Дневен хороскоп
Овен
Веќе денеска сте особено страстно расположени, што ќе ве држи речиси до крајот на идната седмица. Ве очекува и успех и задоволство на работното место. Односот со партнерот не ви е хармоничен. Наскоро во вашиот живот ќе влезат нови луѓе.
Бик
Денеска слободно можете да се обидете на некоја игра на среќа, бидејќи среќата е на ваша страна. Ситуацијата на емотивен план не ви е баш наклонета, но и тоа може да се поправи. На работа ве очекуваат позитивни промени. Чувајте го здравјето.
Близнаци
Особено сте комуникативни и отворени за нови потфати. Денеска би можеле да отидете на кратко патување. Наскоро ве очекува некое пријатно изненадување врзано за куќата. Односот со партнерот е подобар од секогаш. Здравјето нестабилно во средината на седмицата.
Рак
Првите неколку дена во седмицава, почнувајќи од денешниот ден, ќе имате среќа со парите.Оваа недела не ви е баш поволна за љубов, но не очајувајте, зашто идната ќе биде многу подобра. Најуспешни денови во неделата ќе ви бидат понеделник и петок.
Лав
Денеска сте необично чувствителни, но тоа нема да ви пречи да постигнете успех на работа и во комуникацијата со пријателите. Можете да очекувате извесни приходи. Во текот на неделата ќе добиете поволно вести од странство, а можно е и да отпатувате таму.
Девица
Во текот на оваа седмица би можеле да дојдете до поголема сума на пари, само ако бидете доволно внимателни и ги искористите поволните можности што ќе ви се укажат во понеделник и петок. Крајот на неделата е поволен за страстни односи со партнерот, само не претерувајте, зашто до кавга ве дели само чекор.
Терезија
Пријателите ќе имаат важна улога во вашиот живот, па на нив слободно ќе можете да се потпрете во секоја прилика. Сепак, внимавајте да не западнете во криза на емотивен план, но и по прашањето на здравјето и парите. Во изглед е поправање на финансиската ситуација.
Скорпија
Расположението и понатаму ви е променливо и нестабилно. Ситуацијата на работа не ви е баш најпријатна. Сепак кон крајот на неделата ќе забележите парична добивка. Вторник и среда се најкритични денови за љубов и односите со партнерот, па би било добро во тие денови повеќе да се одморате.
Стрелец
Од оваа недела влегувате во период на поголема комуникативност. Ќе бидете во постојано движење и почести кратки патувања. Ви претстои извесен деловен успех, но ситуацијата може одеднаш да се смени и да ве спречи во остварување на една поголема работа. Внимавајте на здравјето.
Јарец
Вашата насоченост кон финансискиот успех ќе доведе до посакуваниот резултат. Може да очекувате поволни вести од странство и многу е можно брзо заминување на патување. Дома ве очекуваат недоразбирања. Ситуацијата во љубовта ќе ви биде сосема добра и од партнерот можете да очекувате поддршка.
Водолија
И понатаму сте особено дружељубиви и многу зборувате, што може да му пречи на вашиот партнер. На работа се можни промени, за кои ќе се покаже дека не се онака прекрасни, како што сте мислеле. Односот со партнерот е малку погруб од обично. Бидете внимателни во возењето.
Риби
Трошоците и понатаму ви се особено големи, а приходите тешко дека тоа можат да го покријат. Сепак, финансиите ќе се поправат, иако не за долго. Ситуацијата во љубовта варира од вљубеност и добар однос, до паѓање во депресија и кавги. |