Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Од инвестициите остана само сон

Маја Томиќ

Ако ни недостасуваат странски инвестиции во земјава, барем не ни недостасува добра мисла и оптимизам. Владата не ја напуштаат овие позитивни особини и упорно и во континуитет кажува дека ќе биде, ќе има, кај да е, ќе дојдат. Но, пустите странски инвеститори попусто ги чекаме, никаде ги нема. Речиси три години, горе-долу, го прифаќавме оправдувањето дека економската криза е главниот виновник за пишманот кај странците. Најново, пак, сега што го слушаме е дека не дошле годинава, не затоа што сме во криза, туку дека имаме последици од кризата. Ама со оптимизам ни се пласира тезата дека инвеститорите сигурно ќе дошле в година. И тоа уште во првата половина од 2011 година. Во 2012 година веќе ќе немало никакви пречки и ќе има поголем, слободен наплив на инвестиции. Кои, какви и од каде, ќе видиме.

Додека премиерот Никола Груевски никаде го нема да зборне на оваа тема, вицепремиерот Владимир Пешевски деновиве ја изненади јавноста кога рече дека продолжуваат преговорите со турски „Шишеџам“ за инвестирање во „Бунарџик“ и дека во првиот квартал в година ќе стартува оваа инвестиција. Пешевски уште спомена и други нови инвестиции, во беровска „Белема“, рестартирање на „Емо“ во Дебар, се очекувале и парите од ТАВ, а ќе имало и некои нови инвестиции што ќе се најавеле во скоро време, кога ќе дошол вистинскиот момент.

Почетокот на одвртувањето на инвестициската спирала ја најави и директорот на Агенцијата за странски инвеститори, Виктор Мизо, кој исто така е оптимист дека инвеститорите ни се пред врата и дека, барем оние со кои преговорите, веќе зеле некој тек. Токму тие ќе дошле наскоро во македонскиот бизнис простор. Одговорните тврдат дека имало интерес кај многу фирми, но сега, во оваа фаза, не можеле да објават кои се тие компании. Нивните имиња ќе биле обелоденети тогаш кога фирмите ќе одлучеле дека е вистински момент за тоа. А ќе биле тоа фирми од автомобилската, електронската, машинската индустрија, за производство на медицинска опрема, композитни материјали, амбалажа... Ако од сите овие сектори дојде и по една фирма, која ќе вложи по десетина милиони евра, ќе бидеме на коњ. Само тогаш, без резерва, ќе станеме реални оптимисти и ќе признаеме дека Македонија е атрактивна земја за странските инвеститори, како што постојано не' убедува Владата.

А, додека не се случи тоа, сакале-нејќеле, мораме да сме песимисти. „Бунарџик“, што требаше од гола ливада да прерасне во зона полна со фабрики, и годинава остана пуста нива. И официјалните податоци за инвестициите повторно поразуваат. Во деветте месеци од годинава се слеале само 111,4 милиони евра директни инвестиции. Според Народна банка на Македонија, од вкупната добивка што ја оствариле, инвеститорите реинвестирале во земјава само 74,3 милиони евра. Во 2008 година биле реинвестирани 223 милиони евра. Додека Македонија забележува малку над 100 милиони евра вложувања од странство, соседните земји, кои, исто така имаа економски проблеми поради кризата, регистрираа за два, три и повеќе пати поголеми инвестиции. Значи, компаниите и понатаму се посигурни кога вложуваат во соседството отколку кај нас. Рамниот данок и сите други поволности и ослободувања очигледно не се доволна мамка. Сепак, членството во ЕУ и во НАТО за странците останува пресудниот фактор во одлуката за инвестирање, а ние сме далеку од нив, што значи инвестициите засега ќе ги сонуваме.


#
Статијата е прочитана 1248 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 18.12.2010 12:33:23
Никако да престанат да кажуват,Не пцојсувај МАГАРЕ до зелена трева.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 18.12.2010 13:15:31
Македонија има инвестиции, колку што има обрт на долари во еден обичен шопинг центар во Сиднеј.
Од: Bond James
Датум: 18.12.2010 22:10:26
Sega neka objasni Nikolco zosto go ponisti tenderot za Cebren i Galiste i zosto 3 meseci posle bankrotot na Lehmans Brother gi isterna RWE i Verbind so 700 odnosno so 550 milioni Evra. Nema mito od Germanci, a kako sto gledame nema air i od Turci.
Од: jovan
Датум: 18.12.2010 23:03:13
Investiciite se veke son, no gledajte da ne postane i drzavava son.
Од: stole
Датум: 18.12.2010 23:49:48
Tomic izgleda slabo slusate. Vicepremierot najavi segde deka ke dadat konecen odgovor vo prvite tri meseci od 2011 a ne deka ke investiraat. Malce si utnala...ama ete...
Од: kakvi stranci be
Датум: 19.12.2010 00:41:27
ne gledate 45% od srednoskolci se gledaat nadvor od zemjava, ne pa nekoj stranec da dojde tuka
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 19.12.2010 06:23:13
A, be kakvi investicii za Makedonija i od kogo? Deneska Albanija e pogolema sigurnos,za investicii,negoli Makedonija! Makedonija deneska e Polinacionalna tvorevina De Fakto Bugar,Srbi[Bugarfofili,Srbomani,Grkomani,Yugovici,Titici,Albanici,Kosovarici,Slavo makedonci i Anticki Makedonci,,Iliridici,a ne De Jure! I samiot Grad Skopje, e edno Golemo Geto. Pa sto misli Makedonija, Investitorite nemaat svoi Geo Politicki.Analiticki Institucii.Tie ivestmen konsultativni institucii ;Naplatuvaat golemi pari na Investitorite,ama i garantiraat za nivnata usluga-Elaborat! Makedonija e uste Trustno podracje za investicii! Na Skalata 9+
Од: cane
Датум: 19.12.2010 12:33:50
A vo Makedonija ima pomalku kompanii otkolku sto ima vo edna potprosecna,mala ulica vo Toronto - Midland
Од: ce ima golemi investicii
Датум: 19.12.2010 14:55:36
Ne se soglasuvam so Bond james deka nemalo air od Turcite. , a i ostanatite komentatori . Pa eve se ga pocnuva golemi investicii od firmite: "SISEDJAM" pa firmata " REZILSRAM'" , a isto taka i golemata korporacija" ASLAKCENEF" Samo vladata neka bide na strek i da se pripremi za secenje na lenti.i frlanje na lopati.
Од: goge
Датум: 19.12.2010 16:52:23
pa od 1993 se ztvorivte se propastivte za da go ukradite a sega so takvi odnesuvanja koj budala be ivestiral kaj vas

Најди! во Утрински
Едиторијал