Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Кисинџер се извини за изјава стара 37 години

Зборовите за гасните комори и за Евреите во СССР, наводно, биле извадени од контекст

Вашингтон - Во напис во весникот „Вашингтон пост“, поранешниот американски државен секретар, Хенри Кисинџер, се извини за шокирачката забелешка за Евреите, дадена во 1973 година.

Коментарот на Кисинџер бил даден за време на разговорот со тогашниот претседател, Ричард Никсон, што бил запишан.

Во текот на разговорот Кисинџер рекол: „Емиграцијата на Евреите од Советскиот Сојуз не е цел на американската надворешна политика. Ако ги стават Евреите во гасна комора во Советскиот Сојуз, тоа не е американско прашање. Можеби би било хуманитарно прашање“.

Во написот во „Вашингтон пост“ Кисинџер се извинува за своите зборови.

Спомнувањето гасни комори нема место во која и да било политичка изјава. „Жалам што дадов таков коментар пред 37 години“, вели Кисинџер во статијата.

Обелоденувањето на разговорот меѓу него и Никсон ги шокира групите за заштита на Евреите, затоа што и Кисинџер е Евреин роден во Германија, кој избегал од нацистичкиот режим како дете, а денес се смета за произраелски настроен политичар.

Во извинувањето во „Вашингтон пост“ Кисинџер, меѓутоа, истакнува дека неговите зборови во врска со гасните комори и со Евреите во СССР биле извадени од контекст. (МИА)


#
Статијата е прочитана 838 пати.

Испрати коментар

Од: Salvador Aljende
Датум: 29.12.2010 12:39:09
A, zosto ne se izvini za brutalnoto soboruvanje, potocno ubistvo na pretsedatelot na Cile, Salvador Aljende?

Најди! во Утрински
Свет
Цигани наспроти Роми
Мемоарите на Асанж ќе објаснат се' за „Викиликс“
Веќе 20 години во Црна Гора се преплетуваат криминалот и политиката
Дејвид Милибанд, амбасадор во САД?
Ги зедоа уметничките слики на Санадер
Бомбаш уби 80 лица во Нигерија
Иран обеси шпион на Мосад
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks