Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Мена Сувари

Свадба од соништата во Ватикан

Слатката убавица од филмот „Американска убавина“, Мена Сувари, се омажи за долгогодишното момче, Италијанецот Симоне Сестито, кој е шест години помлад од неа. За убавата актерка и нејзиниот новопечен сопруг, венчавката била како од соништата. Имено, свадбената свеченост се одржала во романтичниот Рим, додека црковниот дел се одржал во приватна црква во Ватикан.

„Церемонијата беше навистина посебна, а Мена им го одземаше здивот на сите присутни со својот изглед. Двајцата изгледаа многу вљубено додека ги изговараа заветите“, раскажал еден од гостите за магазинот „Пипл“.

Новопечените сопружници се запознаа на Филмскиот фестивал во Торонто, во 2008 година, а само по една година ја објавија свршувачката. Мена веќе била во брак со германскиот филмски снимател Роберт Бринкман, кој од неа беше постар дури 18 години. Пет години подоцна, поради „непомирливи разлики“, парот одлучил да се разведе во мај 2005 година.


#
Статијата е прочитана 2115 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 28.06.2010 13:14:21
Znae zenska sto e podobro...18 godini postar poln pari ili pomlad 6 godini..ama parite od stariot .zasigurno....!!!

Најди! во Утрински
Забава
Мел Гибсон ме малтретираше!