Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

„Браќа Манаки“ во полн сјај без киносала

Сунчица Уневска

„Браќа Манаки“ го положи својот испит. Ако минатогодишното јубилејно 30. издание, кога по цели осум години се смени директорот на фестивалот, требаше да донесе пресврт и да и' го врати сјајот на оваа филмска манифестација, тогаш годинешното издание требаше да покаже дали до таква промена навистина дојде и дали функционира. Лани фестивалот беше вратен од Скопје во Битола, беа воведени многу новини и донесени голем број гости и, што е најважно, лани публиката се врати на фестивалот, за сето тоа годинава да достигне рекордни бројки. Со оглед на тоа што мандатот на директорот на фестивалот трае две години, тогаш слободно може да се каже дека Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ под водство на Лабина Митевска успеа да го положи испитот на зрелост.

Стотина филма, четиристотини гости, многу публика, многу настани, постојана медиумска покриеност, партнери и спонзори на фестивалот, новини, изненадувања, ексклузивност. Тоа е слика карактеристична и за големите фестивали. Американската актерка Дерил Хана го донесе вкусот на гламурот и еуфоријата на фановите, а легендарните директори на фотографија Вилмош Зигмонд и Роџер Прат привлекоа големо внимание и многу студенти на нивните мастер-класи. Интересирањето за снимателот на култниот и незаборавен филм „Ловец на елени“, Зигмонд, беше толку големо што по барање на публиката се одржа уште една мастер-класа.

Битола годинава беше вистински фестивалски филмски центар. Градот беше преплавен со филмаџии, седумдневната програма беше толку богата и интензивна што немаше воопшто слободен простор, а не изостана и интеракцијата и интересирањето на битолчани, кои беа вклучени и во организацијата, но беа и пасионирани проследувачи. Да се одржуваат секојдневно прес-конференции е тешко и на големите фестивали, каде што, исто така, интересот е најголем за ѕвездите, а камоли на фестивал како што е нашиот. Но, некако, фестивалот се осмели да сонува, се осмели да направи амбициозна програма, да прикажува филмови и на полноќ, да понуди содржини и наутро и, како што се зборуваше во Битола, да живее 24 часа, па сепак, функционираше.

Покрај стожерот, главната програма, „Браќа Манаки“ многу успешно ја воведе и провокативната програма „Нови визии“, а ја продолжи и новововедената Документарна програма. Една значајна и ексклузивна новина од лани е и дека фестивалот влезе на листата заедно со уште седум фестивали на кои се прикажуваат 13 кратки филма, кои се номинирани за наградата на Европската академија. Оваа чест „Браќа Манаки“ ја доби како еден од позначајните европски фестивали. Покрај тоа, од минатата година главната програма се надополни и со натпреварувачка програма на кратки филмови, кои се борат за мала „Златна камера 300“. Идејата беше да се откријат млади креативни и надежни директори на фотографија. Се воведе и нова програма за развој на сценарија „Манаки скрипт-корнер“, а годинава кон неа се приклучи и македонскиот Филмски фонд со конкурс за развој на сценарија исклучиво за македонски автори.

Но, покрај се' позитивно што се случи со фестивалот, и понатаму останува една многу чудна и апсурдна ситуација. Битолскиот филмски фестивал, кој има голема традиција од која се фасцинирани сите, кој е најстариот и еден од трите фестивали во светот посветени на работата на директорите на фотографија, се' уште се одржува во град во кој нема киносала. Целата програма се одвива во огромниот Дом на културата со дури 850 седишта, што е тешко да се наполнат и во Венеција. Се' додека многубројните министри во Владата, кои беа на отворањето, предводени од претседателот Иванов, кој е и покровител на фестивалот, не направат нешто во тој поглед, сепак, не можеме да зборуваме за сериозен фестивал. Бидејќи, на испитот не паднаа организаторите, туку домаќините.


#
Статијата е прочитана 502 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Едиторијал






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU