Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Испревртени вредности во ненормално време

Иван Бојаџиски

Најновиот скандал со малолетничка проституција во режија на бизнисмени од Штип и од Кочани, кои на девојчињата можат да им бидат дедовци, спротивно на очекувањата, не предизвикаа премногу вознемиреност, барем во овие градови. Коментарите се сведуваат на тоа дека целата скандалозна епизода е нормален продукт на ненормално време во кое царуваат испревртени вредности. Дисфукционални семејства, образовен систем во кој ја нема воспитната компонента, доминацијата на материјалното во однос на моралното, телевизиите на чии програми доминантни се филмови и емисии со насилна тематика, Интернетот како глобална институција на која секое, барем и малку компјутерски писмено дете може да најде се' и сешто...

Во штипскиот пример се јасни поголемиот дел од причините што го предизвикаа скандалот со бесчувствителното искористување на несозреаните детски души и тела од возрасни, богати поединци кои, според тврдењето на психолози, и сами сигурно имале фрустрирачко детство.

Двете малолетнички се дел од дисфункционални семејства. Мајката на едното од девојчињата се мажела три пати, а извесно време и воопшто не живеела со својата ќерка. Психолози велат дека на децата од такви семејства им недостасува најважното - родителската љубов и воспитание, дека силно им недостасувале топлината на семејството и скромната материјална поддршка од родителите. Малолетничките немале чувство дека н��кој се грижи за нив. Поради тоа, замената за вакво нешто нашле во постарите лица кои им го понудиле сето она што го очекувале од родителите, од семејството, а не го добиле. Опсипани со внимание, со „мило мое“, со подароци во вид мобилни телефони, сим-картички, летувања во Охрид, ноќни седенки во вили и во станови, се' уште несозреаните девојчиња прв пат во животот, имале чувство дека некој се грижи за нив, дека некому му значат.

Тројцата бизнисмени кои се јавија во улога на силувачи на иднината на малолетничките, психолозите ги опишуваат како психопати кај кои нагоните за самодокажување се поизразени од моралните норми и вредности од кои треба да се води секоја нормална личност. Забегани од моќта на богатството, кое го создале во периодот на транзицијата, овие луѓе од кои двајца постари од 63 години, создале илузивен свет за себе дека можат се' што ќе посакаат. А дека нивните баханалии и изживување врз се' уште несозреаните во секоја смисла девојчиња нема да бидат откриени и соодветно санкционирани. Во тие и такви околности на развратничко однесување тие сексуално ги искористувале девојчињата без притоа да помислат дека дома имаат внуки на иста возраст.

Во Штип и во Кочани не се шокирани од самиот настан колку од вкупниот општествен амбиент за кој, барем така се говори, се' повеќе погодува на случувањето на вакви скандалозни појави. Најголемиот дел од граѓаните ќе речат дека во новиот капитализам во кој моралот е неспомнувана категорија, мајките се' поретко ги гледаат децата работејќи од утро до мрак, секој празник и секоја сабота, главно, во конфекциите и во чевларските фирми.

Во такви околности воспитувањето на децата станало заборавена категорија иако семејството, во однос на воспитната димензија, според психолозите нема замена. Збунувачки изгледа и фактот дека од училиштето на малолетничките никој не им сигнализирал на родителите за отсуствата од настава. Освен на родителските средби, на кои родителите на искористуваните девојчиња и не доаѓале.

Последиците од овој скандал со искористување на девојчиња во раширената малолетничка проституција се познати. Останува да се види дали и колку сите повикани институции во општеството ќе се впрегнат во борбата за елиминирање на причините што погодуваат на оваа појава. Најверојатно е дека и овој случај ќе биде покриен од некој нов скандал, па ќе замине во историјата покриен од пожолтените лисја за новата есен.


#
Статијата е прочитана 1582 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 11.09.2010 12:39:26
Има и полошо од тоа да ваков настан се смета за „нормален“ продукт на капитализмот. Во врска со овој настан можеа да се слушнат и коментари од типот „алал да му е’ (!) и „па што, со пари се’ се купува“ (!!!) Дали навистина баш се’ во нашево зачурено општество отишло на распродажба?! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: jovan
Датум: 11.09.2010 16:05:49
Dobro e sto se otvori ovoj"problem"bidejki veke e navistina problem,a i ne e samo Stip.Ova se slucuva niz cela Makedonija i sto e najvazno stana normalna pojava.Toa sto site se pravime"zacudeni"e vsusnost samo gluma ili sram od ona sto ne snajde.Ne e nikakva tajna deka megu devojcinjata vo moda e da se bide"sponzorusa"sto vo"sloboden prevod"znaci prostitutka.Ne e tajna deka sekoja vecer mnogu"biznismeni"domasni i stranski ovde dobivaat "uslugi"od srednoskolki(maloletnicki)i toa dosta eftino i bez problemi.Ne e tajna deka vo hotelite ima eden kup"gosti samci"koj imaat anonimni posetiteli,ne e tajna deka na taxistite im se nudi da im se plati vo"natura",i bezbroj bezbroj "normalni" raboti za koj sega nie se pravime"zacudeni".Sto e najstrasno ovaa pojava zema zamav se poveke i poveke.Velat deka ova se slucuvalo samo vo posiromasnite semejstva,no ne zaboravajte deka siromasni se 80% od semejstvata.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 12.09.2010 05:54:45
Ajde bre-Ona najprosto obracane na Tetovski se Veli;Stip,Skopje ,Kocani i ostanatata Makedonska Tugovanka, E,,Sitna Boranija".Vo Tetovo i Tetovskite Sela Ovoj biznis e utaban [proveren] biznis so golemo iskustvo,i toa iskustvo so skoro 30 godini.VoTetovo sekogas Vrtele golemi pari,a kade se vrtat pari; Se se vrti; Mladi, stari,namesteni,zakonski i nezakonski. ,! Srbite imaat edna ubava izreka,,Kade Svrdalot ne Vrti ,Parite Vrtat

Најди! во Утрински
Едиторијал