|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Бесмислени контрапротести
Гордана Дувњак
По добро испробаниот рецепт „раздели, па владеј“, власта се обидува да ги разбие младинските протести. Не им е доволно што групата млади луѓе, потпомогнати од недоволен број возрасни, полека ја губи кондицијата. Не ги задоволува ни тоа што стануваат се' помалобројни на собирното место и како да немаат идеја како да продолжат натаму. Решиле по секоја цена да вбризгаат отров на сомнеж и да им ја извалкаат чистотата на протестите.
Она што упорно се прави е обид за обезвреднување и за дикредитирање на протестите, давајќи им партиска боја. Се заборава дека политичкото, па дури и партиско ангажирање за одредена легитимна цел, само по себе не е никаков смртен грев. Дека присуството на сите добронамерни луѓе, во кои ќе проработи здравиот разум и чувството за неправда, не само што е очекувано, туку и посакувано. Па, оттаму не смее да се сатанизира. Бидејќи, секој има право слободно да го искаже својот револт и незадоволство поради одредена негативна појава. Не само поединци, припадници на различни здруженија и групации, туку дури и политички партии.
Овде се прави класична замена на тези, со која се изместува тежиштето. Станува побитно, па дури и суштинско кој протестира наместо за што се протестира. Сосема очекувано, ваквата манипулација даде плод, па кутрите млади луѓе сега ја ишкаат мувата и тогаш кога не ги лази. Уплашено и помалку немоќно бараат да бидат ослободени од политички влијанија. Партиите да ги остават намира и да не им ги валкаат протестите. Забораваат дека на ваков начин обесхрабруваат многу луѓе, на кои иако им е местото на протестите, сепак, свесно одлучуваат да не им се придружат и да ги поддржат. Демек, да не им одмогнат на младите и да ги поштедат од непотребни етикетирања. Но, брзо сфаќаат дека оној што сака да оцрни некого, лесно ќе најде причини за тоа и виновници. Дури и ако тие решиле да си останат дома и од балкони да ги следат протестите.
Само во Македонија и на ниедно друго место во светот на легитимни протести се парира со контрапростести. Без јасно искажан став, без конкретни барања и со собирања на погрешно место. Протести заради протести. Најновиот „бисер“ е што група „протестанти“, решила да земе транспаренти в раце и да негодува пред вратите на опозициската СДСМ. Слично како кога „Жртвите на транзицијата“, протестираа затоа што Бранко Црвенковски повторно стана опозициски лидер. Кога квазилозарите се собираа на „Бихаќска“ кога лажните сточари довлечкаа крави или група Роми од Шутка негодуваа поради расипаното млеко на Самка Ибраимовски. Уште некој да ги прашаше што, всушност, бараат?Како мислат дека опозицијата може да им ги реши проблемите кога полугите на власта се во рацете на оние што ја водат државата, а не кај оние што ги изгубиле изборите.
Младите протестанти уште во првите неколку дена испорачаа јавни и јасни барања до оние што ги сметаат за одговорни за бруталното убиство на 22-годишниот Мартин Нешкоски. МВР возврати со потценувачки одговор дека одговорноста е индивидуална и му припаѓа на извршителот- специјалецот „тигар“ Игор Спасев.
Наместо да се користат подмолни методи за дискредитација на протестите, МВР да се насочи на она што се очекува од него за да може да се расветли еден ваков брутален случај. Јавноста уште очекува одговор зошто се молчеше два дена за убиството, кој се обиде да ги скрие убиецот и настанот, кој му издаде усна наредба на специјалецот и, конечно, што треба уште да се случи за министерката за полиција Гордана Јанкулоска конечно да си даде оставка. Како морален чин за она што и' се случува во ресорот. |
#
|
Статијата е прочитана 2508 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 21.06.2011 00:13:49 |
|
Се чини дека сепак целта на контрапротестантите не е само да се оцрнат протестантите, туку и да се предизвикаат инциденти (а со млади луѓе тоа најлесно се прави). После инцидентите и тепачките, повеќе ретко кој ќе се осмели да излезе да протестира. Така функционира македонската варијанта на фашизмот! ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
Од: Krste |
Датум: 21.06.2011 00:43:48 |
|
Odlicen tekst. Brabo za novinarot.Sreken sum sto seuste ima razbrani lugje so cist um i pravednost. vo dusata .
zalam za dezurnite plukaci koi ke se javat po sekoj vakov tekst. Objavuvajte gi. Eden den ke se sramat za toa sto go pishale.isto i nivnite deca ! |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 21.06.2011 01:10:11 |
|
Tocno, izvrteni se tezite. Vednas posle izbori se baraat ostavki od pobednicite, a ne od tie sto zagubile. Besmisleni se protestite..........i na dvete grupi. Vsusnost i devte se vo pravo, duri i koga gresat. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 21.06.2011 01:43:15 |
|
Sustinata e vo toa sto i 1.816.000 gragjani od izbirackiot spisok da izlezat na ulica , NE VREDI! Prasanjata se strucni, profesionalni, institucionalni, se odnesuvaat na nadleznosti, merki, planovi za postapuvanje i deluvanje, raspored na kadri, ovlastuvanja, ingerencii, procenki na sostojbi i rizici...! Prasanjata se i politicki, bidejki funkcioniranjeto na sistemot e takvo prasanje! Prasanjata se i sudski i upravni ! Prasanjata se i opstestveni , bidejki zadiraat vo pravata na civilite! Kolku institucii oficijalni, kolku gragjanski zdruzenija, kolku profesori, eksperti, funkcioneri, sefovi ......a seto toa ne funkcionira!? Naprosto se gordeam sto i profesionalno i politicki, i intelektualno, i kadrovski i kako socijalno bitie, makedonskoto opstestvo odamna na racuna na mene! Inaku, ke trebase i ovoj dopis da ne go pratam , zaradi "kolektivna kolegijalnost vo zamajuvanjeto i sokrivanjeto na nefunkcioniranjeto na sistemot ", kako sto bi trebal da funkcionira! |
|
|
|
|
|
|
Од: reakcija |
Датум: 21.06.2011 07:38:22 |
|
Avtenticna, silna i spontana reakcija na korumpiran, nefunkcionalen, nepraveden i "nenaroden"opstestven sistem ne gubi sila, ne se zbunuva i ne se plasi pocituvana avtorke. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јосиф Давидов |
Датум: 21.06.2011 08:12:39 |
|
Ви се молам оставете ги младите нека си кажат што мислат и што сакаат и не ги делете на протестанти и контрапротестанти, нормално е нокои од групата да имаат и различно мислење но целта колку што гледам на сите протестанти им е иста, а тоа е да се расветли убиството и виновниците да си ја добијаат соодветната казна, негледам каде видовте тука контрапротестанти,младите имаат само една молба овој пат да ги остават нашите политичари сами да си ја истераат правдата, се гледа со нивна таканаречена помош до каде стигнаа и јас ве молам оставетеги и не ги делете на добри и лоши. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 21.06.2011 08:31:33 |
|
Секое спротиставување на власта,се стигматизира како опозициска припадност!Тоа е целта и на овие протести!СДСМ се вдала во одбрана на младиот член на ВМРО,а таа,пак,се дала во одбрана на Убиецот!Всушност,се работи не само за замена на тези,туку за дефокусирање на јавноста од вината на вистинскиот убиец—Врвот на владеачката партија кој е најодговорен,како организатор на прославата!Освен крвникот и полицијата вмешани во убиството и криењето (изместувањето)на доказите за ѕверскиот чин,најодговорни се токму тие кои целиот настан го гледале радосно од бините!Повторно,на тоа место има „безбедносни“камери и јавноста има право да знае што има на снимките и дали тие воопшто функционираат!Поставени ли се заради нашата сигурност,или заради заштита на закрвавената врхушка од побуни против неа?!Ја штитат ли криминогената власт,или безбедноста на граѓанинот-поединец?Контрапротестите со поддршка за убиецот се Соучесништво во Злоделото,заштита за директно вмешаните во егзекуцијата на Мартин! |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek ® |
Датум: 21.06.2011 08:41:04 |
|
Браво за текстот, нема што да се додаде, нема што да се одземе. Се надевам дека читаат оние што треба да го прочитаат и конечно да дејствуваат со излегување на протестите и што поголемо анимирање на јавноста. |
|
|
|
|
|
|
Од: Moris |
Датум: 21.06.2011 08:42:16 |
|
Vlasta prai semi za da gi spasi svoite specijalci. Inaku mrtviot nema da se vrati sto pati pred SDSM i sto pati pred VMRO i 1000 pati pred Majka Tereza da strajkuvaat. I da se dve i da se tri i da se pet grupacii. Nema da se vrati .Ova e vreme na obedinuvanje na nacijata da stanat site vo osud ai odgovornite da se kaznat da se razbie pajazinata vo Specijalnite policiski edinici sokoi rakovodat oficeri izbegani od ARM so nesoodvetno obrazovanie. |
|
|
|
|
|
|
Од: Licemerie |
Датум: 21.06.2011 08:46:04 |
|
G-gjo Duvnjak, so zadovolstvo gi chitam vashite kolumni. Odlichen tekst. Vchera na TV gledav protesti vo Grcija, Shpanija, Germanija i ne slushnav deka tamu imalo KONTRAPROTESTI pred opozicijata. Golema SRAMOTA e za podmladokot na VMRO shto ne zastana vo odbrana na nivniot chlen, vo odbrana na chovekovite prava, vo obrana na moralot, na doblesta, na izgubenite vrednostvi vo ova licemerno opshestvo. Tie mladi lugje shto ZNAAT za shto shtrajkuvaat ne se niknati vo saksii, niv gi rodile majki koi i dobro gi vospitale da go branat toa shto politicharite go RASIPUVAAT. |
|
|
|
|
|
|
Од: ejmi |
Датум: 21.06.2011 08:52:19 |
|
О, боже, кога ке ги видам грците како портестираат, посакувам да сум грк-ова на ништо не личи. Ни еден протест за човечки права не умееме да направиме. Оние кои што зборуваат за гордиот македонец и неговото славно потекло треба да се замислат за чувството на безвредност кое го создаваат (НЕ ЗНАМ ВЕКЕ КОИ) тогаш кога имаме потреба да достоинственоизразиме како колектив изразиме цивилизирани чувства на неслаганје и жал на граѓански начин. |
|
|
|
|
|
|
Од: Caki |
Датум: 21.06.2011 10:02:30 |
|
Vlasta go izvalkala protestot!!Ushte prviot den, koga nesrekjnoto momche beshe Daniel a ubiecot " Alfa",na protestite im se "shlepaa" Georgiev,Gerovski,Frchkovski(!?) i koj vi se molam go "izvalka" protestot!!Po stoti pat:MVR ne se obide da zaboshoti, ima 20 svedoci sluchajot, tuku ednostavno nemaa dovolno informacii!Najmalku eden den ne se znaeshe ni identitetot, nitu imashe rezultati od autopsijata!Kje prestanete li vekje da se "shlepate" na ovaa tragedija!!Najodvratno e ponashanjeto na sorosoidite!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 21.06.2011 10:07:20 |
|
Seto ova e nauceno opd Zionistickite kriminalci koj, kako Liberman najgolemiot fasist, redovno gi posetuvaat i ucat ovie od vmro. Dodeka Makedonskiot narod se osvesti ke bide kasno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Паце |
Датум: 21.06.2011 10:18:33 |
|
Протестите се организирани од ЧОВЕЧКИ побуди, додека контра-протестите од ПАРТИСКИ побуди. |
|
|
|
|
|
|
Од: Гостиварчанец |
Датум: 21.06.2011 10:50:31 |
|
Не паметам дека во некој едиторијал сум прочитал позитивна критика за власта, вероватно е тоа случајност, а не уредувачка политика од неокомунистичка провиниенција... А Вие Г-ѓо Дувњак, што ќе правите со Вашата совест и морал, а посебно со Вашето „пенкало“ доколку во иднина се покаже-утврди дека сегашните „природни и упорни“ протести на младите се инстументализирани од наследниците на КПМ од некрофилско-политички мотиви...? |
|
|
|
|
|
|
Од: tendenciozno, tendenciozno, tendenciozno |
Датум: 21.06.2011 11:01:34 |
|
Ostavete go VMRO-DPMNE. Pozanimavajte si se malku so va[ite od SDSM. Tie izgubija i tie treba da se menuvaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Снежана |
Датум: 21.06.2011 12:09:43 |
|
ДО USA: Ако ти е мерак да живееш во ваква држава , дојди ке се замениме и онака мене ми се повраќа од аваа лакрдија. Ти барем ке можиш да им помагаш да контра протесттантиве ...
Да ти беше гајле за Македонија ке дојдеше тука да животариш, па ке те видев со кој ум ке размислуваш ...
ПОДДРШКА ЗА ПРОТЕСТИТЕ ... ДА НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ НА ФАШИСТИВЕ ... И ОНАКА СИТЕ РЕВОЛУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДУЦИРАНИ ОД МЛАДИ ЛУЃЕ ... И ОВОЈ ПАТ ДА БИДИМЕ ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА |
|
|
|
|
|
|
Од: Ita Franko |
Датум: 21.06.2011 13:13:27 |
|
Bravo Goco za tekstot.
Se uste ostanaa novinari so cist razum i neispran mozok, da ni gi prenesuvaat nastanite i nivnite viduvanja od protestite na mladite.
Do koga li samo ke izdrzite??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 21.06.2011 14:30:32 |
|
Ова пропагандна власт и 100 години да се на власт ке се однесуват како да се опозиција.Што да се прави кога толкав им е капацитетот.И овие кои и ги пракат да бидат против протестите ,иако им се најодбраните од нивните млади редови не се способни да манипулират со јавноста.Мора да имат напишано текстови од централата и неквалитетно со треперливи гласови да ги читат.Незнам мистетр мр Рејтинг што си мислеше кога се женеше.Зарем знаењето не е сила и моч.Со задолжително средно и задолжително високо образование,младите пополека се будат.Нормално е дека неможе вечно да го трпат отровот кој им го вбризгуват против своите неистомисленици.После ке се кае и ке ја применува изреката,рани куче да те лае. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vinci |
Датум: 21.06.2011 14:41:23 |
|
Odlicen tekst,se e kazano.Samo ke go prasam Caki,imas li deca, maloumen li si??Takvite kako tebe so takov mentalen cip, treba da se vo psihijatriska ustanova.Non-stop tropas gluposti i plasiras nevistini i dezinformacii, kako da si dezuren advokat na rezimot.Kakvi sorosoidi, kakvi bakraci, spusti se megu mladite i prasaj gi ako imas troska hrabrost, koi se i sto se???? |
|
|
|
|
|
|
Од: Graganin citatael od Makedonija |
Датум: 21.06.2011 14:54:54 |
|
Bravo za novinarot
Spored izjavive na Ufrleneta grupa na mladite- sto voopsto ne vereuvaat vo ovaa propagandna masinerija na vlasta, SIROTI kontraprotestanti Pa ne znaat ni zo[to kontraprotestiraat Smesno ne znaat da gi kazat svoite baranja - ne uspeale da im gi napisat pod diktatot.Ili neocekuvale takvi prasanja od novinariteKoi se nivnite barawnja
Utrinski da si drzi do svoeto renome .Utrinski ne e vecer i da ne dozvolite da vi go farbaatt
|
|
|
|
|
|
|
Од: PredatorMk |
Датум: 21.06.2011 15:45:05 |
|
Ајванот со сто ника никако да престане и како “отрцана“ грамофонска плоча само вергла едни те исти коментари со седмици, но врвот на неговата ментално пореметена глава му е во денешниот пасус... “најодговорни се токму тие кои целиот настан го гледале радосно од бините“!!!??? Па зарем може ментално здрав човек да помисли такво нешто, а не да напише?! Оди побрзо лечи се кутро човече, ако сеуште има надеж за тебе!? |
|
|
|
|
|
|
Од: perica |
Датум: 21.06.2011 15:50:06 |
|
Ne se besmisleni, tuku se odvratni dno na dnoto , ova ne se odnesuva na jadnite ucesnici tuku pred se na organizatorite.Ne donesoa vo situacija da nema potamu udolu, ova e defintivno kraj.
Najgolema tragedija e toa sto rezmisluvajki i deluvajki takticki i kratkovido go donesoa celoto opstesvoto koja sto so teska maka uspea da producira edna mala iskra nadez vo situacija na totalen mrak.Posledicite ke gi osetat i tie, a bogami i nivnite deca. |
|
|
|
|
|
|
Од: Darko |
Датум: 21.06.2011 18:51:59 |
|
Ne mozam da gi razberam ovie koi vo ovaa prilika go spomenuvaat SDSM. Na plostadot tie sto treba da gi stitat lugjeto UBIJA mlad covek ni kriv ni dolzen. Koj del od ova ne go razbirate. Sto uste treba da se sluci. 2008 pratija ordi na zlo da gi tepaat studentite, sega na ulicite ima masini za ubivanje koi gi stiti drzavata.
Sto se slucuva so normalnite gradjani. Ova ne se slucuva nekade, nekomu i nekogas, tuku sega, na nas i tuka.Denes Martin a utre moze sekomu od nas da mu se sluci nesto vakvo. |
|
|
|
|
|
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Поглед | | |
|
| Анализа | | |
|
| Мислења | | |
|
| Саботни муабети | | |
|
| Повеќекатна Америка
| |
|
|
|