Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

„Вујко“ и „Мама“ потонаа во Ибар

Соња Крамарска

Комисијата за верификација на фактите ги ослободи пратеникот Фазли Велиу и министерот Муса Џафери од сомнежот дека биле кодоши на тајните служби во поранешна Југославија. Тоа го направи елегантно преку заклучокот дека досиејата што ги достави до нив тетовскиот професор Шпенд Љуши се фотокопии и како такви не подлежат на докажување.

Е, ама ако досиејата се фотокопии тоа може да значи и дека постојат некаде оригинали. Односно, дека досиејата се точни, но не се доставени до Комисијата во нивна оригинална верзија. И тогаш која е разликата? Дали одлуката на Комисијата значи дека споменатите функционери на ДУИ не извршувале специјални услуги за тајната југословенска полиција, или дека можеби извршувале, но не стасале до Комисијата оригиналните досиеја, туку нивните фотокопии?

Каква корист има општеството од една таква одлука. Дали таа ги елиминира сите сомневања околу инволвираноста на двете лица во активностите на тајните југословенски служби? Сигурно не! Само ги ослободува од одговорност, но не и од можната вина дека тие навистина биле кодоши.

Тоа не го велиме за да ги навредиме господата Велиу и Џафери, туку да ја истакнеме апсурдноста на завчерашната одлука на Комисијата за верификација на фактите. И да алармираме дека работата на Комисијата од општествено корисна се претвора во општествено штетна. Односно дека целиот процес на лустрацијата заплива во опасни води на недокажани сомневања кои се толку силни што не може ниту десет такви комисии да ги отстранат.

Прво, со гласање на членовите на Комисијата, некои луѓе блиски до власта беа прогласени за некодоши, потоа фатија само еден, според нив, кодош, кој сега ги тужи и, трето, ослободија од вина личности повторно блиски до власта со аргументација што не проаѓа ниту кај мали деца. Државата си дава автогол со таков начин на спроведување на лустрацијата.

Со таков стил на работење на Комисијата за лустрација (читај на државата) не е тешко да се претпостави како ќе заврши бурата околу досието „Ибар“. Можеби одлуката ќе се развлече до 19-20 ноември, до самитот на НАТО во Лисабон? Цинични сме, бидејќи начинот на кој државните институции се справуваат со лустрацијата, најблаго кажано, е вулгарен. Навредлив кон разумот на граѓаните, кои наместо задоцнета лустрација, гледаат евтина сапунска опера со аматерска глума.

Досиејата „Вујко“ и „Мама“ можеа да бидат прогласени за фалсификати. Така сите ќе им поверувавме. Но, лустраторската комисија знае дека во тој случај ќе се јават за збор други институции. Ќе ги бараат фалсификаторите и мотивите. Ќе фрчат тужби. Тоа ќе ја разводни работата, а Комисијата, веќе видовме, сака експресно да си ја заврши мисијата. И со помалку штета за нив.

Многу луѓе претрпеа штета од македонската невешта лустрација. Залепени се етикети, посрамени се цели семејства и политички структури, вознемирени се стотици илјади партиски членови и симпатизери. Со такви дамки врз нивните биографии некои од засегнатите личности ќе зажалат што не беа веднаш лустрирани. Така побргу ќе се залечеа раните. Така побргу и самата држава ќе ја надминеше лустрацијата без лузни и поголеми потреси.

Вистинското прашање што треба да се постави е кој ја спроведува, всушност, лустрацијата во Македонија. Кој ја контролира. Државата изгуби контрола над лустрацијата и ризикува да стане предмет на подбив кај другите држави во регионот. Темата со македонската лустрација веќе станува регионална тема. Реагира Косово, Белград ги начули ушите.

Тоа не може да заврши тукутака. Комисијата за лустрација мора да го одведе процесот до друг епилог, со поголем кредибилитет и авторитет.

Во спротивно, целиот процес ќе заврши како фотокопија. А оригиналите и натаму ќе постојат.


#
Статијата е прочитана 1494 пати.

Испрати коментар

Од: Uko
Датум: 03.11.2010 12:56:00
Da, cumu seto toa. Najdobro fasciklata so tema lustracija da se zatvori. Sto porano tilku podobro. Vprocem sto menuvat tie "fotokopirani dosiea"kaj gragjanite? Kaj tie od makedonska (slovenska) nacionalnost - nisto, se im e poveke ili pomalku jasno i ocekuvano, Kaj tie od albanska nacionalnost- veruvam isto prazno, celta gi opravduva site sredstva, neli. A za samata Makedonija, toa so nisto ne go menuva vkupniot ambient- gubriste na koe, bilo kakvo novo gjubre da frlite so nisto nema da go promenite. Mozno li e da tuka nikne i nekoj cvet, zosto da ne, samo se prasuvam kako ke opstane vo taa sredina. Resenieto e kazano, zakopajte go gubristeto, dajte drugi nivi da orame. zatrupajte go minatoto. Sto podlaboko-tolku podobro!
Од: tihi
Датум: 03.11.2010 14:09:42
Ne mi e jasno zosto ste tolku nestrplivi ,sto li vi gori tolku .Poleka ,se ke si dojde na svoe mesto.Samo bez panika.
Од: јас
Датум: 03.11.2010 18:15:38
Сега засега само фотокопиите излегоа..Како предупредувањена ДУИ да гледа што прави , да си седи мадро во Влада!! Ако случајно му текне да излезе од влада и да го сруши Грујо , ОП и ќе се појават и оргиналите во нечиј двор!!!
Од: Notar
Датум: 03.11.2010 18:20:01
Neka gi zaveri na notar kopiite :-))))
Од: sime
Датум: 03.11.2010 22:21:52
Konstatacija lustracijata loso pocna i toa sekako ne e dobro za vkupnite tokovi vo drzavata zatoa sto e znak na nemok naq instituciite koi se bitni za funkcijata na drrzavata.
Од: zaboraven
Датум: 04.11.2010 08:01:42
sto se zamarate be luge- pred sekoj nastan sto treba da se sluci - ovie politicari pravat sou-- sega ovaa ke bide -- se tresese gorata se rodi glusecot-- za niv treba samo stap-- ama od tie indiskite !!!

Најди! во Утрински
Едиторијал






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis