Во Македонија, земјата на чудните политики, ненормалното стана нормално, а нормалното- ненормално
Дали е нормално власта крвнички да ја напаѓа опозицијата со идеја не само да ја омаловажи, туку и да ја снема од политичката карта. Дали е нормално власта да ги сатанизира инакумислечките - интелектуалци и претставници на невладини организации - кои критички ја опсер��ираат нејзината работа. Дали е нормално македонски пратеник во Европскиот парламент да се нафрли со непристоен речник врз амбасадорот на ЕУ во Македонија. Дали е нормално синдикалец, кој неодамна стана и прв човек на најголемиот синдикат во земјава со години, до вчера, да зема плата од државата. Дали е нормално MВР наместо да биде заштитник на граѓаните, да повикува граѓаните да тужат медиум и со тоа да ја бранат полицијата. Дали е нормално Владата да биде најголем работодавец и огласувач. Дали е нормално власта да стои зад битка на медиуми против медиуми и на новинари против новинари за превласт на ЗНМ. Дали е нормално полицијата да им забрани влез и излез на новинари од медиумот кадешто работат, без да им објасни зошто. Дали е нормално, стотина полицајци и специјалци да штитат со ништо незагрозени инспекциски службеници...
Да, нормално е сето тоа - во Македонија - во земјата на чудата, односно во земјата на чудните политики и политичари. Во земјата каде што се' е извртено, во земјата каде што ненормалното стана нормално, а нормалното ненормално. По скандалот на пратеникот Ѓорчев (веројатно, А1 и се' друго), Брисел прашува каде оди Македонија. За да го провери тоа на самото место ургентно прати свој функционер „за да добие одговор за тоа која е идејата од ваквата политика, за која во Брисел веќе нема сомнение дека не е инцидентна туку осмислена, при што прв пат посочија со прст кон премиерот Никола Груевски“. Коментирајќи ги македонските состојби, Јорго Шацимаркакис, германски европратеник, копретседател на Мешовитиот комитет на Европскиот парламент, во „Дневник“, вели: „Во нормална ситуација опозицијата ја напаѓа Владата. Владата е на власт и има пријателски и непријателски медиумски реакции. Тоа е нормално насекаде. Она што за мене е ново овде е што владата ја напаѓа опозицијата. Владата е влада. Таа работи и нема што да ја напаѓа опозицијата. На опозицијата и' е работа да ја напаѓа владата. Кај вас е обратно. Тоа не го разбирам“.
Откако и годинава остана без датум за преговори со ЕУ, без покана за прием во НАТО, по необјаснивата полициска опсада на А1 и по скандалозниот настап на пратеникот Ѓорчев во Европскиот парламент - Македонија падна најдлабоко досега, не велам го допре дното, бидејќи дното кај нас изгледа е многу и длабоко и растегливо, па затоа којзнае уште што не' чека. Со тоа се разголи бедата на македонското општество (се подели до крај), на македонската политика (се приземни во калта) и на македонската власт (ја покажа целата своја арогантност и неспособност). Во овој контекст, веќе не може да има дилема дека причина, односно генератор на ваквите крајно негативни последици е власта.
За бедата на македонското општество треба да се каже дека е последица на бедата на политиката и на власта. Епилог на поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како владејачки партии, се изместените вредносни категории, односно вредносната анархија (Цеца/Северина - национале, делови од проектот „Скопје 2014“, барокот како печат на градителската сегашност и иднина - барокни гаражи, барокни фасади на соцреалистички згради...), дисконтинуитетите во сите сфери, идентитетската дезориентација, вмроизацијата на институциите и на сегментите во општеството, нетолеранцијата... И најпогубното - поделбите по сите линии: меѓунационални, интранационални, верски, политички, партиски, идеолошки, економски, социјални, статусни...
Во врска со бедата на политиката, битно е дека партиите, кои поради стремежот за власт и профит максимално се поделија и целосно се закрвија, при што направија два големи грева. Првиот, кога поради своите партиски политики почнаа процес за профилирање на општествените вредносни категории и морал врз своите идеолошки платформи, а потоа преку нивно инструментализирање за остварување на партиските и личните интереси - од се' во државата направија еден неизбалансиран, неизнијансиран црно-бел филм. Вториот грев на политиката е тој што партиите на власта правеа најголеми грешки во процените околу најважните одлуки и во тајминзите за таквите одлуки. Така, владејачките партии наместо сега, кога видоа дека ја заглавија Македонија во огромна криза и сами сфатија дека не се кадарни за водење на државата и процесите во неа наместо да иницираат дијалог со опозицијата и со мислечките луѓе во институциите за заедничко барање излез - и натаму манифестираат сила и ароганција. Опозициските партии прават друг вид грешки. Наместо да се обединат врз платформата: заедно за победа над политичкиот ривал кој е на власт - нек��и од нив сега почнаа да трагаат по својот идентитет и самостојност, со цел да го разбијат црно-белиот двопартизам. Сето тоа е во нивна штета, но е во корист на власта. Зашто, партиските идентитетски прашања и нијансирањата на политичката карта, кои се и во интерес на демократијата во државата, можат да се прават по изборите во една далеку порелаксирана атмосфера.
За бедата на власта има многу да се говори, а веќе е многу кажано и во опсервациите за бедата на општеството и на политиката, која во многу е предизвикана од бедата на власта. Генерално, бедата на власта е резултат на нејзината некапацитетност (колективна и персонална) и на нејзината недемократичност. Сето тоа води кон едноумие и репресивност. Најстрашно од се' е што актуелната владејачка гарнитура свесно ги измеша лончињата, ја идентификува партијата со државата, законот на партијата стана поважен од законот на државата, партиската програма „Преродба во 100 чекори“ стана поважна од Уставот, а интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на владејачката врхушка се поважни од интересите на Република Македонија.
Поради сево ова, се наметнува заклучокот дека на Македонија и' се потребни темелни промени. Неопходна е контрола на се' во државата, поднесување и прочешлување на сите сметки и зделки - не само финансиски, туку и политички. Се разбира, на избори. А главен контролор да бидат граѓаните.
П.С. Деновиве нашата дописничка од Атина јави: „Несогласувањата и контрите меѓу различни медиуми постојат и во Грција, но кога доаѓа до решавање на проблеми што сериозно го засегаат медиумскиот сектор, првата реакција е солидаризирање. Типичен пример беше протестот во кој сите печатени и електронски медиуми ја стопираа својата програма 24 часа и организираа штрајк во знак на протест за влошените услови за работа, укинувањето на колективните договори и притисокот за потенцијални масовни отпуштања“. Во Македонија се појавија некои квазиновин��ри - тумпамароси, за кои ништо во новинарството не е свето. Затоа, далеку е Грција за Македонија, каде што новинар на новинар му е волк!
Дали е нормално да јавно се бара рушење на уличарски начин легална влада од страна на вашата опозиција.Дали е нормално преседател на комисија за ЕУинтеграции јавно и пред странски амбасадори го бара истото со,,недемократски пад на Груевски,,(цитатот е за шаховскиот чирак)Дали е нормално да сега има ретерирање во ставовите и газење на достоинството на вашите колеги од А1 токму од криминогениот сопственик.За ова непишувате дури и со два збора не споменувате.А се знае од кој причини.
Од: Riblja Corba
Датум: 04.12.2010 12:25:42
Dali e normalno opozicijata da stiti kriminal? Ima uste mnogu "dali?" vo ovaa drzava. Tek sega mi e pojasna onaa pesna od "Riblja corba" so naslov "O kako je lepo biti glup". Ne samo sto e lepo, nego e i pozelno da bides sto poglup. Ako mnogu znaes i svakas, ke si stradas sutnat na ulica. Zatoa nisto ne e normalno, ni Vlada ni opozicija, a izgleda veke ni narodot ne e "so site".
Од: забеган.
Датум: 04.12.2010 12:35:28
Манчо се е нормално во ненормална ДРЖАВА.Кога на одреден број на Граѓани им се вградени евтини но ефикасни Чипчина,Вероватно увезени од Зимбаве,Да беа кинески сигурно до сега ќе беа расипани и ќесе свестеа на тие што им направиле.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 04.12.2010 13:39:43
Pu,pu,skraja da e,a be za nisto ne ne biduvalo!! Sto ubavo se iznakaza Manco i sega raat ke e ! Domasnata si ja zavrsi i sega ceka petka!! A kade e Manco porazlicno !! Sekade e isto, samo so edna razlika , drugite vo genite nosat ljubov kon svojata tatkovina i spremni se da ja branat do kraj!! A nie !!??
Од: karokan "gambit"
Датум: 04.12.2010 14:30:38
G-dine Felix,ne sum zadovolen od odgovorot,ako mislese deka toa e odgovor na moeto prasanje.
Toa ti e apsolutno istoto tvrdenje "zakana za nedemogratsko rusenje na legalna vlast",samo sto zborovite na drug nacin se poredeni.Za da dades odgovor,treba do tocka i zapirka da go citiras iznesenoto,pa togas nema da bides vo pozicija da go tolkuvas kako sto ti odgovara,zosto ce moze da se tolkuva i na drug nacin!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Inaku sinoca na A1 TV ti dobi li "suster mat",koga
gazda Velija go demantira toa sto ti go tvrdis.
Povtorno naglasuvam deka ne go opserviram
Velija i ostanuvam na istoto,JO,a ne Velija da gi pribere dokazite!!! Pretstavi si deka jas sum gi izgovoril tie zakani i podnesi prijava ( i toa krivicna),
koja ce ja pocnes:Vinoven e zatoa sto: Na den......,
upotrebuvajki gi zborovite "citat",predizvika
seriozna zakana za nasilno rusenje na legalno
izbranata vlast",so sto storil kr. delo od cl.......
od KZ na RM. (Eve obidi se)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Ali Riza do Riblja Corba
Датум: 04.12.2010 14:30:40
Ti si znaes!
Од: Сергеј
Датум: 04.12.2010 14:39:53
Сепак, сигурен сум дека настаните кои се случуваат не си ни нови ни непознати. Така направи и Милошевиќ - за Се’ му беше виновна опозицијата, па Европа, па на крај целиот свет. Како заврши Слобо и негпвата Србија, знаеме сите. Така ќе заврши и Груевски и неговата партиска држава. Интересно ќе биде, во периодот во кој следи, македонските граѓани да можат да си го проверат својот интелектуален капацитет. Досега добро се навлекоа на мамецот од власта дека за се’ е ктрива опозицијата. Ќе не’ улови ли Груевски на финатат дека цел свет и против нас?! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: mk
Датум: 04.12.2010 16:41:39
Manco me zadovoli navistina profesionalen nepristrasen pristap na problemot na mk politikata.Tocno na poveketo partii a najmnogu na vladeackata najmalku im e vaze narodot koj po site osnovi e pdodelen i trpi
Za Velija da ne spomeenuvam kakvi igri igra sto bi rekle na dva stola,ama ne e sam vo toa.
Од: samovraboten
Датум: 04.12.2010 17:06:59
Do Tome
Cuvaj si ja penzijata a nie dali ke ja sakame ili ne Makedonija zavisi i od uslovite sto ni gi dava vo red e da sakame no toa ta bide obostrano inaku ako e ednostrano togash toa e slepo sakanje
Од: do dezurniot
Датум: 04.12.2010 18:46:32
Aman be Feliks!! Odmori malku ili mozebi , ako se odmoris, ke ti se namali honorarot. Na seto dali, davas totalno pogresen komentar. I jas te prasuvam: Dali znaes sto pisuvas?Dali znaes kade zivees. dali znaes kade e zdravstvoto? Dali znaes kade e sudstvopto dali znaes kade e sindikatot Dali ... neznam uste klolku dali da ti postavam
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 05.12.2010 06:30:21
Za Felix! Siromaviot, pomesal ;Javna kritika i javno rusenje,toa e Conclusion na Felix! Vrlo interesantno razmisluvane.na Manco.Samo nikoj ne smee otvoreno da kaze,Ni Pozicijata Ni Opozicijata! EU,problemot so imeto go koristi, samo kako Farsa.a Grcija na EU im sluzi kako Masa ,da se ne gleda koj e, pozadi se' toa..Evropa ceka ,samata Republika Makedonija,da se raspadne od vnatre i so toa EU ce gi opere racete kako Pontie Pilat.Faktorite za raspad na Makedonija se vidlivi, samo se ceka poziv od Naredbo Davatelot! Makedonija deneska postoi samo De Jure,ama ne i De Fakto! Makedonija De Fakto zavrsuva kaj Gjorce Petrov ,ponatamu pa se Jadransko more nema Makedonsko Zname! Zarem vcera, Milososki ne pobara ,od Grcija da i pomogne na Makedonija za ;Clenstvo vo EU! A nekoj si, Iter Peo se pofali, vo Vecer , oti Milososki e mnogu iter i ce gi nadmudri Grcite.Eee ist, kako i Iter Peo..A, Jas mu preporacav samo Feniks moze, .da go brani,a ne i Feliks.Boze moj ;Zalupani Peo i zalupani Felix!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 05.12.2010 07:59:48
Се е токму така па и полошо...Но овој народ поделен и делот поткупен од власта не сака да признае она што и слепецот ќе го види...Поделениот народ е поделен и во реакциите...не дека не знае дека сме последни во Европа и дека партијата се изедначи со државата...Малтење имаме ДРЖАВАТА ТОА СМЕ НИЕ - ФАМИЛИЈАТА...Не ни требе ништо што ќе ни пречи во нашето САМОВОЛИЕ...Диктатура поинаку речено...Затоа и ќе доаѓаат однадвор да се чудат на глупостите на оваа ненародна власт...со доста приврзоци од полтрони и властитутки...
Од: Goce
Датум: 05.12.2010 12:19:33
Se sto e napisano e tocno prasanjeto da skoro nasekade se spomnuvaat istite problemi a nekoi sakaat tie da ne se iznesat voopsto vo javnost - Ke sne bile patrioti i slicno. Treba coek da gi sobere site kao ovoj gdin Tome S koj e prav patriot i se grizi za svojata tatkovina-Tomce ova sto se pisuva e realnosta i toa sto si go napisal isto e realnost ama ne vo Tunguzija tuku vo tvojata zemja drugar inginer dojdi si domce i zaedno so tie kako tebe pokazimu na ovoj narod kako se odi napred a ne da solis mozok dojdi zivej so stecajcite so konenegiite so siromasite i ....
Од: В. Кратовалиев
Датум: 05.12.2010 16:43:32
Дали некои статии не заслужуваат коментари, кога некои коментатори се запнале да ги коментираат коментарите на останатите.