Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Оливер Димитров

ум. директор на „Скопје фест 2011“

Откако се нафатив за работата на уметнички директор на „Скопје фест 2011“, каде што ќе се избира и македонскиот евровизиски претставник, и викендите се исполнети со ангажмани. Моментно приоритет ни е конкурсот, кој е отворен до 15 декември 2010 година, да биде успешен. Пропозициите за конкурсот може да се видат на www.mtv.com.mk. Годинава песните што конкурираат треба да бидат целосно подготвени.

Весна Илкова-Гиновска

оперска певица

По напорната работа, го дочекавме и денот на премиерата на операта „Моќта на судбината“, каде што го изведувам главниот лик - д��на Леонора. Многу се радувам што ова дело на Верди се поставува на сцената на МОБ по девет години, со екипа која созреа до некое повисоко ниво и ги изгради своите кариери. Верувам дека под раководство на маестро Џузепе Морети, ќе направиме незаборавна премиера.

Благој Мицовски

костимограф

Бидејќи времето е врнежливо и оди кон зима, не преостанува ништо друго освен да се фрлам на работа. Иако викенд, денес ги привршувам костимите за претставата со буто-танчари, што во понеделник ќе биде изведена во Драмскиот театар во Скопје. Покрај тоа, имам и костимска проба за претставата „Опасни врски“, што се подготвува во Битолскиот народен театар.


#
Најди! во Утрински
 


Reorganisation of Croatian territories essential
Moldova elections fail to break political stalemate
Romanian national celebrations cause scandal in Hungary