Фудбалски вести

Капело: Тери прибери се, Фердинанд е новиот капитен
Иако, многумина го очекуваа Дејвид Бекам за капитен на англиската репрезентација, по одлуката на Капело да му ја одземе лентата на Џон Тери, Италијанецот, сепак, таа улога му ја довери на дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд.
Капело одби да даде објаснување за својата одлука, иако може да се претпостави дека главната причина е недоличното однесување на Џон Тери кон судиите во последните неколку натпревари на Челзи.
„Не сум должен никому да му објаснувам зошто носам такви одлуки. Играчите мораат со однесувањето на теренот да бидат пример за сите, а тоа го вклучува и однесувањето кон судиите и гледачите. Капитенот мора да биде пример за сите, мора да биде водач, некој кој на тренингот сите ќе го следат. Засега е капитен Рио Фердинад. Го гледав на тренинг. Неговата пожртвуваност и карактерот се главните причини поради што му ја доделив капитенската лента“, изјави Капело.
Убиени тренерите на турски третолигаш
Двајца тренери на турскиот фудбалски третолигаш Бафраспор убиени се во вооружен напад на просториите на клубот.
Тренерот на голманите Исмаил Курт (43) почина веднаш, додека главниот тренер Седат Гезер (53) почина на патот кон болницата. Во пукотницата ранет е и сопственикот на клубот Енгин Озарслан (62) за чиј живот лекарите се' уште се борат. Турските медиуими јавија дека на жртвите пукале двајца напаѓачи за кои полицијата уште трага.
Морати е подготвен Манчини да го замени со Мурињо
Претседателот на Интер, Масимо Морати, го промени своето мислење, кога станува збор за тренерот Роберто Манчини, за само неколку дена.
Откако кажа дека Манчини останува главната опција на Интер, вчера „Корирере дела Спорт“ објави дека Морати веќе ја има завршено работата со доаѓањето на Жозе Мурињо. Според изданието од блиските луѓе на Морати се дознава дека Португалецот ќе заработува пет милиони евра по сезона.
Неверојатни 20 милиони евра од Јувентус за Петриќ!
Според пишувањата на „Билд“ италијанскиот фудбалски див во наредните неколку дена во Дортмунд ќе прати рекордна понуда за хрватскиот напаѓач Младен Петриќ вредна фантастични 20 милиони евра.
Скаутот на Јувентус го гледаше Петриќ на мечот со Карлсруе и имаше што да види. Хрватот одигра одлично и даде гол од слободен удар. Петриќ е врзан со Борусија Д до 2011 година, меѓутоа фактот што само по една година од 3,5 милиони, колку што вложија „милионерите“ за трансферот на 27 годишниот фудбалер од Базел, можат да заработат шест пати повеќе, секако ги прави Герамнците расположени за преговори.
И за Јувентус ова би било своевиден рекорд, бидејќи до доведувањето на Трезеге, Недвед и Буфон нема идзвоено толку пари. Дури и кога го донесе Ибрахимовиќ од Ајакс Јуве плати 16 милиони евра.
Реал М. нуди 12 млн. евра и Дела Ред за Чави Алонсо
Реал Мадрид понуди 12 милиони евра за играчот од средниот ред на Ливерпул Чави Алонсо и плус Рубен Дела Ред. Откако Бенитез сфати дека Алонсо, по повредата никогаш нема да се во старата форма од пред неколку години, веројатно ќе ја прифати понудата. Причина повеќе е што на крајот од минатата сезона Бенитез беше заинтересиран токму за Дела Ред, но овој сепак, се одлучил да остане во Шпанија потпишувајќи за Гетафе за три милиони евра. Да потсетиме Ред е јуниор на Реал Мадрид, а во клаузулата на договорот со Гетафе стои дека „кралевите“ може да го откупат договорот по една година за пет милиони евра, што Мијатовиќ би го направил во случај на трансфер на Алонсо. Така конечната вредност на трансферот на Алонсо би била 17 милиони евра, што е за три милиони повеќе од неговата преселба од Реал Сосиедад во 2004 година. |