Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ОКСАНА ГРИГОРИЕВА

Мел Гибсон ме малтретираше!

Само еден ден откако Мел Гибсон побарал судска забрана за приближување за бившата девојка Оксана Григориева, фаталната Русинка го направила истото тоа, со тврдењата дека актерот ја малтретирал и ја тепал. Исто така, Оксана ги демантирала тврдењата на Гибсон дека од него сака само пари, зашто, како што вели за лондонскиот „Меил од сандеј“, никогаш не и' дал ниту паричка.

„Живеам со помош на кредитни картички и зајмени пари. Се наоѓам во ни малку завидна ситуација“, тврди Русинката, која со холивудскиот актер има седуммесечна ќерка. „Не ми дал ни пара. Апсолутно ништо, а покрај тоа, раскажува лаги за мене. Сакав да бидам достоинствена и да ја задржам почитта кон таткото на моето дете, но ова што го прави тој е многу сурово“, вели Оксана.

Освен што не и' дал никогаш пари, Гибсон својата бивша девојка, наводно, и ја тепал. Целата работа ескалирала во јануари годинава, кога брутално ја претепал. Иако таа останала со него во врска се' до крајот на април, сег�� тврди дека му го простила малтретирањето, само затоа што ветил дека ќе се смени и ќе побара помош. Бидејќи не дошло до тоа, двојката се разделила, а сега еден на друг си бараат забрана за приближување.


#
Статијата е прочитана 1457 пати.

Испрати коментар

Од: tanev ilija
Датум: 28.06.2010 10:14:12
dali da poveruvam na seto toa sto e kazano ?no sepak ima vistina ,kade sto ima cad ima i ogan veli edna indijanska pogovorka .daj im pari i resi si go problemot ludi makse.

Најди! во Утрински
Забава
Свадба од соништата во Ватикан