Што прават денеска
Ева Нединковска
пејачка
По велигденскиот празничен одмор, веќе се зафатив со редовното работно темпо. Всушност, претпладнево имам договорено снимање интервју за една телевизија. Попладне, пак, имам редовни часови со моите ученици. И повторно броиме денови до следниот викенд.
Унџел Емин
хуморист
Гледаноста на хумористичната емисија „Балкан бенд“ постојано е во пораст, а постојано снимаме нови епизоди. Вчера со Ѓокица Лукаревски ги снимивме сонговите за новата епизода, а денес во Градскиот парк ги снимаме скечовите. Едноставно, работиме со полна пареа.
Јасминка Чакар
пијанистка
Пред мене е интензивен ден со бројни обврски. Прво имам часови со студентите, пред да тргнам да завршам некои приватни обврски. Попладне имам проба со Никола Атанасов, со кого утре имаме настап во Салон 19,19, на промоцијата на книгата на Тодор Чаловски. |