Што прават денеска
Радмила Симевска
боксерска судијка
Денеска станувам рано - прво ќе одам во клубот да се видам со колегите судии, не' очекува државното првенство во бокс, па овие средби се сега поинтензивни. Попладнето сум втора смена во стоматолошката ординација каде што работам како стоматолошка техничарка, а вечерта на играорна во КУД „Копачка“ - каде што играм веќе подолго време. Сепак, судењето во боксот е мојата најголема љубов и однапред му се радувам на мечот в сабота.
Лидија Милошевиќ
фолк-пејачка
Во понеделник, вообичаено, имаме утринска трчаница додека влеземе во ритам по викендот. Денот ми почнува од 7 часот, го подготвуваме синот за на училиште, го носиме и потоа следуваат другите обврски. Тука е, секако, неизбежното одење на фризер, средба, кафе во периодот од 11ч. до 14ч., се одмораме до 17ч и моите обврски повторно почнуваат од 20 часот, а потоа се исклучуваат телефони.
Марија Партикова
докторка по алтернативна медицина
Во време на настинки и вирози имам многу работа, па ве текот на викендот подготвив многу сирупи. Почнувам од 11 часот, имам закажано неколку средби со пациенти надвор од Скопје и со нив сум поголем дел од денот. По 18 часот одам дома и се релаксирам со внукот и со некоја од актуелните серии на телевизија. |