Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Огорчените гласачи раскрстија со политичарите

Неопределените долго време водат на сите топ-листи за популарноста на партиите

Александра М. Митевска

Огорченост или апатија на гласачите, презаситеност од политика или политичко созревање, страв јавно да се заземе став, расчекор меѓу партиските политики и суштинските проблеми на граѓаните, сиромашна политичка понуда... Што се крие зад бројките во анкетите, кои укажуваат дека мнозинството македонски граѓани се неопределени, односно дека не знаат за кого би гласале или дека не би гласале за ниту една партија?

За некои аналитичари, тоа е аларм за можен тивок бојкот на следните избори, за игнорирање на забревтаните партиски машинерии, чија главна преокупација е како да се оцрни политичкиот противник. Други, пак, сметаат дека граѓаните изгубија надеж оти политичарите може да им го подобрат животот, па паралелно со зголемувањето на процентот на неопределени, се намалу��а критичната маса, така што и ретките штрајкови и протести, главно, се поттикнуваат од партиските централи.

Неопределените гласачи долго време водат на сите топ-листи за популарноста на партиите и политичарите. Нивната доминација не ја крие ниту институтот „Павел Шатев“, близок до владејачката десница. Во последната анкета на овој Институт безмалку 42 процента од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар, додека 30,5 отсто рекле дека не би поддржале ниту една партија, а 26,4 проценти не одговориле како би гласале кога утре би имало избори. На ваков тренд укажаа и двете септемвриски анкети - на ИРИ и на весникот „Дневник“, од каде што потенцираа дека особено се зголемува процентот на неопределени во албанскиот електорат.

Социологот Нелко Стојановски вели дека големиот процент неопределени гласачи укажува на демотивираност на гласачкото тело, но е и резултат на страв од јавно искажан збор поради опасност од политички притисоци и санкции. Затоа, коментира овој универзитетски професор, резултатите од анкетите повеќе и' служат на дневната политика отколку на вистината. „Дел од граѓаните, кои во анкетите одбиваат да се изјаснат за кого би гласале, сепак, излегуваат на избори, бидејќи гласањето е тајно. Дел од граѓаните, пак, чии очекувања се изневерени, најчесто гласаат за другата политичка опција, не поради тоа што веруваат оти нешто ќе се смени, туку за да ја казнат политиката што не ги исполнила ветувањата“, објаснува Стојановски.

Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“ објаснува дека во Македонија повеќе години владее политичка апатија, особено меѓу Македонците, но дека во последно време тој тренд ги зафаќа и гласачите Албанци, веројатно, поради нивното незадоволство од политичката понуда. „Главна причина за политичката пасивност е тоа што не се решаваат основните проблеми на граѓаните, без разлика која политичка гарнитура е на власт. Тоа е цел еден процес и се' додека во државата има слаба економска состојба, меѓу граѓаните ќе расте незадоволството од партиите“, вели Спасов. Сепак, тој додава дека и покрај големиот процент неопределени гласачи во анкетите, не треба да се очекува драматичен пад на одѕивот на следните избори или, пак, некоја повпечатлива промена во споредба со рејтингот на партиите во сондажите. „Ва Македонија одѕивот на гласачите обично се движи околу 60 проценти, при што гласовите на неопределените најчесто се распоредуваат пропорционално со рејтинзите што политичките партии ги имале пред денот на гласањето.

Експертите посочуваат и дека треба да се прави разлика меѓу избирачите, кои во анкетите се изјаснуваат дека не поддржуваат ниту една партија или политичар и оние што не знаат или не кажуваат како би гласале. Гласачите од првата категорија, според толкувањата, чувствуваат одбивност кон политиката и изборите, а вторите неопределени. Граѓаните што се аполитични или разочарани од политиката, кои не веруваат во демократските процедури или се убедени дека нивниот глас нема да смени нешто, најверојатно, нема да излезат на гласачките места. Затоа, пак, предизборните кампањи би можеле да претставуваат поттик за дел од неопределените да излезат да гласаат, ако тој ден не се преокупирани со нешто друго. Партиските кампањи, според експертите, главно, се насочени кон привлекување на неопределените гласачи и зацврстување на ставот на веќе определените.


#
Статијата е прочитана 1779 пати.

Испрати коментар

Од: trajan
Датум: 14.10.2010 12:30:51
jas, od neopredelen ke se opredelam za opozicijata ako ni veti deka kako prva tocka ke ja stavi "testiranje na javnata administracija", da ja namali za 50%, po moznost da gi testira site vo poslednite 4 godini, pa do 15 ne mi preci. Site nie rabotime za tie da zemat pari i nedaj boze da odish na salter...neljubezni, nepismeni, odvratni, nikakvi.
Од: valerija
Датум: 14.10.2010 12:57:42
Можеби не е добро за државата да се бојкотираат изборите ама мислам дека треба да им се даде на знаење на нашиве вжештени глави од политичари дека за да седат во удобните фотељи треба и да сработат нешто а не да префрлаат само од шупло во празно, да научат дека се избрани за да го водат народот ,а не сопствената партија и нејзиниот рејтинг
Од: jovan
Датум: 14.10.2010 13:10:58
Bas deka im e na lugevo preku glava, zatoa i ne se zainteresirani za partiski "mitinzi". No koga e "zatisje" togas e i najopasno. Slednite masovni "mitinzi" ke bide strasno(ne za narodot, niv im preli casata), ke bide sou vo zivo za politicarite, a bogami ke ima i bezanija od drzavava
Од: exorcist
Датум: 14.10.2010 17:14:03
nemojte da ne narekuvate neopredeleni.. tocno znaete deka nie sme site tie koi nema da glasaat na izborite za niedna od opciite na sdsm, dpmne ili brat ljube.. toa ke vi stani mnogu jasno na izbori, pa ke vidite dali sme neopredeleni..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 18:50:00
Познавајчиго менталитетот на народот а и од предходните искуства нетреба многу да се грижиме за високиот процент на ��еопределени или што нема да гласаат.Имено кога ќе ,,крене изборната локомотива,, кога ќе се препукуваат и рекламираат партиите бројот драстично ќе се намали.Пропагандата и ветувањата ќе си го направат своето.Да бидеме искрени народот многу нешта заборава па и партиското однесување на топтан сите партии.
Од: Трпе
Датум: 15.10.2010 00:29:41
Кој ќе дојде на власт,одлучуват неопределените гласачи.Не се опасни овие грагани кои галамат,кога народот дига врева.Опасен е народот кога замолчува.Е тогаш власта треба да размисли дека нешто се спрема.
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 15.10.2010 03:37:16
Se dodeka ne se napravat izmeni vo izborniot model,promeni vo Izborniot zakonik i regularen popis na naselenieto bez steluvani podatoci Makedonija ke go dobie svojot prv vistinski pluralen parlament .No pred se izmenite treba da bidat nadgradeni i so opcija otpovikuvanje na Izbranikot. Togas anketite ke bidat mnogu poinakvi , togas anketite ke bidat vistinski.
Од: trpe
Датум: 15.10.2010 07:43:30
ima i drugo... graganite se zasiteni od izbori, znaat deka site političari se borat samo za vlast i pari... narodot da može bi glasal da se zabranat site politicki partii, samo nezavisni kandidati i tehnička vlada

Најди! во Утрински
На прво место
Магистрите правници не може да бидат судии?






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia