.

Раководното место во скопска Апелација се испразни по скандалот со притворот со тутунскиот бос Бајруш Сејдиу кога Кривичниот совет на чело со Митриновски донесе одлука за замена на притворот со домашен притвор и гаранција од 140.000 евра. По барање на заштита на законитоста поднесено од Обвинителството на Македонија, Врховниот суд го укина решението на Апелација. Митриновски тврдеше дека донеле законска одлука, а „несовесноста и нестручноста е на друга страна“, алудирајќи на Врховниот суд. Но, за кратко време тој ретерираше во ставот и најверојатно под силен притисок заедно со судијата Исмаил Лимани си даде оставка. За Митриновски моментно се води и постапка за утврдување на нестручно и несовесно однесување во споменатиот предмет, додека Лимани се збогува од судската функција. Скопска апелација во последните две години беше предмет на постојан притисок од извршната власт, бидејќи се доживуваше како брана за крупните корупциски скандали, како што се „Змиско око“,„Тупурковски“, кои беа укинати и вратени на почеток. Судскиот совет разреши и двајца судии од овој суд, бидејќи сметаше дека кривичарите Виолета Дума и Владимир Џилвиџиев не постапиле правилно кога не му го смениле името на турскиот државјанин со двоен идентитет.

На понеделничката седница Судскиот совет ќе се обиде седми пат да избере претседател на струмичкиот суд, како и на Основниот суд во Радишани. На дневен ред се неколку избори на судии, додека унапредувањата во повисок суд се одложени додека не се усвои подзаконскиот акт за анонимно анкетирање што како новина е предвидено во измените на Законот за Судски совет. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1746 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Димитар Чулев
Поглед
Бојан Шашевски
Мислења
Петар Арсовски

Чепкањето по контејнери ќе стане легален бизнис

Битола под опсада од волци

"""

Скарлет Јохансон
Русокосата се смири со сопругот

Славонски пејач
Кичо Слабинац доживеа мозочен удар
„Големо срце“ за Каролина

Акција: слабеење
Слабејте полека и останете вити

Акција: слабеење
Најефективно е вежбањето во група