Број 3639  понеделник, 25 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Кристина Арнаудова

пејачка

Денеска имам состанок во „Софија трејд“ каде што се работи мојот нов музички материјал, кој планираме да се појави наесен. Голем дел од денот го минувам со син ми Максим, а вечерта е наменета за работа на новите песни за есенскиот албум.

Надица Георгиевска

модна менаџерка

Немам време за адаптирање од релаксираниот охридски викенд. Од 4 часот утринава сум на работа на скопскиот аеродром, па се' до 16 часот. Во летниот период се случуваат вакви смени од 12 часа. Попладне собирам малку одмор, па вечер сме на роденден кај еден драг пријател.

Наум Попески

писател за деца

Денес се вратив од краткиот одмор во родното Вевчани, каде што при секое одење, се навраќам на моето детство. Таму имам најголема инспирација за моето творештво, како и за мојата најнова книга за деца „Летни светни светулке“, на која вечерва ќе и' ја додадам рецензијата што ја напиша Велко Неделковски.


#
Најди! во Утрински

"""