Број 2820  сабота, 25 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Владини седници да не се емитуваат под логото на МРТ

Советот за радиодифузија вчера порача доследно почитување на Законот за радиодифузија, предупредувајќи дека преноси или снимки од владини седници и други програмски содржини кои не се поврзани со работата на Собранието не смеат да се емитуваат под логото на Македонската радио -телевизија (МРТ).

Претседателот на Советот, Зоран Стефаноски, потенцира дека сервисот означен со логото МРТ не постои во Законот за радиодифузна дејност, а програмскиот сервис „собраниски канал“ е исклучиво наменет за емитување на активностите на Собранието кои се од јавен интерес .

„Согласно со член 121 од Законот за радиодифузна дејност и заради остварување на јавниот интерес, МРТ е должна, меѓу другото, да обезбеди програмите што се произведуваат и емитуваат да бидат заштитени од какво и да е влијание на власта, политички организации или центри на економска моќ“, рече Стефаноски. Тој нагласи дека меѓу МРТ и Собранието била склучена спогодба за емитување на други програмски содржини кои не се поврзани со собраниските седници, што е спротивно на одредбите на Законот за радиодифузна дејност.

„Со спогодбата за заедничко користење на мрежата за пренесување на сервисот наменет за активностите на Собранието, склучена меѓу МРТ и Собранието, а за чие постоење дознавме од медиумите, се суспендираат законските одредби“, укажа претседателот на Советот. (А.П.)


Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар

Од: граѓанин-ох
Датум: 25.10.2008 10:25:33
Не знам зошто,ама се си мислам дека на господинот Зоран Стефаноски ова ќе му биде последна изјава како претседател на Советот за Радиодуфузија.Можеби грешам или не,што велите а?
Од: tase
Датум: 25.10.2008 11:49:08
abe komunjari sto e tolku strasno da vidime sto raboti vladata. ili treba da se krie kako vas koga ja rasplakavte Makedonija i ja doteravte do ova deredze kade sto sme sega.
Од: seat zirovnica
Датум: 26.10.2008 02:05:54
ABE tase treba dase raboti ane samo dase reklamirame na svakoja vmorovska televizija kako stoe mktv i zatoa nikoj nema da plati televizija mesto dobra programa dase imituva vo isto vreme na prva ina sobraniski kanal gledas glasot na narodot repriza SRAMOTA samo reklame drugo NISTO treba raboda ne reklama tAse eden narodot nema PARI ni za korka LEP NESE PRAVI BUDALA TASE narodot umira

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Македонци во соседството ги продаваат органите за пари
Доделени наградите на ОН за најдобри новинарски стории
Конго останува на уставното Република Македонија
Не попуштаат ни патријархот Павле ни ВМА
Европратениците разочарани од најавата на Оли Рен за Македонија
Топлото време го одложи Денот на дрвото
Ќе се спасува програмата за бесплатни гинеколошки прегледи