Што прават денеска
Наум Петрески
пејач
Содржината на денешниот ден ми зависи од решавање на некои обврски во текот на претпладнето. Ако успеам се' да завршам во разумно време, тргнувам на пат за Будва, каде што треба да настап во еден ревијален дел на „Будва фест“. Во случај да се одложат обврските, на пат за Црна Гора, секако, заминувам утре.
Ели Танаскова
уредник во МТВ
Прва обврска што треба да ја завршам денеска е во МТВ да го финиширам сценариото за водителскиот дел на Фолк-фест „Валандово“ што започнува вечерва. Потоа одам на фризер и шминкер, па на пат за Валандово. Во 21 ч. го најавувам почетокот и првата полуфинална вечер на фестивалот од сцената на Домот на културата „25 Мај“ и на програмите на МТВ.
Зоран Митрески
лекар
Утрото ми започнува со макијато. Потоа најголемиот дел од денот го минувам во приватната ординација „Остео-про“. Најголем број од моите пациенти се на постара возраст, а токму од нив слушам најразлични приказни, сврзани со нивното лекување. Попладнето го посветувам на семејството. Прошетката низ тетовските улици со сопругата и со синот и наминувањето во некое кафуле вистински ме релаксираат. |