Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма

Кој ја контролира македонската територија?

Александар Серафимоски

Пред еден месец напишав писмо со наслов „Каде е Македонија по 2006 година“ и во него се запрашав зошто високите јарболи со македонски знамиња се застапени во сите градови низ државава, освен во западниот дел, почнувајќи од Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Дебар и Јажинце. Не беше логично на македонска територија да нема национално знаме што го застапува територијалниот интегритет и суверенитет. Но, во последниве две недели најдов индиректен одговор на овој проблем. Во овие две недели македонската јавност е сведок на омаловажување на суверенитетот и интегритет на македонската држава од поединци и организирани групи. Првиот инцидент што ми остави голем впечаток е натпреварот Напредок – Шкендија што се одигра во Кичево. На овој натпревар сите имавме можност да видиме како македонското национално знаме беше симнато од јарболот и на негово место беше поставено националното знаме на Република Албанија. И ова не би било толку лошо доколку ова не беше прволигашки натпревар и на овој натпревар не присуствуваше полицијата. Но, сепак, се случи како што се случи и никој не реагираше, па управата и играчите на Шкендија мораа да ги “замолат“ своите навивачи да им дозволат на овластените лица да го вратат македонското знаме.

Значи, наместо полицијата да преземе мерки против навивачите, тие останаа глувонеми и стаписани и мораа да чекаат некој друг да обезбеди безбедно враќање на македонското знаме. Во секоја сериозна држава ова би било сериозен прекршок, но кај нас не е така. Кај нас сторителите на овој грозоморен чин јавно се правдаа дека знамето било удрено со камен и паднало од силниот ветер, на кое просто не знаеш дали да се смееш или да плачеш. На пример, во Америка знамето отсликува држава што опстојува, а и самото се смета за живо битие, член 8.б од Законик на САД наслов 4 поглавје 1 – знаме), значи, доколку го споредиме овој член со инцидентот во Кичево, Македонија престанува да постои откако е симнато националното знаме на официјален настан. Но, нема само во западните земји вакви закони, ги има и кај нас, но прашањето е кој ги почитува, во Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РМ, член 18, кажува дека „при истакнувањето на знамето не смее да допира до ништо што се наоѓа до или под него“, на натпреварот во Кичево знамето не само што беше симнато од јарболот туку беше и фрлено на земја, што во посериозни држави од нашата се смета за омаловажувачки чин не само на државата туку и на целата нација.

Но како и да е, ние сме мирољубив народ, па полицијата реши мирно да ги гледа деликвентите и криминалците и да си грицка семки. Додека, пак, ФФМ ги казни навивачите со забрана за гостувања. Но, ние, Македонците, ниту се навредивме, ниту протестиравме пред некоја амбасада, ниту, пак, некоја политичка партија го осуди ова зашто се плашат да не ги нарушат меѓуетничките односи или да ги налутат Албанците, зашто може да не осудат како националисти.

Втората случка е одложувањето на натпреварот меѓу Тетекс и Шкендија, кој беше закажан за 30 октомври. На 28 октомври 2010 година ФФМ излезе со официјално соопштение дека натпреварот ќе биде одложен поради неможност на полицијата да гарантира сигурност. Јас како млад граѓанин на оваа држава сум вчудовиден и изненаден од овој потег и се прашувам во која нормална држава што претендира за членство во ЕУ и во НАТО полицијата не може да гарантира сигурност на сопствена територија? Па нели ние ги плаќаме за да го одржуваат јавниот ред и мир?

Кога требаше да ги апсат докторите и контролорите по патарините, можеше да обезбедат доволно луѓе, но кога е во прашање натпревар од Првата македонска лига, на кој би требало да има максимум 4.000 гледачи, полицијата не може да гарантира сигурност. Не знам дали сум само јас загрижен за безбедносната состојба во Македонија или е и некој друг. Што ако,на пример,ни се повтори 2001 година, д��ли и тогаш полицијата ќе излезе со соопштение дека не се спремни и ќе ги замоли „борците за човекови права“ да го одложат нивниот бунт за 2-3 дена.

Дали невозможноста на полицијата за обезбедување сигурност во саботата значи дека жителите на Тетово на овој ден да бидат загрижени за својата безбедност и да не ги напуштаат своите домови зашто, сепак, на овој ден никој не може да ни гарантира сигурност и безбедност. Овие два настана се доволен доказ зошто Македонија ниту ќе привлече инвеститори ниту, пак, спонзори за македонскиот фудбал, ниту, пак, ќе влезе во НАТО и во ЕУ во блиска иднина. Се' додека службените лица се „исплашени“ од локалните шерифи, ќе бидеме понижувани и потиснувани од нашите огништа. Значи, од ова може да видиме зошто нема знамиња во западниот дел - нема кој да ги чува и може да „дувне“ силен ветер и тие да паднат.


#
Статијата е прочитана 1454 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 01.11.2010 12:24:15
Сашко, и тебе ќе ти најдат марихуана у двор....многу збориш :)
Од: Alfred Dojcland
Датум: 01.11.2010 12:48:25
Ajde Gruevski,ako si maz naredi istaknuvanje na Makedonskoto drzavno zname vo spomenatite gradovi vo severozapadna MK :-))
Од: jovan
Датум: 01.11.2010 12:52:42
Ubavo prasanje vo naslovot. Navistina prasanje e koj ja kontrolira drzavava. Se poocigledno e deka bezbednosni strukturi vo prav smisol na zborot izgleda nemamae. Najverojatno i tie sluzbi koj gi imame se sostaveni od platenasi, agenti, kodosi i luge koj rabotat po nalog i vo interes na odredeni grupacii. Najneisplatlivo izgleda e da rabotis za drzavata. Ova mora da se promeni.
Од: ramadan
Датум: 01.11.2010 13:38:48
do avtorot. Od napisot konstatirav deka ova go pisuva mald covek,koj se nadevam deka planira da zivee na ovaa teritorija.Argumentite sto gi naveduvas se navistina tocni i nemaat prostor za bilo kakvo "sminkanje" od onie koi sekojdnevno ni solat pamet za sozivot.No i Ti mlad coveku samo konstatiras nesto sto se slucilo,so najava deka toa e vece sostaven del na naseto sekojdnevie.Prasuvas dali ovaa teritorija e omedjena so linija koja se vika granica.Odgovorot e NE. Prasuvas dali vo ovaa teritorija postojat propisi,zakoni,uredbi i drugi pravni odredbi.Odgovorot e NE. Prasuvas dali na ovaa teritoria ima sluzbeni lica koi ne se plasat od iredentistite,odgovorot e NE.Moze da postavis uste 1000 prasanja,mojot odgovor ce bide,NE. E sega jas ce Ti postavam samo dve prasanja.Prvo,kade bese 2001 godina i Vtoro,dali smetas deka ovaa teritorija navistina ima obelezje na Drzava?.
Од: Професорка
Датум: 01.11.2010 13:48:15
А сте виделе некогаш државно знаме пред партискиот штаб на коалицискиот партнер ДУИ? Дали некој некогаш му кажал во која држава владее? Што има тој со американското знаме и знамето на ЕУ? Ништо. А со нашето има се: моќ, пари, позиции, шофери, коли, тендери....
Од: Cacko
Датум: 01.11.2010 13:54:02
Gospodine Serafimovski treba najnapred da se zaprasate dali postoi drzava,pa posle sleduvaat ostanatite prasanja,ot tipot koj ja kontrolira taa drzava.No mislam deka vistinskoto prasanje treba da glasi vaka.Koj ja kontrolira kosovskata pokraina Ilirida,koja ete samo radi sozivot albancite ja vikaat "zapadna Makedonija".

Најди! во Утрински
Писма






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia