Луксузна стока во чкарт бутик
Шверцувани парчиња од познатите светски марки „Бос“, „Армани“, „Кавали“, „Долче и Габана“, „Франко Фере“ и други се запленети при претрес во куќа во скопската населба Бутел. Акцијата на царинските инспектори траела неколку месеци, при што биле следени двајца скопјани, кои го држеле импровизираниот бутик. Тие продавале луксузни машки костуми, кошули, фармерки, панталони, фустани, кожени јакни, капути... Бил пронајден и тефтер, со имиња на купувачите. Царината против Ј.С. и Д.Д.С. најави пријава. (Г.А.) |