Што прават денеска 
 Нино Величковски 
  пејач 
Интензивни се подготовките за 7. Тамбурашки фестивал, што ќе се одржува на 26 и 27 август во Куманово. Гостин на првата вечер е Крунослав Киќо Слабинац, а на втората - групата „Гарави сокак“. Во рамките на фестивалот ќе се одржи семинар за раководители на тамбурашки оркестри, во организација Фондација за култура и спорт на Куманово и Европскиот тамбурашки сојуз. 
 Васка Леонтиќ 
  стилист 
Дел од денот ми е наменет за часови со учениците на летната школа на академијата „Леонтиќ“. Потоа имам неколку состаноци и интервјуа со родителите на идните ученици. Секако, морам да најдам и време за термините со редовните клиенти и на крај од денот се надевам на релаксирано кафе-дружење 
 Влатко Илиевски 
  пејач 
Не сум во Скопје. На тајна локација сум, каде што можам да се одморам и да и' се посветам на инспирацијата. Наутро редовно трчам, попладне играм тенис, а во меѓувреме без притисок работам на неколку песни. Максимално настојувам да уживам во изолацијата.  |