Број 2849  петок, 28 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шестмина кандидати за ЗОИ во Ванкувер

Миодраг Мицковиќ

Најдобрите македонски скијачи во алпски дисциплини Антонио Ристевски, Александар Витанов и Дардан Дехари со настапите на скијачките натпревари во францускиот зимски центар Вал Торенс ја отвораат годинашнава сезона и ја започнуваат трката по ФИС точки за исполнување на нормата за настап на Зимската олимпијада 2010 во Ванкувер. Најдобрите скијачи од Македонија своите подготовки за годинашниве настапи ги почнаа на 1 јули со суви тренинзи, но и на снег во Австрија, Словенија и Русија. Според претседателот на Скијачката федерација на Македонија, Владо Пановски, целата програма за тренажниот процес е исполнета, набавена е и нова комплетна опрема за сите скијачи, алпинци и нордијци. Во овој период скијачите во алпски комбинации беа на подготовки неколку пати во Австрија, нашиот најдобар сноубордист Александар Кацарски е во Русија заедно со натпреварувачите од Словенија, а бијатлонците беа на куси подготовки во Шведска. Сите тие подготовки се насочени кон светските првенства в година, каде ќе се освојуваат ФИС точките за олимписката норма. СП за алпинци е во Вал Д’Изер, за бијатлон и сноуборд во Кореја, а најдобрите македонски нордијци ќе настапат на СП во Чешка.

Веќе се познати и кандидатите од Македонија за ЗОИ во Ванкувер. Во алпските дисциплини тоа се Антонио Ристевски, Александар Витанов и Дардан Дехари, во сноуборд Александар Кацарски, во бијатлон Гоце Илиоски и во нордиско трчање, Дарко Дамјановски.

„Се чувствува голем напредок кај сите скијачи. Сега имаме многу подобри услови. Верувам дека во Ванкувер барем еден скијач од Македонија ќе настапи со А-норма“, ни рече Антонио Ристевски.

Пановски, пак, се надева дека ќе имаме барем четворица во Ванкувер. Федерацијата сама успева да обезбеди околу 80 отсто од потребните средства за нормално функционирање: тренинзи, настапи, патувања, тоа е некаде околу 140.000 евра. Според пресметката недостасуваат уште околу 40.000 евра кои треба да се обезбедат, но засега тоа е проблем. Агенцијата за млади и спорт на сметка на Федерацијата има префрлено 350.000 денари, се очекува помош од другите спонзори.

 


Статијата е прочитана 147 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фени индустри ги растури „шпедитерите“
Катанец им порача на медиумите
Против Словачка на 11 февруари во Скопје
Централниот регистар повторно ќе одлучува за жалбата на Атанас Костовски
Радуловиќ неизвесна за ЕП
Мурињо бесен, Панатинаикос во облаци
Фудбалски вести
Од 2009 година медали наместо поени во Формула 1
Бостон ја оствари 14. победа сезонава
Ер Авелино и Марковски не издржаа во Загреб