Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија
Работниците и газдите согласни за платите

Атина - Синдикатите на грчките работници и работодавците потпишаа спогодба за замрзнување на платите во текот на оваа година и за нивно зголемување во согласност со инфлацијата во еврозоната во 2011 и 2012 година.

Спогодбата меѓу Општата конфедерација на трудот (ГСЕЕ) и Сојузот на грчките индустријалци (СЕВ) се однесува на сите вработени во приватниот сектор во Грција, односно на околу два милиона лица.

Првото зголемување на платите, за кое се прогнозира дека ќе изнесува 1,5 процент, ќе биде направено во јули 2011 година, а второто во јули 2012 година.

Во согласност со условите содржани во пакетот, договорен со ЕУ и со ММФ, кој предвидува отпуштање на кредити за Грција во вредност од 110 милијарди евра за период од три години, минималните плати во приватниот сектор треба се задржат на стабилно ниво во следните три години. (Ек.Р.)

#
Статијата е прочитана 922 пати.

Испрати коментар

Од: osverver
Датум: 16.07.2010 00:43:39
Pri vakvi vesti bi trebalo vo naslvot da se navede za koja zemja stanuva zbor. Ova e specijalno neophodnio za internet izdanieto...zosto da klikam ako ne sum zaintersran za Italija, Grcija... Utrinski a i drugi vesnici mnogu cesto ja izostavuvaat zemjata vo naslovot shto e mnogu povrsno i neprofesionalno. Se nadevam deka ke ja prifatite ovaa dobronamena kritika.

Најди! во Утрински
Економија
Власта не отстапува од уцена на фирмите
Народот навистина навали на стари коли
Мнозинството даде „пас“ за ребалансот
Бугарите не' сакаат за „Белене“, ние не сме размислувале
Банките мора да објавуваат информации од судските спорови
Владата доби поддршка за кастрењата