Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Императорот Калигула во Скопје

Благој Гајдов, Скопје

Како деца во основните и во средните училишта не учеле дека историјата не се повторува што е потврдено многупати ако се проучуваат разните периоди низ кои поминувала цивилизацијата до денешен ден. Тоа тврдење е искажано со два збора во латинската поговорка - панта реи, односно - се' тече се' се менува. Од бурната историја на Римското Царство, кое се протегало од Шпанија до Блискиот Исток и од историјата на нашиот војсководец Александар Македoнски од Балканскиот Полуостров до Хималаите, запаметени се и запишани како документи само најзначајните настани што оставиле печат на тоа време и од кои сега ние се едуцираме и се восхитуваме.

Во тие настани се издвојуваат најпозитивните, но и најлошите, па така се добива целосна слика за одделни историски периоди од минатото, па се' до денес. Секако дека во разни периоди се издвојуваат екстремните настани што ги бележи историјата со посебно внимание. Едно од тие збиднувања со посебно внимание е забележано во историјата на Римското Царство, и тоа во почетокот на новата ера односно, по Христа.

Станува збор за императорот Гај Џезар Калигула, кој живеел во периодот од 12 до 41 година од новата ера, а владеел со Рим од 37 до 41 година. Како мал, се разболел и ментално имал проблеми што се одразиле на неговото владение, кое се смета за едно од најекстремните однесувања како во државниот, така и во приватниот живот, бидејќи живеел со неговата сестра Друсила, која ја прогласил за божица по нејзината смрт и секако дека најглавен настан по кој се памети императорот Калигула е неговиот коњ. Бидејќи имал неограничена моќ и бил бескрупулозен кон своите најблиски во сенатот на Рим го донел неговиот коњ и го прогласил за сенатор. Тоа е единствен случај некое животно да добие толку висока титула, а за неговата лудост во 41 година му пресудиле неговите војници, го убиле одејќи на некоја приредба во колосеумот и го назначил за император неговиот чичко Клаудиј. Секако дека се прашувате зошто е толку голем уводот на овој допис, но за да се опише еден наш денешен настан, не е лошо да се потсетиме на историјата и со тоа да констатираме дека историјата не се повторува, но лудоста и глупоста се провлекуваат низ векови се' до денешен ден.

Одлуката на нашата Влада да го финансира проектот „Скопје 2014“ со сите нишани што се предвидени и што се реализираат деновиве треба да се стават под голема лупа, но, за жал, сите работи се одвиваат по онаа народната - кучињата лаат, карванот си врви и денес по 2.000 години можеме да констатираме дека императорот Калигула дошол меѓу нас во Скопје. Да се проектира, да се одлучи, да се изведе објект во центарот на Скопје за 3,5 милиони евра во вид на Триумфална капија за мене претставува настан како што императорот Калигула го довел својот расен коњ во сенатот во Рим во 40 година од н.е.!, односно пред 2.000 години, ашколсун, што би рекле Турците со големо „А“. Не сум свесен кој може да ја предложи оваа идеја за изградба на ваков триумфален објект што ќе го нагрди толку убавиот поглед кон центарот на Скопје, но тој треба да е некој феномен и итно да се предложи за најлуд човек на планетава со некоја посебна награда за лудост. Не дај боже да му текне на некој од гарнитурава на власт да го имитираат императорот Нерон, па да го запали Скопје и да го гледа од Водно како гори, и тоа се' за доброто на народот.

Таква триумфална капија сум видел на наши простори во градот Пула во Истра, која е изградена од императорот Веспазијан во 2 век од н.е. заедно со амфитеатарот и има некоја смисла за градбата зашто под таа капија поминувала победничка војска по освоени битки. Се поставува прашање - кој ќе поминува под нашата капија. И на крајот би завршил со зборовите на Господ, кој им рекол на војниците што го распнувале: „Господи, прости им зашто не знаат што прават“.

#
Статијата е прочитана 1426 пати.

Испрати коментар

Од: reks
Датум: 29.11.2010 13:03:21
abe tie znaat sto pravat ke lapnat uste 2milioni evra i ti posle misli deka se ludi
Од: Трпе
Датум: 29.11.2010 13:04:33
Сакајки да ги прикрие,своите непромислени криминални проекти под името Скопје 2014,двоспратни автобуси и што ли не,секојдневно народот го замајува со разни афери.Две недели трубеа со аферата на екс претседателот Црвенковски "Надеж" Сега месец дена ке не замајува со афера погреб на земјата.Се додека не го истуркат својот мандат и поминат како победници низ триумфалната пора,разбира се со наведнати глави.
Од: lud, zbunjen, normalan
Датум: 29.11.2010 13:10:19
Pa, pod nasata triumfalna kapija ke proadja noviot kaligula, nasiot nov reformator i prerodbenik. A na site koi ke se osmelat da gi kritikuvaat vakvite i slicni budalstini - ke im gi pusti danocnite inspekcii i narodnata ni policija. Zatoa, vnimavajte sto pisuvate i kogo kritikuvate, nasiot diktator ke ve stasa....
Од: Љупчо
Датум: 29.11.2010 13:10:34
Дали има и друг новинар Гајдов! Јас познавам еден Гајдов од МРТ кој ме одушевуваше со поставуваните прашања на грчките политичари. Ако авторот е истиот тој Гајдов, печен е за кај Велија или Љубисав Иванов, махери за марионетки.
Од: Oskar
Датум: 29.11.2010 13:41:42
Napolno se slagam so stavot na g. Gajdov deka izgradbata na Triumfalnata kapija e poveke od izlisna od poveke aspekti: preskap, bez nikakva funkcija a zafaka golem prostor so sto go ogranicuva-namaluva prostorot za dvizenje na gragjanite, ne vraka stotici godini nanazad so stilot na gradba, nema ama bas nikakva pricina-povod za gradba na vakov objekt. Bidejki baranjata na gragjanite na RM ovoj objekt da ne se gradi se sekojdnevni i mnogubrojni PREDLAGAM I BARAM izgradbata na Triumfalnata kapija da se prekine, vo protivno toa ke bide spomenik na otporot na graganite protiv ovaa vlast, nikako nivni triunf.
Од: Hari
Датум: 29.11.2010 13:58:02
Do Ljopco, Gospodinot Gajdov ne e pecen za kaj Velija ili Dzingo, tuku ti si partisko poltronce koj go opravduva segasniov Kaligula.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.11.2010 20:03:34
Чудно... постојано се прашувам кој бил поГлуп-сенаторите,кои го слушале молкум лудиот Калигула,или народот кој го величал како бог?Од каде ли ми е познато ова?!...За жал,овие изгледа повторувале од сите предмети,затоа народот ќе ја повторува историјата!
Од: Сергеј
Датум: 29.11.2010 22:15:33
Премиерот се појавува и на отворање на јавни тоалети и сече лента, па ќе се појави и на „откривањето“ на капијата. Ќе пресече лента и „триумфално“ ќе помине низ неа. За тој единствен миг, кој ќе трае неколку секунди, миг кој владините медиуми и реклами ќе го „превртуваат“ илјадници пати, сите ќе плаќаме со наши пари. Само за да се задоволи суетата на еден човек. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Sime
Датум: 29.11.2010 22:42:21
...до Блискиот Исток и од историјата на нашиот војсководец Александар Македoнски од ... Aaaa izvinete, neka si e vash ama moj ne e. Jas sum slavjanin i toa makednski i so Sandeta nema ama bash nishto. Jazikot na kojsto zboruval toj i jas se ama sosema razlicni. Mojot potsekja po azbukata i po izvorot na edna druga imperija od Baltikot i Jadranot do Valdivostok. Ne mi treba Sande ni blizu mene ni na plostad.
Од: Миле - Охрид
Датум: 29.11.2010 23:01:34
Интернет-изданието на „Утрински весник“ го задржува правото да не ги објави коментарите кои содржат навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации, национална, расна и верска омраза, како и секакви незаконски содржини. Но затоа се добредијдени новинарски текстови коментари, писма и т.н. со такви содржини, а кои се однесуваат на македонците кои се обидуваат да го бранат своето право да постојат.

Најди! во Утрински
Писма
Големи провокации од ЕУ и од ОН
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom