Што прават денеска
Несрин Таир
актерка
Синоќа на ТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп играв во претставата „Арапска ноќ“ на Турскиот театар од Скопје, па веднаш тргнав за Скопје. Иако вчера имав динамично и возбудливо деноноќие, сепак, денеска станувам рано зашто треба да завршам многу обврски пред патувањето за Истанбул, каде што треба да заминам за една недела.
Борјан Цанев
диригент
Сезоната на концерти е завршена успешно за моја голема радост. Летово што е пред мене планирам најмногу да им го посветам на моите десетмесечни близнаци, кои тукушто проодуваат. Со задоволство ќе им дозволам тие да ми го диригираат летото и сосема сигурно, најмногу ќе вежбаме одење.
Миодраг Нечак-Микс
композитор и продуцент
Се' уште низ Битола се прераскажува изненадувањето што и' го приредивме на гл. уредничка на ТВ Тера за нејзиниот роденден во саботата. Четириесетина нејзини пријатели испееја специјална песна за Љубица Ангелова-Мангова што ја напишав по тој повод. Денеска веќе започнувам да работам на нов проект со староградски песни што ќе биде изведен кон крајот на август на „Битфест“. |