Број 2807  четврток, 09 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Нов скандал во Полска, уапсени високи функционери

Нивните имиња не се објавени, но медиумите во земјата известуваат дека лицата се товарат за мито од 30.000 евра

Двајца виосоки функционери и еден тренер се уапсени во рамките на антикорупциската акција на полицијата во фудбалот. Имињата на функционерите не се објавени, но медиумите во Полска известуваат дека се уапсени поради земање мито во висина од 30.000 евра.

Сетоа тоа оди кон нов скандал во полскиот фудбал, кој во понеделникот со одлука на ФИФА избегна суспензија на националната репрезентација и губење на организацијата на ЕП 2012 година, а корупцијата и хулиганизмот остануваат голем проблем.

Во последните три години во Полска поради корупција се уапсени повеќе од 100 лица, меѓу кои и фудбалски работници, тренери, судии, како и двајца членови на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на оваа земја. Минатата година почна и судењето на 17 лица, кои наводно се врзани со фудбалската мафија, а тој процес уште трае.

Целата ситуација будно ја следи Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, чиј претседател Сеп Блатер завчера изјави дека откако добил документи во кои се потврдува договорот меѓу Владата и Федерацијата, се отстапило од казнување. Заканите на ФИФА дојдоа откако Владата на Полска го смени раководството на Федерацијата со образложение дека е корумпирано и постави свој човек.

Агенциите наведуваат дека ФИФА и УЕФА ќе втемелат посебна комисија, која ќе ги надгледува скорешните избори за претседател на Фудбалската федерација на Полска, а ова прашање ќе се разгледува и на Извршниот одбор на ФИФА на 23 овој месец во Цирих.

Се засилува притисокот Џаиќ пак да ја преземе Црвена звезда



Три недели пред изборното собрание во Црвена звезда се шири кругот на кандидати за претседател, а според „Блиц“ најмногу шанси за челното место имаат Драган Џаиќ, кој неодамна беше пуштен од затвор, поради аферата со нелегални трансфери и Владимир Југовиќ.

„Драган Џаиќ е се пореална опција, а неговото присуство на вечното дерби викендов и катастрофалната ситуација во клубот го засилија притисокот врз него да се врати на командното место. Владимир Југовиќ пак доколку се кандидира ќе ја има поддршката на бизнисменот Филип Цептер, што му ги зголемува шансите“, пишува „Блиц“.

Ибрахимовиќ: Мурињо повеќе ме

научи отколку Капело и Манчини

заедно



Напаѓачот на Интер, Златан Ибрахимовиќ, критички се осврна на тренерите кои досега го тренираа. Својот напредок го гледа дури откако го презеде Жозе Мурињо. Фабио Капело, сега тренер на англиската репрезента��ија, го тренираше Ибрахимовиќ две години во Јувентус, а еднакво долго за него се грижеше и Роберто Манчини. „Повеќе научив од Мурињо во три месеци, отколку во сето време во кое ме тренираа Капело и Манчини. Мурињо знае се, дури ме научи и како да разговарам со новинарите“, тврди шведскиот интернационалец.

Јувентус во зимскиот преоден рок го купува Лука Модриќ?



Лука Модриќ во Јувентус. Дали е тоа можно откако хрватскиот репрезентативец досега не покажа ништо во Тотенхем? Според италијанскиот „Кориера дело Спорт“ приказната држи вода. Тренерот Клаудио Раниери го цени Модриќ и смета дека начинот на игра во Премиерлигата не му одговара и затоа не може да се докаже.

Росела Сенси: Фудбалерите знаат што сакам!



Претседателката на Рома, Росела Сенси, ги повика своите фудбалери да покажат колку им значи дресот на клубот кој го носат по најновиот пораз во лигата од Сиена, вкупно трет во првите шест кола. Росела Сенси се огласи по гласините дека по мечот им одржала лекција на фудбалерите во соблекувалната: „Не им кажав ништо посебно. Оваа екипа многу добро знае што се очекува од неа. Сакам играчите со гордост да го носат овој дрес, бидејќи ова е посебен клуб кој сака почит кај своите навивачи. Сега не им потребна негативна енергија“, кажа Росела, која додаде дека со нетрпение го чека враќањето на Тоти. „Тој е од фундаментално значење за Рома и доста работи зависат од него. Сепак, мислам дека и останатите играчи треба да се вклучат малку повеќе“, посочи Сенси, чиј клуб се наоѓа на 14 позиција во Серија А.

За Шпанците по 500.000 евра

за европската титула



И покрај финансиската криза Владата на Шпанија одлучи двојно да ги зголеми премиите за шпанските фудбалери за освоената титула на ЕП во Австрија и Швајцарија, па секој од нив ќе добие околу половина милион евра, тврди „Марка“.

Секој од 23 играчи претходно беше награден со 214.000 евра, но Фудбалската федерација и Владата се усогласија дека поголемиот дел од 27 милиони евра, колку што добија Шпанците за титулата, треба да го добијат фудбалерите. Шпанија во финалето ја совлада Герамнија со 1:0 и по 44 години пост повторно се искачи на врвот на Европа.


Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
Седуммина учесници од Македонија на карате СП во Вилнус
Рекордно 46. место за Македонија во поредокот на ФИФА
Миркуловски не се плаши од Барселона
Австралија опен со 1,3 милиони долари повеќе за награди
Сафин ја оствари 400. АТП-победа, но не разбра дека победил!
Илиевски подобар од Самарџиски, Гечевски ја урна Цибона
Македонија со две екипи на Европски клупски куп во Грција
Кожуф го исполни дневниот ред на Дисциплинска
Баку, чиј тренер е Хаџиевски, втор во Азербејџан