Што прават денеска
Милица Шперовиќ-Рибарски
пијанистка
Веќе сериозно сум ангажирана со подготовките за 20. јубилејно издание на фестивалот на класична музика, „Интерфест“, кој традиционално се одржува во октомври во Битола. Во преговори сум со Бугарската филхармонија, кој настојуваме да настапат на отворањето на јубилејното издание на фестивалот. Инаку, во текот на август треба да настапам и на фестивал во Парма за што подготвувам програма.
Ѓокица Лукаревски
актер
Денеска од 11 ч. почнувам со работа на синхронизација на серијата „Бунтовничка“ во Сител. Таа синхронизација навистина трае долго време, па кога ќе завршиме со работа, радосен сум што ќе можам она што преостанува од денешниов ден да им го посветам на оние што ми го разубавуваат денот.
Виолета Томовска
пејачка
Од викендов сум во Галичник и на некој начин ја отворивме летната сезона. Денешниов ден во голем дел е работен, т.е. ја средуваме куќата за семејниот летен престој. Веќе се започнати и подготовките за Галичка свадба, која годинава е на 16 и на 17 јули. Можеби во текот на летото ќе го напуштам Галичник поради некои обврски, но повторно ќе се вратам таму. |